ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/9 стр. 3
  • Зошто вредностите се менуваат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто вредностите се менуваат
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Дали вредностите се губат?
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
  • Колку е важно да имаат морални вредности
    Разбудете се! 2019
  • 7. Вредности
    Разбудете се! 2018
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/9 стр. 3

Зошто вредностите се менуваат

„Што е најважно во животот?“

Ова прашање им било поставено на 50.000 луѓе во 60 земји. Лицата што ги спровеле анкетите на Галуповиот институт известуваат дека најчест одговор во речиси секој дел од светот бил „да се има среќен семеен живот“ и „добро здравје“.

НА ПРВ поглед можеби изгледа дека луѓето во целиот свет имаат исти возвишени вредности. Сепак, не е сѐ толку розово. Во минатото, вредностите на луѓето се темелеле на традиционалните религиозни и морални начела. Меѓутоа, работите брзо се менуваат. Во врска со Италија, истражувачот Мариза Ферари Окјонеро вели: „Кај младите се видливи вредности врз кои сѐ помалку и помалку влијаат родителите, традицијата и религијата“. Истото може да се рече и за луѓето во целиот свет — и за млади и за стари.

Професор Роналд Инглехарт, координатор на еден истражувачки проект наречен World Values Survey (Анкета на светските вредности), вели: „Сѐ поголем е бројот на доказите што покажуваат дека настануваат длабоки промени во гледиштата во светот“. Што доведува до такви промени? Инглехарт тврди: „Овие промени се одраз на економските и технолошките промени“.

На пример, Галуповата анкета покажа дека во богатите земји вработувањето било „рангирано прилично ниско“ меѓу работите што се најважни во животот. Но, во неразвиените земји, вработувањето котирало толку високо што стигнало на првото место! Да, кога луѓето се сиромашни, најважно им е да преживеат од ден за ден. Како што земјите се развиваат економски, на луѓето им стануваат поважни работите како што се здравјето, среќниот семеен живот и изразувањето на сопствената личност.

Поради технолошкиот напредок, ваквите вредности што испливуваат на површина сигурно ќе влијаат и врз земјите во развој. Списанието The Futurist забележува: „Нашите верувања и вредности се обликувани од она што го гледаме и слушаме“. Според тоа, масовните медиуми имаат огромно влијание врз вредностите на Западот. Во The Futurist стои: „Овие медиуми вршат влијание во целиот свет“.

Според тоа, какви промени гледаме во ставовите и однесувањето? Како влијае врз Вас и врз Вашето семејство тоа што вредностите се менуваат?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели