ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/12 стр. 26-27
  • Молитви што ги слуша Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Молитви што ги слуша Бог
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што ветува Бог
  • Справување со личните проблеми
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Зошто Бог не одговара на сите молитви?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Дали има некаква корист од молењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/12 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Молитви што ги слуша Бог

„Постојано молете, и ќе ви се даде; постојано барајте, и ќе најдете; постојано чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли добива, и секој кој бара наоѓа, и секој кој чука ќе му се отвори“ (ЛУКА 11:9, 10).

ПОКАЖУВАЈЌИ целосна доверба во зборовите на Исус Христос цитирани погоре, многу христијани му се обраќаат на Бог во молитва за своите проблеми и грижи, сигурни дека тој ги сака и дека се грижи за нив. Меѓутоа, некои се фрустрираат додека чекаат нивните молитви да бидат одговорени. Дали мислиш дека твоите молитви се залудни? Дали Бог слуша кога се молиш?

Дури и ако навидум не добиваш одговор на молитвите, тоа не значи дека Бог не ги чул. Библијата нѐ уверува: „Очите на Јехова се насочени кон праведниците, а неговите уши кон нивното преколнување“ (1. Петрово 3:12). Значи, Јехова Бог ги слуша молитвите на праведните, сеедно дали се кажани гласно или, пак, се изговорени во срцето (Еремија 17:10). Исто така, Јехова ги испитува мислите и чувствата што стојат зад секоја молитва, кои дури ни тој што се моли можеби не ги разбира потполно ниту, пак, е свесен за нив (Римјаните 8:26, 27).

Меѓутоа, молитвите мораат да задоволат извесни барања за да му бидат прифатливи на Бог. Прво, мора да му бидат упатени исклучително на Бог — а не на Исус, на некој „светец“ или на некој идол (Излез 20:4, 5). Исто така, молитвите мора да се упатуваат во името на Божјиот Син, Исус Христос (Јован 14:6). Дали ова значи дека нашите молитви најнапред ги слуша Исус а потоа му ја пренесува пораката на Бог? Не. Наместо тоа, кога го молиме Јехова во името на Исус, ние се идентификуваме како Христови ученици и признаваме дека само поради неговиот откуп можеме да му пристапиме на Бог (Евреите 4:14—16).

Молитвите мора да се упатуваат со вера. Апостол Павле истакнал: „Без вера е невозможно да му се угоди [на Бог], зашто оној кој му пристапува на Бог мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние кои сесрдно го бараат“ (Евреите 11:6). Како може некој да знае дали има таква вера? Библискиот писател Јаков одговара: „Ќе ти ја покажам својата вера преку своите дела“ (Јаков 2:18). Да, верата создава дела, а тие, пак, покажуваат дека го сакаме Бог и дека се трудиме да му угодиме.

Исто така, обожавателите на Бог мораат да бидат упорни кога се молат. Исус јасно го кажал тоа во Лука 11:9, 10, како што е цитирано во почетокот. Всушност, ако некој се моли само еднаш за некоја работа, зарем тоа не покажува дека не е вистински сериозен во врска со своето барање?

Што ветува Бог

Без оглед на тоа колку често и искрено се молиме, ние сепак живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1). Иако е точно дека Исус рекол дека неговите следбеници ќе бидат среќни, сепак, тој не рекол дека нема да имаат проблеми во животот (Матеј 5:3—11). Меѓутоа, рекол дека неговите ученици можат да бидат среќни и покрај тагувањето, гладот, жедта или прогонството.

Среќата за која зборувал Исус не зависи од тоа дали имаме идеални околности. Наместо тоа, таа е внатрешно задоволство што го имаме затоа што му служиме на Бог. Значи, можеме да имаме извесна мера среќа дури и среде немир (2. Коринќаните 12:7—10).

Справување со личните проблеми

Според тоа, дали е залудно да му се молиме на Бог во врска со лични работи како што се наоѓањето соодветен брачен партнер или за тоа како да постапуваме во семејството, за здравјето или за проблеми со вработувањето? Не, бидејќи иако Бог не ветува дека ќе направи чудо за да ги промени околностите во нашиот живот, тој ќе ни даде мудрост да се справиме со нив. Во врска со искушенијата, Јаков напишал: „Ако некому од вас му недостига мудрост, постојано нека бара од Бог, зашто тој им дава дарежливо на сите и без прекорување; и ќе му се даде“ (Јаков 1:5). Така, преку својот свет дух, Јехова ќе нѐ води. Ова ќе ни помогне да ги разбереме и да ги примениме библиските начела во донесувањето одлуки.

Се разбира, Божјиот дух не донесува одлуки наместо нас. Напротив, потребен е напор од наша страна. На пример, ако имаме некој проблем, дали сме истражувале во врска со него и дали сме ги испитале различните аспекти и елементи на таа ситуација? Тоа ќе му покаже на Бог дека имаме вера (Јаков 2:18). Дали сме биле упорни додека сме се обидувале да го решиме нашиот проблем, постојано молејќи за Божје водство? (Матеј 7:7, 8). Дали внимателно сме ги испитале библиските начела што се однесуваат на таа ситуација? Божјата реч може да нѐ направи ‚потполно способни, целосно опремени за секое добро дело‘ (2. Тимотеј 3:16, 17).

Иако е точно дека Бог може да интервенира во човечките работи и да ги отстрани сите наши проблеми, тој ни дозволил да ја примениме нашата слободна волја. За жал, мнозина ја користат својата слободна волја на штета на другите. Затоа, некои проблеми за кои се молиме можеби ќе останат сѐ до Божјиот нов свет (Дела 17:30, 31). Можеби се работи за некоја ситуација што постои во местото каде што живееме, како што е криминал или жестоко војување; или, пак, би можело да значи дека ќе трпиме под тешкотии што ги наметнуваат противниците (1. Петрово 4:4). Мора да признаеме дека во овој безбожен свет, некои ситуации нема да се променат на подобро.

Сепак, Бог ги љуби своите обожаватели и сака да им помогне. Кога неговото Царство ќе спроведува апсолутно владетелство над земјата, целосно ќе ги отстрани ужасните проблеми на овој свет (Откровение 21:3, 4). Дотогаш треба упорно да го бараме неговото водство во справувањето со животните проблеми. Ако го правиме тоа, можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе го исполни ветувањето што е запишано во Библијата во Исаија 41:10: „Не бој се, зашто Јас Сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели