ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/1 стр. 20-22
  • Зошто мојот родител не ме сака?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто мојот родител не ме сака?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Разбери го родителот
  • Справи се со твоите чувства
  • Можеш да успееш
  • Што ако мојот родител е зависник?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да се соочам со тоа што татко ми нѐ напушти?
    Разбудете се! 2001
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Што да правам кога моите родители се караат?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/1 стр. 20-22

Младите прашуваат . . .

Зошто мојот родител не ме сака?

„Пред да се разведат татко ми и мајка ми, одевме на плажа, јадевме во ресторан и се возевме со автомобилот на татко ми. Потоа сето тоа сосема престана. Тој се промени. Мислев дека се разведе и од мене“ (Карен).a

ГОЛЕМ е бројот на младите што имаат слични чувства. Исто како Карен, и тие чувствуваат дека родителот повеќе не ги сака — и дека никогаш не ги ни сакал. Овде не мислиме на минливите негативни чувства што можат да се јават поради некое привремено несогласување помеѓу младите и нивните родители; ниту, пак, мислиме на огорчувањето што понекогаш се јавува како одговор на дисциплинирањето на родителот. Наместо тоа, во некои случаи родителите се виновни за вистинска негрижа, при што пропуштаат да им го дадат на своите деца потребното внимание и дисциплина. Во други случаи се работи за шема на строго, сурово постапување, кое вклучува груби зборови или физички удари.

Малку работи повредуваат толку длабоко како отфрленоста од родителот. „Поради тоа се чувствував несакана и запоставена“, вели Карен. Ако некогаш си бил во таква тешка положба, разгледај некои предлози за тоа како да се справиш со твоите чувства. Биди уверен дека, дури и ако твојот родител не те поддржува, можеш да успееш во животот!

Разбери го родителот

Како прво, сосема е исправно да очекуваш родителот да те сака. Љубовта на родителот кон своето дете треба да биде толку природна и сигурна како изгревот на сонцето. Бог очекува од родителите да покажуваат таква љубов (Колошаните 3:21; Тит 2:4). Но, зошто родителите понекогаш ги запоставуваат, ги напуштаат или ги малтретираат своите деца?

Еден фактор што придонесува за тоа можат да бидат нивните сопствени искуства во животот. Запрашај се: ,Каде научиле моите родители да подигаат деца?‘ Во многу случаи родителите можат да учат само од личните искуства од детството што ги имале со своите родители. А во нашиов суров современ свет, во кој има невиден број луѓе што се „без природна наклоност“, таквото воспитување честопати е со големи пропусти (2. Тимотеј 3:1—5). Понекогаш, резултат на тоа е страшна синџиреста реакција, при што родителите ги малтретираат своите деца исто онака како што некогаш биле малтретирани и самите тие.

Освен тоа, можеби родителите се многу несреќни поради најразлични причини. Некои се обидуваат да избегаат од мизеријата и фрустрацијата на тој начин што се преокупираат со работа, алкохол или дрога. Вилијам и Џоан, на пример, израснале со татко што бил алкохоличар. „На татко ми му беше тешко да нѐ пофали“, вели Џоан. „Но, најлошо од сѐ беше неговиот гнев кога ќе се напиеше. Цела вечер ѝ се дереше на мајка ми. Често бев исплашена“. Дури и ако родителите не се толку отворено насилни, нивното однесување може премногу да ги исцрпи за да им ја посветат на децата љубовта и вниманието што им се потребни.

Вилијам сфаќа што стоело зад променливото однесување на неговиот татко. „Татко ми пораснал во Берлин, Германија, за време на II светска војна“, објаснува тој. „Како момче доживувал невидени ужаси и видел многу луѓе како умираат. Морал да се бори за својот живот секој ден само за да дојде до малку храна. Мислам дека врз татко ми многу се одразило она што го искусил.“ Всушност, Библијата признава дека луѓето што доживуваат жестоко угнетување можат да постапуваат неразумно (Проповедник 7:7).

Дали Вилијам и Џоан сметаат дека искуствата на нивниот татко се изговор за начинот на кој постапувал со нив? „Не“, вели Вилијам. „Неговото минато не е изговор за тешкото пијанство и лошото однесување. Меѓутоа, свесноста за тоа ми помогна да имам поголем увид во однесувањето на татко ми.“

Тоа што ќе го прифатиш фактот дека твоите родители се несовршени и ќе научиш нешто за нивното минато може многу да ти помогне да ги разбереш. Пословици 19:11 (NW) вели: „Увидот на човекот сигурно ја забавува неговата лутина“.

Справи се со твоите чувства

Има и други негативни чувства што можеби те измачуваат поради ситуацијата што владее кај тебе дома. На пример, поради недостигот на внимание од двата родитела, Патриша се чувствувала „безвредна и несакана“. На Ланиша ѝ е тешко да има доверба во мажите откако си заминал татко ѝ, кога таа имала само осум години. А Шејла открила дека копнее по внимание дословно од секого што го среќавала, само за да ја исполни празнината што ја оставила мајка ѝ со чиј живот „управувала дрогата“.

Гневот и љубомората исто така можат да бидат проблем. Кога Карен видела како нејзиниот преженет татко ја покажувал кон своето ново семејство љубовта по која копнеела таа, се чувствувала „многу љубоморна извесно време“. Понекогаш, Лејлени чувствувала дури и омраза кон своите родители. „Постојано се расправав со нив“, вели таа.

Сите овие чувства се разбирливи, кога ќе се земат предвид околностите. Но, како можеш конструктивно да се справиш со таквите негативни емоции? Разгледај ги следниве предлози.

• Приближи му се на Јехова Бог (Јаков 4:8). Тоа можеш да го сториш преку лично читање на Библијата и редовно дружење со неговиот народ. Додека гледаш на кој начин Јехова постапува со другите, ќе сфатиш дека тој е лојален. Можеш да имаш доверба во него. „Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба?“, ги прашал Јехова Израелците. „Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе“, ветил тој (Исаија 49:15). Затоа, редовно моли му се на Бог. Не грижи се премногу за тоа дали ќе најдеш исправни зборови. Тој те разбира (Римјаните 8:26). Сфати дека Јехова те сака дури и кога изгледа дека никој друг не те сака (Псалм 27:10).

• Довери ѝ се на некоја возрасна личност во која имаш доверба. Склопувај пријателства со духовно зрели лица. Зборувај им за твоите чувства и грижи. Во христијанското собрание на Јеховините сведоци можеш да најдеш духовни татковци и мајки (Марко 10:29, 30). Но, можеби ќе треба да преземеш иницијатива за да им се отвориш. Другите нема да знаат како се чувствуваш ако не им кажеш самиот. Олеснувањето што доаѓа откако ќе си кажеш што ти лежи на срце може да ти биде вистинска утеха (1. Самоил 1:12—18).

• Биди зафатен правејќи нешто за другите. За да ја избегнеш опасноста од самосожалување, обиди се да не размислуваш за негативните аспекти на твојата ситуација. Наместо тоа, научи да го цениш она што го имаш. Искористи ги многуте поволни прилики „гледајќи со личен интерес не само на сопствените работи туку со личен интерес и на туѓите“ (Филипјаните 2:4). Постави си духовни цели, а потоа напорно работи на тоа да ги постигнеш имајќи позитивен став. Служењето на потребите на другите во христијанската служба е еден одличен начин да бидеш фокусиран на другите наместо на себе.

• Продолжи да покажуваш почит кон твоите родители. Секогаш држи се за библиските начела и мерила. Тоа вклучува да им искажуваш чест на твоите родители (Ефешаните 6:1, 2). Таквото искажување чест ќе те спречи да усвоиш осветољубив, одмазднички став. Запомни, никакво навидум лошо постапување од страна на родителот никогаш нема да биде оправдување за лошо постапување од твоја страна. Затоа, остави ги работите во Јеховини раце (Римјаните 12:17—21). Тој „ја љуби правдата“ и има многу силни заштитнички чувства кон децата (Псалм 37:28; Излез 22:22—24). Додека продолжуваш да покажуваш исправна почит кон твоите родители, обиди се да ги негуваш плодовите на Божјиот дух — пред сѐ љубовта (Галатите 5:22, 23).

Можеш да успееш

Без сомнение, недостигот на родителска љубов може да боли. Но, пропустот на родителите не мора да одреди каква личност ќе станеш ти. Можеш да избереш среќен, успешен исход за себе со тоа што ќе ги примениш во својот живот претходно спомнатите библиски начела.

Вилијам, цитиран претходно, е полновремен доброволец во една канцеларија на подружницата на Јеховините сведоци. Тој вели: „Јехова ни дал многу подготовки што ни помагаат да се справиме со ваквите трагични ситуации. Колкава само предност е што имаме толку љубезен и грижлив небесен Татко!“ Неговата сестра, Џоан, е полновремен министер и служи како пионер онаму каде што има поголема потреба од евангелизатори. „Додека растевме, видовме јасна разлика помеѓу ,оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи‘“, вели таа (Малахија 3:18). „Нашето искуство ни влеа цврста одлучност да се бориме за вистината и да ја направиме своја сопственост.“

Истото може да биде случај и со тебе. „Оние што сејат со солзи, жнијат со песни“, вели Библијата (Псалм 126:5). Како може да се примени овој стих? Па, ако напорно работиш на тоа да ги примениш праведните начела под тешки околности, твоите солзи на крајот ќе бидат заменети со радост додека доживуваш Божји благослов.

Затоа, продолжи да работиш на тоа да му се приближиш на Јехова Бог (Евреите 6:10; 11:6). Дури и ако со години си чувствувал тегобна загриженост, фрустрација и вина, тие чувства можат постепено да се намалат и да бидат заменети со „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:6, 7).

[Фуснота]

a Некои имиња се променети.

[Рамка на страница 21]

Дали си мислиш дека . . .

• Малку вредиш?

• Не е сигурно ниту мудро да имаш доверба во другите?

• Постојано ти треба успокојување?

• Не можеш да го контролираш својот гнев или љубомора?

Ако одговорот на овие прашања е ,да‘, колку што е можно поскоро разговарај со доверлив родител, старешина или духовно зрел пријател.

[Слики на страница 22]

Преземи позитивни чекори за да се справиш со твоите чувства

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели