ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/1 стр. 10-12
  • Самохран, но не и сам родител

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самохран, но не и сам родител
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Успешни приказни
  • Покажи обѕир кон самохраните родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
    Тајната на семејната среќа
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Сѐ повеќе семејства со еден родител
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/1 стр. 10-12

Самохран, но не и сам родител

„Кога моите деца ќе си дојдат дома, кога ќе ме прегрнат и кога ќе ми кажат дека ме сакаат, е, тогаш ми е најубаво што сум мајка“ (ДОРИС, САМОХРАНА МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА).

САМОХРАНИТЕ родители можат да најдат утеха во библиската изјава: „Децата се благослов и дар од Господ“ (Псалм 127:3, Contemporary English Version). Децата што се подигаат во семејство со еден родител не се помалку скапоцени во Божји очи. Нашиот Творец сака семејствата со еден родител да бидат успешни. Библијата вели за него: „Ги поткрепува сираците и вдовиците“ (Псалм 146:9). Самохраните родители можат да бидат сигурни дека Бог е спремен да ги поддржи.

Детето има право да биде подигнато во љубезна, безбедна и сигурна атмосфера што ќе му овозможи да се развие физички, емоционално и духовно. Должност и предност на секој родител е Бог да го користи за да го воспитува детето.

Многу самохрани родители утврдиле дека за успех е потребна марлива молитва, постојана примена на библиските начела и потполно потпирање на Јехова. Ова е во склад со опомената што се наоѓа во Псалм 55:22: „Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи“.

Одвреме навреме, бабите и дедовците, локалните старешини и искусните родители во христијанското собрание можат да стојат на располагање за да му помогнат на некое семејство со еден родител да излезе на крај со тешките ситуации. Точно, членовите на семејството и сообожавателите можат да направат многу за да ги поддржат напорите на самохраните родители, но конечната одговорност што ја доделил Бог и понатаму лежи врз родителите на детето.a

За среќа, многу самохрани родители успешно се справиле со посебните предизвици на нивната ситуација и подигнале одговорни, добро воспитани, богобојазливи деца. Разбудете се! разговараше со неколкумина од нив. Еве некои работи што им се заеднички на тие родители.

• Добро водење на домот. Успешните самохрани родители настојуваат да бидат добро организирани и многу се трудат да бидат усогласени распоредите на сите. Многу се битни исправното планирање и организација. Библијата вели: „Плановите на марливиот сигурно придонесуваат за напредок“ (Пословици 21:5, NW).

• Посветеност. За успешните самохрани родители семејниот живот е еден од нивните главни приоритети. Тие се сосредоточуваат на тоа да ги стават потребите на своето дете пред сопствените (1. Тимотеј 5:8).

• Урамнотежен пристап. Успешните самохрани родители ниту ги потценуваат ниту ги преувеличуваат проблемите; тие бараат решенија. Ги прифаќаат тешкотиите и се обидуваат да се справат со нив без самосожалување или огорченост.

• Добра комуникација. Успешните самохрани родители ја поттикнуваат комуникацијата. Тие охрабруваат на јасно и отворено изразување на мислите и чувствата во семејството. Еден самохран татко вели за своите деца: „Разговарам со нив во секоја прилика. Имаме ,топли моменти‘, тогаш кога подготвуваме вечера. Во таквите прилики тие навистина ми се доверуваат“.

• Грижа за себе. И покрај тоа што немаат многу слободно време, успешните самохрани родители признаваат дека е важна грижата за нивните лични духовни, емоционални и физички потреби. Етел, разведена самохрана мајка на две деца, објаснила: „Се обидувам да одвојам малку време за себе. На пример, кога една пријателка им дава на децата часови по музика, имам еден час за себе. Седнувам и не го вклучувам телевизорот“.

• Позитивен став. Успешните самохрани родители задржуваат позитивен став кон родителството и кон животот воопшто. Тие ги гледаат позитивните аспекти во стресните ситуации. Една самохрана мајка наведува: „Сфатив дека да бидеш самохран родител нема само негативни страни“.

Успешни приказни

Дали се делотворни овие начела? Да, како што може да се види од бројните успешни приказни на самохрани родители. Глорија, една разведена, самохрана вработена мајка од Англија, која беше спомната во првата статија, подигнала два сина и една ќерка. Кога пораснале, сите тројца станале полновремени христијански министри, посветувајќи го својот живот на унапредување на библиското образование. Кога ја запрашавме како успеала во тоа, Глорија објасни: „Првиот предизвик беше да одржувам редовна, интересна семејна библиска студија. Сакав децата да бидат среќни, да имаат душевен мир, да бидат задоволни и заштитени од замки. Најдов работа со ноќно работно време. Мојата цел беше децата да се покрај мене секогаш кога е можно. Пред да појдам на работа, имавме семејна молитва и потоа тие си легнуваа да спијат. Тетка ми остануваше дома додека јас бев на работа“.

Како им помогнала Глорија на своите деца да си постават исправни приоритети? Таа продолжува: „Најважна цел ми беше духовните работи да ги ставам на прво место. Немавме многу пари и бев сосема отворена во врска со тоа со моите деца. Што и да им речев да прават, тоа го правев и самата а сите тие соработуваа“. Спомнувајќи си за тоа како задржала блиски семејни врски, Глорија вели: „Тајната лежеше во тоа заедно да ги правиме работите. Никој не се повлекуваше во својата соба. Готвевме, чистевме и го средувавме станот заедно. Ги урамнотежувавме нашите активности. Секогаш се грижев да има и рекреација“.

Керолин, самохрана мајка на малиот Џозеф, е задоволна со начинот на кој расте тој. Која е тајната на нејзиниот успех? „Заедно ја читаме Библијата навечер пред легнување“, вели таа, „а потоа му поставувам прашања во врска со она што го научил. Освен тоа, разгледуваме избрани пасуси од библиските публикации и ги применуваме на себе. Ова му помага на Џозеф кога се соочува со проблеми, како што е исмевање на училиште.“ Керолин признава дека животот воопшто не ѝ е лесен, но не смета дека е сама. Таа забележува: „Тоа е постојана борба, но чувствувам дека Јехова навистина ми помага. Исто така, добивам големо охрабрување од христијанското собрание“.

Успешните приказни на илјадници самохрани родители, како што се Глорија и Керолин, докажуваат дека родителите денес можат да се потпрат на проверените библиски начела за да подигнат добри, духовно јаки деца (Пословици 22:6). Можно е да се успее! Положбата на самохраните родители создава многу предизвици што се прилики за раст и делење. Потполното потпирање на Бог и увереноста дека тој ќе обезбеди помош се најдобар начин тие да се справат со она што се бара од еден самохран родител (Псалм 121:1—3).

[Фуснота]

a За дополнителни информации во врска со тоа како можат да бидат успешни семејствата со еден родител, видете ја книгата Тајната на семејната среќа, 9. поглавје, издадена од Јеховините сведоци.

[Слики на страница 11]

Семејната библиска студија им помогнала на трите деца на Глорија да станат полновремени христијански министри. Овде гледаат едно писмо и фотографија од најстариот син, кој сега служи како мисионер

[Слики на страница 12]

Керолин и нејзиниот син, Џозеф

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели