ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/7 стр. 11-13
  • Музички спотови — како да бидам избирлив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Музички спотови — како да бидам избирлив?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Предизвикот да се биде избирлив
  • ‚Зборувај вистина од своето срце‘
  • Дали да гледам музички спотови?
    Разбудете се! 2003
  • Користи делотворни визуелни средства за да поучуваш
    Нашата служба за Царството 2006
  • Стани повешт во службата — користи видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Поучувај ги интересентите со видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/7 стр. 11-13

Младите прашуваат . . .

Музички спотови — како да бидам избирлив?

„Кога ќе го видам името на некоја сомнителна група или песна, ја менувам програмата“ (Кејси).

МУЗИЧКИ СПОТОВИ — на голем број млади тие им се многу забавни. Но, како што покажа претходната статија од оваа рубрика, во многу музички спотови на шокантен начин се прикажува сексуален неморал и насилство.a Се разбира, кога некој облик на забава го унапредува она што Бог го осудува, христијанинот не треба да го гледа тоа. Меѓутоа, не се нападно неморални сите музички спотови. Некои од нив се релативно добри. Други, пак, можеби не се толку очигледно расипани. Сепак, таквите спотови можат да пренесат скриени пораки што се спротивни на Божјата реч.

Ако твоите родители ти дозволуваат да гледаш музички спотови, ќе треба да бидеш избирлив и да ја употребиш твојата библиски школувана „моќ за согледување“ за да можеш да разликуваш што е, а што не е за гледање (Евреите 5:14). Кои библиски начела можат да ти помогнат во овој поглед? Следат библиски стихови и коментари што можат да ти бидат од помош.

Пословици 4:23: „Над сѐ чувај го своето срце, зашто животот извира од него“. Дали имаш спортска опрема или музички инструмент што ти е многу драг? Несомнено се трудиш да го одржуваш во добра состојба и да го чуваш на сигурно место. Секако дека нема дури ни за момент да го оставиш на улица без некој да внимава на него затоа што се плашиш да не биде оштетен или украден. Да, ти го чуваш. Слично на тоа, мораш да донесеш одлука да го чуваш своето срце, не доведувајќи го ниту за момент во опасност со тоа што ќе го изложиш на нездрава забава.

Ефешаните 2:1, 2: „Вие сте тие коишто Бог ве оживеа, иако бевте мртви во своите престапи и гревови, во кои некогаш одевте според системот на работи на овој свет, според владетелот на власта на воздухот, духот кој сега дејствува во синовите на непослушноста“. Воздухот е духот на светот, начинот на размислување и ставовите што стојат зад безбожното однесување. Овој дух е одразен во многу музички спотови и е сосема спротивен на Божјиот дух, кој потстрекнува особини како што се радост, мир и самосовладување (Галатите 5:22, 23).

2. Тимотеј 2:22: „Бегај од желбите кои ѝ се својствени на младоста“. Гледањето сцени со секс — дури и ако се кратки — само ќе ги разгори желбите. Многу млади признаваат дека им е тешко да ги заборават таквите сцени; можеби дури и постојано им се враќаат во мислите. Младиот Дејв, кој гледал еден провокативен спот, признава: „Оттогаш, секогаш кога ќе ја чуев таа песна, помислував на спотот“. Значи, гледањето такви спотови може да потхранува желба за неморални сексуални односи (1. Коринќаните 6:18; Колошаните 3:5).

Пословици 13:20 (NW): „Кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“. Запрашај се: ‚Дали во мојот дом би поканил некој насилник, спиритист, пијаница или неморален човек?‘ Ако се дружиш со таквите преку телевизија е исто како да си ги поканил во својот дом. Дали поради тоа може ‚да си поминеш лошо‘? Кимберли забележува: „Сум видела ситуации кога на некој собир девојките го имитираат начинот на облекување или провокативното танцување што неодамна ги гледале на некој спот“. Можеби и ти си видел нешто слично. Имитирајќи ги оние што не ги почитуваат Божјите мерила, тие млади покажуваат дека веќе почнуваат ‚да си поминуваат лошо‘. Затоа, по секоја цена избегнувај секакви ‚лоши друштва‘ (1. Коринќаните 15:33).

Псалм 11:5 (NW): „Јехова го испитува праведниот како и злобниот, и Неговата душа сигурно го мрази секој кој го љуби насилството“. Ако гледаме спотови што унапредуваат бесмислено, деградирачко насилство, зарем со тоа во најмала рака не би оставиле впечаток дека ‚го љубиме насилството‘?

Предизвикот да се биде избирлив

Затоа што „целиот свет лежи во власта на злобниот“, станува сѐ потешко да се најде забава што на некој начин не е извалкана од размислувањето и ставовите на светот (1. Јованово 5:19). Некои канали за музички спотови можеби прикажуваат многу материјал на кој може да му се приговори. Дури и кога она што се прикажува на програмата не е нападно неморално или насилничко, честопати тоа сепак го унапредува духот на светот. Еден професионален музичар забележал дека некој познат канал за музички спотови „се претворил од музички канал во ‚канал што промовира одреден животен стил‘ “.

Можеби решението изгледа едноставно: Ако спотот не е добар, смени го каналот. Проблемот е во тоа што можеби треба да бидеш подеднакво претпазлив кога гледаш и други ТВ-канали. На многу од нив се даваат програми на кои во детали се прикажува насилство или бесрамност или, пак, луѓе во морално компромитирачки околности. Мора да се признае, може да ти оди на нерви — па дури и да те фрустрира — кога се обидуваш да уживаш во извесна забава додека истовремено си на штрек во секој момент да ја смениш програмата. Понекогаш, додека да ја смениш програмата, штетата веќе е направена. Неморалните сцени веќе се врежале во умот. Сепак, можеш да бидеш уверен дека Јехова Бог ќе ги благослови искрените напори што ги вложуваш за да го зачуваш твоето срце (2. Самоил 22:21).

Има и други практични чекори што можат да ти користат. Кејси, спомнат претходно, објаснил што му помага нему: „Во почетокот на спотот обично можеш да го видиш името на групата и насловот на песната. Групите имаат извесна репутација, па затоа речиси секогаш знаеш кои групи и кои песни веројатно нема да бидат добри. Затоа, кога ќе го видам името на некоја сомнителна група или песна, ја менувам програмата. Веднаш на почетокот“.

‚Зборувај вистина од своето срце‘

Дури и ако имаш големо спознание за библиските начела, можно е да почнеш да го толерираш она што не е баш прифатливо. Како? Така што ќе почнеш да си бараш изговори (Јаков 1:22). Библијата ни кажува дека Јеховин пријател е оној што „зборува вистина од своето срце“ (Псалм 15:2). Затоа, биди чесен пред себеси. Немој да се мамиш. Ако се фатиш како си наоѓаш оправдувања што гледаш нешто сомнително, прашај се: ‚Дали Јехова би одобрил што го гледам ова?‘ Запомни, честопати предизвикот не е само да знаеш што е исправно или погрешно туку да одлучиш да го правиш она што е исправно! Твојот однос со Јехова треба да ти биде поскапоцен од некој облик на забава (2. Коринќаните 6:17, 18).

Обично не е доволно со половина срце да донесеш некаква општа одлука да бидеш поизбирлив. Ако не е цврста, твојата решеност може брзо да исчезне. Библијата ни кажува како Божјиот човек по име Јов решил да ѝ остане верен на својата жена. Тој рекол: „Склучив завет со своите очи, дека нема да погледнат на ниедна девица“ (Јов 31:1). Замисли си го тоа! Јов склучил сојуз, односно сериозен договор, со себеси да го ограничи она што ќе дозволи да го гледаат неговите очи. Всушност, и ти можеш да го сториш истото. Цврсто реши — сериозно вети си себеси — да не гледаш работи што не се добри. Постави си конкретни граници. Тоа нека биде предмет на твоите молитви. Потоа држи се за она што си го решил, па дури и запиши си го ако тоа ти помага. Ако ти треба уште поддршка, зошто не разговараш со некој постар во кого имаш доверба — на пример, со твоите родители?

Со оглед на опасностите, некои христијански младинци едноставно одлучиле воопшто да не гледаат музички спотови. Каква и да е одлуката што си ја донел во овој поглед, користи ја својата моќ за согледување. Задржи чиста совест. Ако секогаш избираш забава што е здрава и освежувачка, можеш да избегнеш да си нанесеш штета и можеш да го задржиш своето пријателство со Јехова.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Дали да гледам музички спотови?“ што излезе во нашето издание од 8 јуни 2003.

[Слика на страница 12]

Иако некои спотови не се нападно неморални, сепак можат да унапредуваат штетни идеи

[Слика на страница 13]

Биди решен да не гледаш работи што Бог не ги одобрува

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели