ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/11 стр. 3-4
  • Дали има некаква корист од молењето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали има некаква корист од молењето?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто се молат луѓето?
  • Дали некој ги слуша молитвите?
  • Дали се услишени сите молитви?
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Чии молитви ќе бидат одговорени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/11 стр. 3-4

Дали има некаква корист од молењето?

ВО ЕДНО или во друго време, скоро секој чувствува потреба да се моли. Всушност, луѓето со речиси секакво религиозно убедување сесрдно се молат. На пример, будистот можеби илјадници пати на ден ја повторува молитвата „Ја полагам мојата вера во Амида Буда“.

Со оглед на проблемите кои и понатаму постојат ширум Земјата, разумно е да се прашаме: ‚Што очекуваат луѓето да постигнат со молењето? Дали има некаква корист од сите овие молитви?‘

Зошто се молат луѓето?

Многу ориенталци им се молат на своите предци и на шинтоистичките или таоистичките богови. Тоа го прават со надеж да ги положат испитите на училиште, да пожнеат богати жетви или да бидат заштитени од болести. Будистите се надеваат дека со свои напори ќе добијат просветленост. Хиндусите искрено им се молат на своите омилени богови и божици за знаење, богатство и заштита.

Некои католици се надеваат да му бидат од корист на човештвото на тој начин што ги посветуваат своите животи како монаси или калуѓерки во манастири, молејќи се постојано. Милиони католици бараат услуги од Марија кажувајќи молитви научени напамет, можеби со помош на броеници. Во ориенталните земји многу луѓе користат молитвени тркала. Протестантите ги повторуваат зборовите од Господовата молитва, иако можат и спонтано да ги изразат своите чувства кон Бог. Многу Евреи патуваат големи растојанија за да се молат на Ѕидот на плачот во Ерусалим надевајќи се на обновување на храмот и на нова ера на просперитет и мир.

Иако милиони се напрегаат во молитва, човечкото општество сѐ повеќе се измачува со проблемите на сиромаштија, зависности, растурени семејства, криминал и војни. Можно ли е сите овие луѓе да не се молат на исправен начин? И дали некој навистина ги слуша молитвите?

Дали некој ги слуша молитвите?

Молитвите не можат да бидат од некаква вистинска корист ако не бидат сослушани. Кога некое лице се моли, тоа очигледно верува дека некој во невидливото подрачје слуша. Меѓутоа, молитвите не се пренесуваат само преку звучни бранови. Многу луѓе веруваат дека некој може дури и да ги чита мислите на оној кој се моли. Кој би можел да биде тој?

Начинот на кој мислите извираат од милијардите неврони, кои ја сочинуваат кората на големиот мозок, во голема мера е тајна за истражувачите. Но, разумно е, Оној кој го дизајнирал мозокот да може да ги чита тие мисли. Тоа не е никој друг туку нашиот Творец, Јехова Бог (Псалм 83:18, NW; Откровение 4:11). Молитвите треба да му се упатуваат нему. Но, дали Јехова обрнува внимание на сите такви молитви?

Дали се услишени сите молитви?

Цар Давид од древниот Израел бил човек од молитва. Како божествено инспириран псалмист, тој пеел: „Ти ја послушуваш молитвата. Секое тело доаѓа при Тебе“ (Псалм 65:2). Јехова може да ги разбере молитвите изречени на кој и да било од илјадниците јазици на кои зборува човештвото. Фактот дека ниеден човечки ум не би можел да обработи толку многу информации не значи дека Бог не може да им обрне внимание на сите кои му се молат на прифатлив начин.

Сепак, Исус Христос — исто така човек од молитва — открил дека сите молитви не му се угодни на Бог. Забележи што рекол Исус за тогаш популарната пракса да се повторуваат молитви научени напамет. Според преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов, тој рекол: „А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови“ (Матеј 6:7). Не можеме да очекуваме Јехова да услиши молитви кои не ги изразуваат нашите вистински чувства.

Покажувајќи зошто некои молитви не му се угодни на Бог, една библиска изрека вели: „Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена“ (Пословици 28:9). Друга изрека вели: „Далеку е Господ од нечесните, а ја слуша молитвата на праведните“ (Пословици 15:29). Едно време, кога водачите на древна Јуда сноселе тешка вина, Јехова изјавил: „Кога ги ширите рацете за молитва, Јас ги одвраќам очите од вас. Само ги множите молитвите, Јас не ве слушам. Рацете ви се натопени во крв“ (Исаија 1:1, 15).

Апостол Петар спомнал нешто друго што би можело да ги направи молитвите неприфатливи за Бог. Тој напишал: „Вие сопрузи, живејте и понатаму на ист начин со нив според спознанието, искажувајќи им чест како на послаб, женски сад, зашто и вие со нив сте наследници на незаслужената милост на животот, за вашите молитви да не бидат спречени“ (1. Петрово 3:7). Молитвите на еден човек кој го игнорира тој совет можеби нема да отидат подалеку од таванот!

Јасно е дека за да бидат услишени молитвите, мора да се задоволат извесни барања. Меѓутоа, многумина кои се молат покажуваат мал интерес да го прават она што го бара Бог од нас. Ова е причината што и покрај толкава сесрдност во молитвите не дошол еден подобар свет.

Тогаш, што бара Бог за да бидат услишени нашите молитви? Одговорот има врска токму со самата причина за молењето. Всушност, ако сакаме да дознаеме дали има некаква корист од молитвите, мораме да ја разбереме нивната цел. Зошто Јехова ни овозможил да зборуваме со него?

[Извор на слика на страница 3]

G.P.O., Ерусалим

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели