ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/12 стр. 3-4
  • Загрозена генерација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Загрозена генерација
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Страшни последици
  • Безгрижен живот?
  • Да се откријат корените
    Разбудете се! 2001
  • Да се препознаат знаците
    Разбудете се! 2001
  • Како можете да помогнете
    Разбудете се! 2001
  • Депресија кај тинејџерите — што може да помогне?
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/12 стр. 3-4

Загрозена генерација

„Пред два месеца бев среќен и активен. Сега, секогаш кога ќе ми се укаже прилика да направам нешто, премногу сум уморен. Несреќен сум и брзо избувнувам, не знам како можат другите да ме поднесат. Не можам да кажам зошто наеднаш почнав да се чувствувам толку лошо“ (Пол).

„Многу плачам и чувствувам голема внатрешна болка. Кога не чувствувам болка, едноставно имам чувство како да сум мртва. Ништо не ме радува. Повеќе не сакам да бидам со моите пријатели. Многу спијам. Повеќето денови не можам да станам за да појдам на училиште и почнав да добивам послаби оценки“ (Мелани).

ПОЛ и Мелани не се единствените. Истражувањата покажуваат дека приближно 8 проценти од адолесцентите во Соединетите Држави страдаат од некој облик на депресија и дека секоја година околу 4 проценти запаѓаат во длабока депресија. Но, овие статистики не кажуваат сѐ, бидејќи депресијата е честопати погрешно дијагнозирана или, пак, е сосема превидена. „Всушност“, пишува психологот за адолесценти Дејвид Џ. Фаслер, „по разгледувањето на истражувањето спроведено меѓу деца и тинејџери, мислам дека повеќе од секој четврти младинец ќе доживее тешка депресивна епизода до својата осумнаесетта година.“

Страшни последици

Депресијата остава страшни последици врз тинејџерите. Всушност, експертите веруваат дека таа игра значајна улога во нарушувањата во исхраната, психосоматските болести, проблемите на училиште и случаите на злоупотреба на супстанции кај адолесцентите.

Што е уште потрагично, депресијата е поврзана со самоубиствата кај тинејџерите. Според Американскиот државен институт за ментално здравје, 7 проценти од младите што се во длабока депресија си го одземаат животот.a Дури и ова не го открива целосниот обем на проблемот, бидејќи се верува дека на секој младинец што ќе си го одземе животот, уште многу други се обидуваат да го сторат тоа. Затоа, еден извештај на Советот Карнеги, кој се занимава со развој на адолесцентите, со добра причина наведува: „Површното постапување со проблемите на адолесцентите денес значи да се бара неволја. Ваквата немарност навистина создава една загрозена генерација“.

Безгрижен живот?

На некои им е тешко да поверуваат дека тинејџерите можат да бидат во депресија. ‚Тие се само деца‘, можеби ќе речат возрасните. ‚Водат безгрижен живот и сигурно ги немаат грижите на возрасните.‘ Но, дали е така? Факт е дека адолесцентите се соочуваат со притисоци што се далеку поголеми отколку што мислат многу возрасни. Д-р Даниел Гоулмен наведува: „Од почетокот на [20] век, секоја следна генерација во светот, за разлика од своите родители, живее со поголем ризик во текот на својот живот да доживее тешка депресија — не само тага, туку парализирачка апатичност, потиштеност и самосожалување, огромна безнадежност. Овие епизоди започнуваат на сѐ порана возраст“.

Сепак, многу родители можеби ќе приговорат: ‚Ние ја преживеавме адолесценцијата без да западнеме во депресија. Зошто нашето дете е преплавено со негативни чувства?‘ Но, возрасните не треба да го споредуваат своето искуство во адолесценцијата со искуството на младите денес. Освен тоа, личностите се разликуваат по начинот на кој го гледаат светот околу себе и по начинот на кој реагираат на него.

Покрај тоа, денешните тинејџери се соочуваат со уште еден предизвик. „Тие растат во свет кој е сосема поинаков од светот што постоел кога нивните родители биле млади“, пишува д-р Кетлин Мекој во својата книга Understanding Your Teenager’s Depression (Разберете ја депресијата на Вашиот тинејџер). Откако цитира неколку значајни промени што се случиле во последниве децении, д-р Мекој заклучува: „Денес тинејџерите се чувствуваат помалку безбедни, понедостојни и побезнадежни отколку што се чувствувавме ние од претходната генерација“.

Со оглед на раширеноста на депресијата кај тинејџерите, следните статии ќе ги обработат овие три прашања:

• Кои се некои симптоми на депресија кај тинејџерот?

• Што е причина за таквата состојба?

• Како може да им се помогне на депримираните тинејџери?

[Фуснота]

a Некои експерти веруваат дека вистинската цифра е многу повисока, бидејќи извесен број смртни случаи што се прогласени за несреќен случај, можеби биле самоубиства.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели