ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/1 стр. 3-5
  • Сѐ повеќе семејства со еден родител

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сѐ повеќе семејства со еден родител
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Новата самохрана мајка
  • Покажи обѕир кон самохраните родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
    Тајната на семејната среќа
  • Самохран, но не и сам родител
    Разбудете се! 2003
  • Мајчинство — трка со пречки
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/1 стр. 3-5

Сѐ повеќе семејства со еден родител

„Многу ноќи го молев Бог со солзи и му велев: ‚Не знам што да правам утре‘“ (ГЛОРИЈА, САМОХРАНА МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА).

СЕМЕЈСТВАТА со еден родител станале постојано и видливо обележје на многу денешни општества.a Додека традиционалната структура на сопруг, сопруга и деца отстапува пред други облици на семеен живот, демографите и социолозите во многу делови од светот се прашуваат зошто.

Професорите по социологија Сајмон Данкан и Розалинд Едвардс забележуваат дека „во семејствата и во односот меѓу половите настануваат долготрајни промени“. Зошто? Некои набљудувачи изјавуваат дека ова е резултат на изборот на луѓето во поглед на тоа како ќе го живеат животот, во контекст на економските, културните и социјалните промени.

Да разгледаме некои од овие промени, како и изборот што е донесен. Животните притисоци се главен фактор што влијае врз животот на луѓето. Во секој момент од нивниот живот продира надворешниот свет. Времето што претходно се трошело за семејни активности сега се троши на Интернет, пред телевизорот, на телефон, во автомобил, во брзање.

И економските притисоци земаат данок. Современите удобности чинат пари, па затоа повеќе родители се вработени. Тоа што се дел од едно раздвижено општество навело многу членови на семејствата да живеат и да работат далеку од помошта што им ја дава нивното пошироко семејство и во некои случаи дури и далеку од нивниот сопружник. Во многу земји не помага ни популарната култура, бидејќи таа честопати се сосредоточува на потценување на институциите што обезбедуваат чувство на стабилност, како што се бракот и семејството.b

Новата самохрана мајка

Денешната самохрана мајка не мора да одговара на стариот стереотип на невенчана тинејџерка што живее од социјална помош. Да се биде невенчана мајка повеќе не претставува толкав срам како порано, а славните личности дури и го прикажуваат тоа како нешто привлечно. Освен тоа, многу жени имаат подобро образование и се поспособни да се издржуваат себеси — па затоа бракот повеќе не е финансиски предуслов за да бидат мајки.

Некои самохрани мајки, особено возрасни деца на разведени родители, остануваат немажени затоа што не сакаат нивните деца да почувствуваат колку е болно да гледаат како си заминува едниот родител. Други жени стануваат самохрани мајки затоа што биле напуштени, а не по свој избор. „Општо земено, за родителите што не се во брак тоа не било некаков себичен и своеволен избор“, наведува британската фондација Џозеф Раунтри, „и децата во семејствата со еден родител не се запоставени и без дисциплина.“

Сепак, раширеноста на семејствата со еден родител е причина за загриженост затоа што самохраните родители и нивните деца можеби доживуваат емоционален стрес, имаат економски потреби и не се во поволна положба во општеството. Некои луѓе можеби се прашуваат дали е возможно само еден родител успешно да подига деца. Со кои посебни предизвици се соочуваат семејствата со еден родител? Како може христијанинот успешно да се справи со предизвикот да подига деца како самохран родител?

[Фусноти]

a Социолозите истакнуваат дека бројот на самохрани мајки ‚драстично го надминува бројот на самохрани татковци‘. Затоа, во овие статии првенствено станува збор за самохраните мајки. Меѓутоа, начелата што се дискутирани во нив подеднакво важат и за самохраните татковци.

b За детална дискусија во врска со општите предизвици на мајчинството, видете „Мајчинство — потребна ли е супержена?“ во изданието на Разбудете се! од 8 јули 2002.

[Рамка на страница 4]

Некои дефиниции

Во светот се користат различни термини за да се опишат мајките што сами ги подигаат своите деца. Во некои земји се користи „немажена мајка“ за да се укаже на мајките што никогаш не биле во брак, додека во други земји „самохрана мајка“ е термин што ги опфаќа мајките кои ги подигаат своите деца без татко во нивното домаќинство. Можеби таквите мајки се разведени, одвоени или останале вдовици или, пак, никогаш не биле мажени.

Во оваа серија статии ги користиме термините „самохран родител“ и „самохрана мајка“ за да се осврнеме на родителите што ги подигаат децата без сопружник.

[Рамка/карта на страници 4 и 5]

САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ — ТРЕНД ВО МНОГУ ЗЕМЈИ

Соединетите Држави: „Бројот на самохрани мајки порасна од 3 милиони на 10 милиони помеѓу 1970 и 2000 година; во истиот временски период порасна и бројот на самохрани татковци, од 393.000 на 2 милиона“ (Оддел за попис на населението на САД).

Мексико: Според весникот La Jornada, околу 27 проценти од вкупниот број на бремени жени во таа земја се мајки-тинејџерки.

Ирска: Стапката на домаќинства со еден родител порасна од 5,7 проценти во 1981 на 7,9 проценти во 1991. „Распадот на браковите и понатаму е еден многу важен фактор поради кој постојат самохрани мајки“ (Single Mothers in an International Context — Самохрани мајки во меѓународни рамки, 1997).

Британија: „Бројот на семејства со самохран родител за првпат надмина 25 проценти, одразувајќи огромен пораст во бројот на мајки што никогаш не биле во брак, како и значителен пораст на разводи во текот на изминатите 30 години“ (The Times, Лондон, 2 март 2000).

Франција: „Од крајот на 1970-тите, бројот на семејства со еден родител порасна за повеќе од 50 проценти“ (Самохрани мајки во меѓународни рамки, 1997).

Германија: „Бројот на самохрани родители двојно се зголеми во изминативе две децении. Речиси сите семејства со еден родител . . . се семејства со самохрана мајка“ (Самохрани мајки во меѓународни рамки, 1997).

Јапонија: ‚Семејствата со самохрана мајка ги има сѐ повеќе од 1970-тите‘. Во 1997, 17 проценти од сите домаќинства ги воделе самохрани мајки (Самохрани мајки во меѓународни рамки, 1997; The World’s Women 2000: Trends and Statistics — Жените во светот 2000: Трендови и статистика).

Грција: „Од 1980, бројот на невенчани мајки во [Грција] порасна за 29,8 проценти. А според податоците што ги даде Европската заедница, во 1997 процентот на вонбрачни деца изнесувал 3,3 проценти, додека во 1980 изнесувал само 1,1 процент“ (весникот Ta Nea, Атина, 4 септември 1998).

Австралија: Речиси секое 4-то дете живее само со еден од своите биолошки родители. Ова обично е резултат на распадот на бракот или врската меѓу родителите. Се проценува дека бројот на семејства со еден родител ќе порасне некаде од 30 до 66 проценти во текот на следните 25 години (Австралијанскиот оддел за статистика).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели