ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/10 стр. 9-11
  • Зависност од дрога — постои решение!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зависност од дрога — постои решение!
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Некои успеваат
  • Зошто човечките напори се безуспешни
  • Кое е Божјето решение?
  • Дроги — зошто луѓето ги користат?
    Разбудете се! 2001
  • Дроги — кој ги користи?
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2001
g01 8/10 стр. 9-11

Зависност од дрога — постои решение!

„ОГРОМНО количество кокаин пронајдено во шишиња вино.“ Во новинската статија што следела под тој ударен наслов било објаснето како полицијата во Јоханесбург (Јужна АФрика) запленила бродски контејнер со 11.600 шишиња јужноамериканско вино. Во виното биле измешани 150 до 180 килограми кокаин. Се верува дека ова е најголемото количество кокаин што досега влегло во оваа земја.

Иако ваквите откритија звучат охрабрувачки, факт е дека полицијата запленува само 10 до 15 проценти од нелегалната дрога во светот. За жал, ова е исто како еден градинар да искастри неколку листа штетен плевел, а да ги остави корењата в земја.

Огромниот профит што се добива од дрогата ги отежнува владините напори да се контролира нејзиното производство и продажба. Се проценува дека само во Соединетите Држави годишната нелегална трговија со дрога изнесува повеќе милијарди долари. Бидејќи станува збор за толку многу пари, не изненадува тоа што полицијата и владините службеници, па дури и оние што се на високи положби, се подложни на корупција.

Алекс Белос од весникот The Guardian Weekly известил од Бразил дека, според една истрага спроведена во парламентот, „тројца конгресмени, 12 државни пратеници и тројца градоначалници биле наведени . . . на списокот на повеќе од 800 луѓе што наводно биле вмешани во организиран криминал и шверц со дрога во Бразил“. На списокот имало и „полицајци, адвокати, бизнисмени и земјоделци од 17 од вкупно 27 држави“. Во врска со овие откритија, еден професор по политички науки на универзитетот во Бразилија рекол: „Ова е тешко обвинение на сите сегменти на бразилското општество“. Истото може да се рече и за многу општества каде што дрогата има силен стисок. Пазарните закони за понуда и побарувачка го засилуваат овој проблем.

Со оглед на ограничениот успех на законските рестрикции, некои се застапуваат за легализирање на извесни дроги. Основната замисла е дека на поединци треба да им биде дозволено да поседуваат мали количества за лична употреба. Се смета дека ова ќе ја олесни владината контрола и ќе го намали огромниот профит што го печалат магнатите на дрогата.

Некои успеваат

Со детоксификацијата, зависниците прво се одвикнуваат од дрогата а потоа се подобрува нивното физичко здравје. За жал, штом зависникот се врати во својата вообичаена средина, постојат шанси да биде доведен во искушение да ѝ се врати на дрогата. Писателот Луиџи Зоја кажува која е причината за ова: „Невозможно е само да се елиминира некое однесување без да се пренасочи пациентот кон една сосема нова димензија“.

Дарен, спомнат во претходната статија, открил една „нова димензија“ што го променила неговиот живот. Тој објаснува: „Јас бев закоравен атеист, но со текот на времето, иако бев дрогиран од утро до мрак, сфатив дека мора да постои Бог. Во период од два или три месеци се обидов да се ослободам од дрогата, но моите пријатели не ми дозволуваа да ги одбијам. Иако сѐ уште земав дрога, почнав редовно да ја читам Библијата пред да си легнам. Поретко се дружев со моите пријатели. Една вечер мојот цимер и јас бевме страшно дрогирани. Му ја спомнав Библијата. Следното утро тој му телефонираше на својот брат, кој е Јеховин сведок. Тој нѐ испрати кај еден Сведок во истиот град во кој живеевме, и јас појдов кај него.

Разговаравме до 23.00 часот и си заминав со еден куп публикации за проучување на Библијата. Тој почна да ја проучува Библијата со мене и јас престанав да земам дрога и да пушам. Некаде по девет месеци се крстив како Јеховин сведок“.

Не е лесно да се прекине да се зема дрога. Мајкл, спомнат во претходната статија, открива со какви тешкотии се соочил кога престанал да зема дрога откако бил зависник 11 години: „Ми беше многу тешко да јадам и затоа ослабев. Исто така, имав чувство како да имам забодено игли по телото, се потев и гледав ореоли околу луѓето. Чувствував огромна желба да ѝ се вратам на дрогата, но приближувањето кон Јехова во молитва и проучувањето на Библијата ми помогна да останам чист“. Овие поранешни зависници од дрога се согласуваат дека било неопходно сосема да прекинат со своето поранешно друштво.

Зошто човечките напори се безуспешни

Недозволената употреба на дрогата е само една фасета од еден уште поголем глобален проблем. Едно сѐ поголемо влијание на зло, насилство и суровост се шири низ целиот свет. Библијата вели: „Целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19). Тој ‚злобен‘ го разоткрил апостол Јован во Откровение 12:9: „И беше исфрлен долу големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој ја заведува целата населена земја; беше исфрлен долу на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него“.

Освен борбата со сопствените слабости, човекот мора да се бори и со овој силен непријател. Сатана е тој што го предизвикал падот на човештвото уште на самиот почеток. Тој е решен да го доведе човештвото до уште поголема пропаст и да го одврати од Бог. Изгледа дека тоа што луѓето користат дрога е дел од неговата стратегија. Тој дејствува со голем гнев затоа што знае дека „има кратко време“ (Откровение 12:12).

Кое е Божјето решение?

Библијата ја открива љубезната подготовка на Творецот да го откупи човештвото од неговата грешна состојба. Во 1. Коринќаните 15:22 ни е речено: „Како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе оживеат“. Исус спремно дошол на Земјата како совршен човек и го жртвувал својот земен живот за да го искупи човештвото од последиците на гревот и смртта.

Спознанието за причината за смртта и за решението на проблемите на човекот им дало на мнозина мотивација и храброст да се ослободат од зависноста од дрога. Но, Библијата прави повеќе отколку само да ни помогне секој од нас да се справи со проблемот со дрогата во денешно време. Таа зборува за времето откако ќе престане влијанието на Сатана, кога сите проблеми во светот, вклучувајќи ја и употребата на дрога, трајно ќе се решат.

Книгата Откровение опишува една „река со вода на животот, бистра како кристал, како истекува од престолот на Бог и на Јагнето“ (Откровение 22:1). Оваа симболична река ја претставува Божјата подготовка преку Исус Христос да му го врати совршениот живот на човекот на една рајска земја. Откровение опишува дрвја на животот што цветаат долж реката и наведува: „Лисјата на дрвјата беа за лекување на нациите“ (Откровение 22:2). Овие симболични лисја ги претставуваат Јеховините подготовки за лекување за човештвото да се врати во духовно и физичко совршенство.

Конечно, човекот ќе биде ослободен, но не само од зависноста од дрога туку и од сите други болести и проблеми што го измачуваат во овој деградиран систем!

[Рамка/слика на страница 9]

Колку е безопасна марихуаната?

Неколку земји размислуваат да ја легализираат марихуаната, главно за да се користи во медицината. Се открило дека оваа дрога го намалува гадењето предизвикано од хемиотерапијата и изгледа дека им помага на заболените од СИДА да го совладаат губењето на апетитот. Се користи и како аналгетик.

Иако постои несогласување во врска со резултатите од откритијата при истражувањето, тестовите за кои се известува во списанието New Scientist установија некои штетни последици од марихуаната.

Едно тестирање на Универзитетот Харвард спореди група што секојдневно пуши марихуана со група што користи марихуана поретко. На стандардните тестови за менталната состојба не се видела некоја голема разлика. Меѓутоа, на тестот за адаптабилност, тешките корисници на марихуана покажале многу полоши резултати.

На еден друг универзитет беше тестирана група редовни пушачи на марихуана и група пушачи на обични цигари, во период од 15 години. Оние што пушеле марихуана обично земале три до четири цигари на ден, додека оние што пушеле обични цигари земале 20 или повеќе цигари на ден. Еднаков број лица од двете групи страдале од кашлање и бронхитис. Прегледот на белите дробови открил слично оштетување на клетките и кај едната и кај другата група.

Иако оние што пушеле марихуана го правеле тоа многу поретко, откриено е дека една единствена цигара марихуана ослободува три пати повеќе катран од една обична цигара. Исто така, New Scientist извести: „Оние што пушат марихуана вдишуваат подлабоко и подолго го задржуваат димот“.

Освен тоа, откриено е дека имунолошките клетки на белите дробови кај оние што пушат марихуана имаат 35 проценти помала способност да се борат со бактериите отколку клетките кај оние што пушат цигари.

[Извор на слика]

Фотографија на морнарицата на САД

[Рамка на страница 11]

„Болно обвинение“ на родителите

Уводната статија во јужноафриканскиот весник Saturday Star изрази загриженост за алармантниот пораст на злоупотреба на дрога меѓу младите во Јужна Африка и го даде следниов коментар:

„Тоа што нашите деца земаат дрога честопати е болно обвинение на нас родителите и на општеството во целина. Постојано трчаме по пари, обожавајќи во храмот на материјалниот успех. Нашите деца го бараат нашиот ум, нашата енергија. Квалитетно време? Лесно е да им дадеме пари за да ги тргнеме од врат. Тоа е полесно отколку да ги слушаме — кога зборуваат за своите стравови, надежи и проблеми. Вечерва, додека седиме во ресторан или сме опуштени пред телевизорот, дали барем ќе знаеме што прават тие?“

Или, би можеле да додадеме, за што размислуваат тие?

[Слика на страница 10]

Мнозина биле мотивирани да се ослободат од зависноста од дрога

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели