ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/9 стр. 4-6
  • Дали вредностите се губат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали вредностите се губат?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Други вредности што се рушат
  • Колку вреди човечкиот живот?
  • Потребен е морален компас
  • Зошто вредностите се менуваат
    Разбудете се! 2003
  • Колку е важно да имаат морални вредности
    Разбудете се! 2019
  • Променети вредности — дали ја чувствувате загубата?
    Разбудете се! 2003
  • Морални вредности со права вредност
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/9 стр. 4-6

Дали вредностите се губат?

ЕДЕН од најголемите подароци што родителите можат да им го дадат на своите деца е безусловната љубов и еден збир на вредности според кои родителите живеат, а не се само теорија.

Без исправни вредности, животот е само сурова борба за преживување. Вредностите му даваат смисла на животот. Според нив се утврдуваат приоритети. Со нив се поставуваат морални граници и се одредуваат правилата на однесување.

Па сепак, многу традиционални вредности брзо се менуваат. На пример, професор Роналд Инглехарт вели дека „општеството се движи кон сексуални норми што му даваат поголема слобода на индивидуалното сексуално задоволување и на изразувањето на сопствената личност“. Во една Галупова анкета од 1997 што била спроведена во 16 земји, жителите биле прашани кое е нивното гледиште во врска со тоа колку е морално да се раѓаат вонбрачни деца. Галуповата анкета известува: „Прифаќањето на овој модерен начин на живот се движи од 90% нагоре во делови од Западна Европа до помалку од 15% во Сингапур и Индија“.

Некои ја пофалуваат оваа нова сексуална слобода. Меѓутоа, The Rise of Government and the Decline of Morality (Подемот на владата и падот на моралот), од Џејмс А. Дорн, ги наведува „распространетоста на вонбрачни деца“ и „распадот на семејствата“, како „очигледни знаци на морален распад“.

Други вредности што се рушат

И други традиционални вредности значително опаднале. Анкетата на светски вредности, што ја предводи професор Инглехарт, известува за „намалување на почитта кон авторитетот“ во развиените земји.

Друга традиционална вредност е добрата работна етика. Меѓутоа, постои доказ дека и таа слабее. Во Соединетите Држави, Државната федерација за независен бизнис анкетираше повеќе од половина милион работодавци. „Триесет и еден процент од анкетираните рекле дека било тешко да најдат соодветни луѓе за слободните работни места, а 21 процент рекле дека квалитетот на работната рака општо земено бил слаб“. Еден работодавец вели: „Станува сѐ потешко да се најдат работници што ќе доаѓаат на работа секој ден, на време и трезни“.

Овој тренд на полошо можат да го забрзаат некои економски сили. Додека профитот се намалува, работодавците ги отпуштаат вработените или им скратуваат извесни бенефиции. Списанието Ethics & Behavior наведува: „Вработените што биле жртва на ваков недостиг на лојалност и одговорност почнуваат да покажуваат слично негативно однесување кон своите работодавци. Не се посветуваат на напорната работа затоа што утре работникот можеби повеќе нема да биде вработен“.

Уште едно подрачје на кое вредностите значително се намалиле е пристојното однесување и учтивоста. Една анкета во Австралија заклучила: „Повеќе од 87,7% од работодавците известиле [дека] лошото однесување во канцеларија влијае врз моралот на вработените“. Во една анкета на бизнисмени што била спроведена во САД, „осумдесет проценти од испитаниците известиле пораст на неучтивост во деловните односи“. Според новинската агенција Си Ен Ен, „лошото услужување на муштериите станало толку раширена појава што речиси половина од анкетираните рекле дека во текот на минатата година тоа било причина да излезат од некоја продавница без да купат ништо. Половина испитаници рекле дека често гледаат како луѓето разговараат на мобилен телефон гласно и при тоа им сметаат на другите. А шест од секои 10 возачи рекле дека редовно гледаат како другите возат агресивно или невнимателно“.

Колку вреди човечкиот живот?

Во некои случаи, луѓето велат дека прифатиле извесни „вредности“, но нивните зборови не се секогаш поткрепени и со дела. На пример, Институтот за глобална етика анкетирал претставници од 40 земји. Четириесет проценти ја избрале „почитта кон животот“ како една од првите пет „најважни“ вредности.a

Меѓутоа, што се случува во праксата? Секако дека развиените земји имаат доволно средства за да му стават крај на голем дел од човечкото страдање. Но, една книга што во 1998 ја напишала Керол Белами, генерален директор на Детскиот фонд при Обединетите нации, забележала дека неисхранетоста „има свој удел во повеќе од половина смртни случаи годишно на речиси 12 милиони деца под петгодишна возраст во неразвиените земји, што е број кој не се повторил откако Црната смрт пустошеше низ Европа во 14 век“. Таквите извештаи се алармантни за сите што го ценат човечкиот живот. „Сепак“, забележува Белами, „светската криза со неисхранетоста не предизвика голема загриженост, и покрај јасните и сѐ поголеми научни докази за опасноста. Повеќе внимание се обрнува на обртот на светските берзи отколку на огромниот деструктивен потенцијал на неисхранетоста — или на подеднакво моќните користи од здравата исхрана.“

Необично искривено гледиште за животот е очигледно и во медицинските кругови. Во 1970-тите, бебе родено откако поминало 23 седмици во утробата речиси немало шанси да преживее. Денес, можеби 40 проценти од таквите предвреме родени бебиња можат да преживеат. Со оглед на ова, колку само е иронично тоа што во целиот свет, како што се проценува, секоја година се извршуваат 40 до 60 милиони абортуси! Повеќето од тие абортуси се на фетуси што се само неколку недели помлади од предвреме родените бебиња кои лекарите водат борба да ги одржат во живот! Зарем ова не укажува дека владее голема морална збрка?

Потребен е морален компас

Кога им било поставено прашањето: „Што Ви е најневажно во животот?“, повеќето од анкетираните од Галуповиот институт избрале „да бидам верен на мојата религија“ како едно од две најневажни работи. Затоа, не изненадува тоа што луѓето сѐ помалку одат в црква. Професор Инглехарт укажува дека напредокот во западните земји „создал беспримерно чувство на сигурност“ и дека „ова ја намалило потребата од успокојувањето што традиционално го дава религијата“.

Сѐ помалата доверба во организираната религија има паралела во губењето на довербата во Библијата. Во една меѓународна анкета, анкетираните биле прашани на кого или на што се потпираат за да одредат што е морално исправно. Повеќето го навеле личното искуство. „Божјата реч била ставена дури на второ место“, вели извештајот од анкетата.

Не е чудо што вредностите се менуваат на полошо! Недостигот на морален компас, заедно со сѐ поголемото нагласување на материјалистичките цели и себичниот индивидуализам, унапредил култура на алчност и рамнодушност кон чувствата на другите. Кои важни работи биле изгубени како резултат на ваквите промени?

[Фуснота]

a Пред повеќе од 50 години, Обединетите нации ја прифатија Универзалната декларација за човекови права. Член 1 од таа Декларација наведува: „Сите човечки суштества се родени слободни и еднакви во достоинството и во правата“.

[Слики на страници 4 и 5]

Распадот на семејствата, лошата работна етика и некултурното однесување се карактеристика на денешните вредности што исчезнуваат

[Слика на страница 6]

Секоја година се абортираат милиони бебиња, кои се само неколку недели помали од ова предвреме родено бебе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели