ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/2 стр. 3
  • Колку е голема заканата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку е голема заканата?
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Кога микробите нема да му штетат никому
    Разбудете се! 2004
  • Тие отпорни микроби — како се појавуваат повторно
    Разбудете се! 2004
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
  • Мудро користете ги лековите
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/2 стр. 3

Колку е голема заканата?

ВО ОКТОМВРИ 1997, кога Холи Молин била бебе од три седмици, добила инфекција на увото. Бидејќи инфекцијата не се повлекла за неколку дена, лекарот ѝ препишал еден од поновите антибиотици. Тоа требало да биде чисто рутинска терапија, но не испаднало така. Инфекцијата повторно се појавила и тоа се случувало по секоја терапија со антибиотици.

Во првата година од својот живот, Холи била лекувана со 17 видови антибиотици. Потоа, кога имала 21 месец, ја добила најтешката инфекција. Откако 14 дена интравенозно примала антибиотик што ѝ го препишале откако не помогнало ништо друго, инфекцијата конечно се повлекла.

Ваквите случаи стануваат сѐ повообичаени, и тоа не само кај бебињата и кај постарите. Луѓе на сите возрасти се разболуваат, па дури и умираат од инфекции што некогаш можеле лесно да се излекуваат со антибиотици. Всушност, микробите што ги преживуваат терапиите со антибиотици претставуваат сериозен проблем во некои болници уште од 1950-тите. Потоа, во текот на 1960-тите и 1970-тите, микробите што станале отпорни на антибиотици се рашириле и надвор од болниците.

Со текот на времето, истражувачите на полето на медицината почнале да го наведуваат претераното користење антибиотици кај луѓето и животните како главна причина за порастот на микроби отпорни на антибиотици. Во 1978, едно од тие медицински лица рекло дека претераната употреба на антибиотици е „сосема вон контрола“. Така, до 1990-тите, низ целиот свет во весниците се појавувале вакви наслови: „Пристигнуваат супермикробите“, „Супермикробите фаќаат корен“, „Опасни лекови — претераната употреба на антибиотици создава супермикроби“.

Дали целта било само да се предизвика сензација во јавноста? Според угледни медицински организации, одговорот е не. Во еден извештај за заразни болести во 2000, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) навел: „Во самиот почеток на новиот милениум, човештвото се соочува со уште една криза. Болестите што некогаш можеа да се излекуваат . . . сега се опремени со сѐ понепробоен оклоп што ги прави отпорни на антимикробни средства“.

Колку е сериозна оваа криза? „Ваквиот вознемирувачки развој [на микроби отпорни на лекови] ги затвора вратите на можноста да се лекуваат заразните болести“, известила СЗО. Денес, многу авторитети на ова поле дури велат дека човештвото се враќа во „ерата пред антибиотиците“, кога не постоеле антибиотици за лекување на инфекциите.

На кој начин отпорните микроорганизми успеале да го освојат светот, надмудрувајќи ги современите научни изуми? Може ли човек да стори нешто за да се заштити себеси и другите? И кои решенија во блиска иднина ќе помогнат во борбата против микробите што се отпорни на антибиотици? Во следните статии ќе добиеме одговор на овие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели