ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/9 стр. 10-11
  • Влада што ќе ги застапува Божјите вредности

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Влада што ќе ги застапува Божјите вредности
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е Божјето Царство
  • Библиски вредности
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
  • Променети вредности — дали ја чувствувате загубата?
    Разбудете се! 2003
  • Морални вредности со права вредност
    Разбудете се! 2013
  • 7. Вредности
    Разбудете се! 2018
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/9 стр. 10-11

Влада што ќе ги застапува Божјите вредности

ЗАМИСЛЕТЕ СИ свет во кој ќе има само една влада за луѓето од сите раси и јазици. Замислете си влада што е позната по тоа што ги штити највозвишените вредности и што ги искоренила војната, омразата, криминалот, сиромаштијата, загадувањето, болеста, па дури и смртта!

‚Прекрасно, но невозможно‘, можеби ќе речете. Но, тоа не е невозможно. Всушност, тоа е неизбежно. Исус Христос ветил една таква влада. Тој ги поучил своите следбеници да се молат за неа: „Молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата, нека се свети името твое. Нека дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘ “ (Матеј 6:9,  10).

Можеби Ви се познати зборовите од оваа молитва, бидејќи милиони луѓе во целиот свет ја знаат или чуле за неа. Но, дали некогаш внимателно сте размислиле за тоа што навистина значат тие зборови? Забележете дека тоа Царство е поврзано со извршувањето на Божјата волја на земјата. Тогаш, што е Божјето Царство? И која е Божјата волја за земјата?

Што е Божјето Царство

Според една дефиниција, царство е влада на чие чело стои цар. Божјето Царство е средство со кое Јехова Бог ја изразува својата универзална сувереност. Тоа е царска влада на чие чело е неговиот Син, Исус Христос. А Божјата волја во врска со земјата јасно и едноставно е изразена во Псалм 37:10, 11: „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир“.

Затоа, ако сте изгубиле надеж заради тоа што вредностите во овој свет се расипуваат, не обесхрабрувајте се. Библијата ветува дека наскоро условите и вредностите во светот ќе претрпат драстична промена. Ветувањето дека Божјето Царство наскоро ќе владее над земјата и ќе ги спроведе Божјите вредности е сигурна основа за надеж.

Ако научиме да имаме доверба во ветувањата за Божјето Царство, тоа може да го зголеми нашето чувство на сигурност. Размислете за вредностите што се поврзани со владеењето на тоа Царство: „Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата: Ги прекрати војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:8, 9). Колку само прекрасно ветување за мир и сигурност!

Во едно пророштво во врска со Царот на Божјето Царство, Исус Христос, во Псалм 72:12—14 стои: „Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи“.

Библиски вредности

Размислете за некои вредности што ги истакнува Библијата: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Друга: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6).

Библијата исто така нѐ поучува дека сите сме одговорни според кои вредности избираме да живееме. Размислете за стихот од Проповедник 11:9: „Радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сѐ тоа“. Одговорноста за нашите постапки директно се гледа од Пословици 2:21, 22: „Праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа; а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа“.

Со ваква позитивна надеж за една праведна влада, колку само е корисно да стекнеме блиско пријателство со Бог! Дружењето со други што исто така сакаат да бидат поданици на Божјето Царство ќе ни помогне да ги зголемиме изгледите да го доживееме владеењето на неговото славно Царство и плодовите на прекрасните вредности што ќе ги застапува тоа.

[Слика на страница 10]

Кротките „ќе ја наследат земјата“ и „ќе уживаат во изобилен мир“ (ПСАЛМ 37:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели