ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/11 стр. 8-11
  • Да учиме од христијаните од првиот век

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да учиме од христијаните од првиот век
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се живее „според Христос“
  • Одвоени од светот
  • ‚Повеќе да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето‘
  • Лекција што можеме да ја научиме
  • Прекрасна иднина
  • „Тие не се дел од светот“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • ,Тие не се дел од светот‘
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Наскоро свет без војна
    Разбудете се! 1996
  • Дали религијата некогаш ќе донесе мир?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/11 стр. 8-11

Да учиме од христијаните од првиот век

„Пазете, некој да не ве одведе како свој плен со помош на филозофијата и со празна измама според човечката традиција, според елементарните работи на светот, а не според Христос“ (Колошаните 2:8).

НА ОВОЈ начин апостол Павле ги опоменал христијаните од првиот век на опасностите од слепото следење на човечката филозофија. Тие можеле или да се држат за сигурното водство што го давале Исус и неговите апостоли, учењата што веќе им донеле огромни користи, или да станат жртва на променливите човечки теории, правец што веќе им нанел болка и беда на милиони луѓе (1. Коринќаните 1:19—21; 3:18—20).

Да се живее „според Христос“

Крстоносците од пред илјада години не сфатиле дека да се живее „според Христос“ значи многу повеќе отколку само да се исповеда приврзаност кон Исус Христос (Матеј 7:21—23). Тоа значи да се живее во потполн склад со учењата на Исус што се наоѓаат во Божјата инспирирана реч, Библијата (Матеј 7:15—20; Јован 17:17). „Ако останете во мојата реч“, рекол Исус Христос, „навистина сте мои ученици“ (Јован 8:31). „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици“, рекол тој, „ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35).

Всушност, тие крстоносци станале жртви на „празна измама според човечката традиција“. И не е чудо што обичниот народ бил измамен, кога нивните верски водачи, самите нивни бискупи, „станале познати како воини“. „Воинствениот дух станал толку вообичаен меѓу свештениците“, вели Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature од Меклинток и Стронг, „што кога можело да се добие нешто [на тој начин], секогаш биле спремни на војна“.

Што довело до оваа тажна ситуација? По смртта на христијанските апостоли од првиот век, отпадничките црковни водачи сѐ повеќе отстапувале од Христовите учења, токму онака како што прорекла Божјата реч (Дела 20:29, 30). На крајот, корумпираната црква станала сѐ повмешана во световната држава. Во четвртиот век, римскиот император Константин наводно се преобратил во христијанството на својата смртна постела. Потоа, вели Cyclopedia, „заменувањето на идолските симболи со знамето на Крстот му наметнувало на секој христијанин обврска да служи како војник“.

Се разбира, христијаните, всушност, немале таква обврска. Но, ‚убедливите аргументи‘ на човечката филозофија ги навеле на големи прекршувања на сѐ што кажувал Христос (Колошаните 2:4). Некои многу заводливи аргументи долго време се користеле за да се оправдаат човечките војни и конфликти. Но, всушност, тоа што еден човек или побожна личност ќе се вмеша во „ѓаволството на војната, што систематски се практикувало во древно или денешно време“, вели Cyclopedia, „ни за момент не може да се усогласи со . . . принципите на христијанството“.

И религиите надвор од христијанскиот свет исто така се служеле со војна низ вековите. Исто како црквите на христијанскиот свет, тие погубувале членови на својата сопствена религија, како и други, поради национални, политички и религиозни разлики. Користеле насилство или се заканувале со насилство за да ги преобратат другите на своите верувања. Во обидот да ги постигнат своите цели, некои од нив учествувале во крвопролевањата во историјата. Тие не се поинакви од религиите на христијанскиот свет.

Одвоени од светот

Зошто христијаните од првиот век успеале да стојат настрана од крвавите војни и политиката во нивното време? Им помогнале две основни начела. Прво, тука била заповедта на Исус до апостол Петар кога Петар употребил меч за да го одбрани: „Врати го својот меч на неговото место, зашто сите кои се фаќаат за меч, од меч и ќе погинат“ (Матеј 26:52). Второ, зборовите на Исус до Пилат кога Пилат прашал за природата на Исусовото царување: „Моето царство не е дел од овој свет. Ако беше моето царство дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа за да не им бидам предаден на Евреите. Но моето царство не е одовде“ (Јован 18:36).

Како ги примениле овие начела христијаните од првиот век? Се држеле сосема одвоени од светот, одржувајќи строга неутралност кога станувало збор за политички и воени работи (Јован 15:17—19; 17:14—16; Јаков 4:4). Одбивале да земат оружје против својот ближен. Од историјата е јасно дека христијаните од првиот век не им се придружиле ниту на еврејските националистички движења ниту на царските сили на Рим. Во исто време, тие не се обидувале да им кажуваат на политичките водачи што да прават, бидејќи тоа било одговорност на тие водачи на власта (Галатите 6:5).

Јустинијан Маченик, во вториот век н.е., напишал за христијаните дека ‚ги прековале своите мечеви во плугови‘ (Михеј 4:3, NW). Како одговор на оние што имале приговори на положбата на христијаните, Тертулијан прашал: „Ќе се смета ли законски да се употреби меч, кога Господ објавува дека оној што го користи мечот ќе загине од меч?“

‚Повеќе да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето‘

На раните христијани не им било лесно поради тоа што одбивале да одат во војна. Тоа било против прифатените верувања од тоа време. Целзус, непријател на христијанството, се исмевал на нивниот став. Тој верувал дека секој треба да оди во војна кога тоа го бараат оние што се на власт. И покрај големото непријателство, раните христијани одбивале да следат која и да е човечка филозофија што била во судир со учењата на Христос. „Повеќе мораме да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето“ (Дела 4:19; 5:29).

Јеховините сведоци во денешно време го следат нивниот пример. На пример, во нацистичка Германија тие одлучно одбиле да бидат вмешани во крвожедните војни на Хитлер. Тие биле спремни да истрпат жестоко прогонство, ако е потребно дури и да умрат, наместо да ја повредат својата христијанска неутралност. Се известува дека „една половина од нив биле ставени в затвор а една четвртина биле погубени“ од нацистите затоа што се придржувале за библиските начела (Of Gods and Men — За боговите и за луѓето). Така, од десетиците милиони што биле убиени во II светска војна, никој не бил убиен од Јеховин сведок. Наместо да ги убиваат другите, Сведоците биле спремни да ги жртвуваат сопствените животи, како што направиле многу од нив.

Лекција што можеме да ја научиме

Кои лекции може да ни ги даде историјата? Сигурно една од нив е следнава: Човечката филозофија постојано водела до омраза и крвопролевање меѓу нациите и луѓето. Во Проповедник 8:9 со право стои: „Човек владее над човек за негова несреќа“. А причината што се крие зад тоа се наоѓа во Еремија 10:23, каде што Божјата реч вели: „Патот на човекот не е во неговата власт . . . човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори“. Не, Бог не ги создал луѓето за успешно да ги водат своите работи независно од него. Не им била дадена таа способност. Целата историја го докажува тоа.

Според тоа, како поединци, не можеме да го смениме тоа што го прават водачите на нациите додека ги повторуваат трагедиите на минатото ниту, пак, сме овластени да се обидуваме да ги убедуваме да преземат извесен правец. Но, не мораме да бидеме вовлечени во нивните конфликти и да станеме дел од нив. Исус им рекол на своите следбеници: „Не се дел од светот, како што јас не сум дел од светот“ (Јован 17:14). За да избегнеме да станеме дел од светските конфликти, мораме да дозволиме во животот да нѐ води Божјата реч, Библијата — а не променливите ветрови на човечката филозофија (Матеј 7:24—27; 2. Тимотеј 3:16, 17).

Прекрасна иднина

Божјата сигурна реч не само што фрла светлина врз минатото и сегашноста туку дава и сигурно водство за иднината (Псалм 119:105; Исаија 46:9—11). Исто така, дава јасна слика за тоа каква е Божјата намера со оваа планета. Тој нема да дозволи луѓето да ја уништат земјата со тоа што безумно ќе ја злоупотребуваат огромната моќ што им ја дала науката и технологијата. Ќе се погрижи оваа земја да биде доведена во рајските услови што во почетокот ги наменил за неа (Лука 23:43).

Во врска со ова, Божјата реч наведува: „Само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа, а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа“ (Пословици 2:21, 22). Тоа ќе се случи наскоро, бидејќи овие бурни времиња даваат доказ дека живееме во „последните денови“ на сегашниов злобен систем на работи (2. Тимотеј 3:1—5, 13). И сигурно, овие последни денови се одброени; тие истекуваат. Библиското пророштво нѐ поучува: „Светот поминува, а и неговата желба, но оној кој ја врши Божјата волја останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17; Даниел 2:44).

Наскоро Бог ќе ги ‚уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ и ќе го замени сегашниов насилнички свет со еден нов свет во кој „ќе престојува праведност“ (Откровение 11:18; 2. Петрово 3:10—13). Потоа, за оние што остануваат, „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка“ (Откровение 21:1—4). Војните и насилството ќе ги снема засекогаш, бидејќи целосно ќе се исполни пророштвото од Исаија 2:4: „Ќе ги прековаат мечевите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување“. И Вие можете да уживате во таа прекрасна, вечна иднина ако научите нешто од лекциите што ги дава историјата (Јован 17:3).

[Истакната мисла на страница 11]

Јеховините сведоци научиле нешто од христијаните од првиот век

[Слика на страници 8 и 9]

Исус рекол дека неговото Царство не е дел од овој свет

[Слика на страница 10]

Божјата реч ветува вечен живот во совршенство на една рајска земја

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели