ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/5 стр. 13-15
  • Како да најдам време за домашните задачи?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да најдам време за домашните задачи?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде да најдам време?
  • Најважните работи на прво место
  • ‚Откупи си‘ време додека си на училиште
  • Користи го времето поефикасно
  • Како да излезам на крај со домашните задачи?
    Младите прашуваат
  • ‚Стварно е премногу!‘
    Разбудете се! 2009
  • Како да бидам подобар ученик?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Што да правам со толку многу домашни задачи?
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/5 стр. 13-15

Младите прашуваат . . .

Како да најдам време за домашните задачи?

„Учам во четврта година средно училиште и се наоѓам под ненормален стрес . . . Морам да направам многу проекти и да подготвам многу презентации, а тоа не е мала работа. Немам време кога да ги завршам“ (Една 18⁠-годишна девојка).

ДАЛИ чувствуваш дека купот домашни задачи што секој ден ги носиш дома од училиште ти станува претежок товар? Ако е така, знај дека не си само ти во таа ситуација. „Училиштата во САД им задаваат сѐ повеќе домашни задачи на учениците во обидот да ги подигнат своите стандарди — како и резултатите што се постигнуваат на стандардните тестови“, вели еден новински извештај од Соединетите Држави. „Во некои места, средношколците велат дека секоја вечер поминуваат по повеќе од три часа на домашни задачи. Истражувањето што го спроведе еден универзитет во Мичиген укажува дека децата денес имаат трипати повеќе домашни задачи отколку децата пред 20 години.“

Но, учениците во Соединетите Држави не се единствените што се преоптоварени со домашни задачи. На пример, додека 30 проценти од 13⁠-годишниците во таа земја известиле дека трошат повеќе од два часа секој ден за да ги завршат домашните задачи, на Тајван и во Кореја таа цифра изнесува 40 проценти, а во Франција преку 50 проценти. „Понекогаш навистина чувствувам огромен стрес кога ќе ми се насоберат домашни задачи“, воздивнува Кети, студентка од САД. Истото го чувствуваат Мерлин и Белинда, кои одат на училиште во Марсеј (Франција). „Честопати навечер поминуваме по два или повеќе часа на домашни задачи“, вели Мерлин. „Кога имаш и други одговорности, тешко е да најдеш време за домашното.“

Каде да најдам време?

Зарем не би било убаво кога би можел да го продолжиш денот за неколку часа кога ќе ти треба за да ги завршиш домашните задачи и сѐ друго што имаш? Всушност, би можел да постигнеш нешто слично ако извлечеш поука од библиското начело што се наоѓа во Ефешаните 5:15, 16: „Строго пазете да не одите како немудри, туку како мудри, откупувајќи си го поволното време зашто деновите се зли“. Иако библискиот писател не ги имал на ум домашните задачи кога ги запишал овие зборови, тоа начело може да се примени на секојдневниот живот. Кога купуваш некоја работа, мораш да се откажеш од нешто друго за да ја добиеш. Поентата е дека, за да најдеш време за учење, ќе мора да се откажеш од нешто друго. Но, од што?

„Направи си список на работите што треба најпрво да ги завршиш“, советува младата Џилијан. Со други зборови, постави си приоритети. Христијанските состаноци и духовните работи треба да бидат на прво место на списокот. Исто така, не заборавај ги ниту семејните одговорности, секојдневните обврски низ дома и, се разбира, домашните задачи.

Потоа, обиди се да водиш евиденција за тоа како навистина го трошиш времето во текот на една седмица. Можеби ќе се изненадиш од она што ќе го откриеш. Колку време трошиш на гледање телевизија? На серфување на Интернет? На кино? На зборување по телефон? На гости кај пријатели? Сега, спореди ја твојата евиденција со списокот на приоритети. Можеби ќе треба само да погледнеш колку време поминуваш пред телевизорот, на телефон или на Интернет за да сфатиш од кои работи можеш да откупиш многу повеќе време!

Најважните работи на прво место

Ова не значи дека треба целосно да се откажеш од телевизорот или да се изолираш од сѐ. Можеби ќе треба да се држиш за правилото „Најважните работи на прво место“. Еден библиски стих што може да се примени во врска со ова гласи: ‚Уверете се во поважните работи‘ (Филипјаните 1:10). На пример, бидејќи е важно да се школуваш, можеш да си поставиш правило да не го вклучуваш телевизорот сѐ додека не ги завршиш сите обврски, додека не се подготвиш за христијанските состаноци и додека не завршиш со домашните задачи. Точно, можеби нема да ти биде мило да ја пропуштиш омилената емисија на телевизија. Но, биди искрен, колку пати си седнал со намера да ја гледаш само омилената емисија и на крајот си останал пред телевизорот цела вечер — и не си сработил ништо друго?

Од друга страна, пак, треба да му придадеш доволна важност и на присуството на христијанските состаноци. На пример, ако знаеш дека ти претстои некој важен тест или дека ќе ти зададат домашна задача, би можел да се подготвиш доволно рано за да не ти се случи да ги пропуштиш состаноците. Можеш дури и да се обидеш да разговараш со твоите наставници и да им кажеш дека многу би ценел ако доволно однапред би ти кажале дека ќе ти зададат домашна задача оние денови кога ќе имаш состанок. Можеби некои од наставниците ќе ти излезат во пресрет.

Едно друго корисно начело можеме да најдеме во библискиот извештај за Марта, која му била пријателка на Исус. Таа била многу зафатена и вредна жена, но не ги поставила исправно своите приоритети. Во една прилика се преморила додека подготвувала веројатно богат ручек за Исус, додека сестра ѝ Марија не ѝ помагала туку слушала што зборува тој. Кога Марта се пожалила на тоа, Исус ѝ рекол: „Марта, Марта, тегобно се грижиш и се вознемируваш за многу работи. А потребни се малку, или само една. Што се однесува до Марија, таа го избра добриот дел, и тој нема да ѝ се одземе“ (Лука 10:41, 42).

Што учиме од ова? Не ги комплицирај работите. Како можеш да го примениш ова начело во твојата ситуација? Па, дали „тегобно се грижиш и се вознемируваш за многу работи“ — можеби на тој начин што се обидуваш истовремено да жонглираш со домашни задачи и со некоја хонорарна работа? Ако работиш, размисли дали на твоето семејство навистина му требаат тие пари или само ги собираш за да си купиш нешто што го сакаш, но не ти е навистина потребно.

На пример, во некои земји младите едвај чекаат да си купат автомобил. Советникот за средно училиште Карен Тарнер објаснува дека „денес врз младите се врши огромен притисок да имаат или да заработат пари затоа што автомобилот е скап за одржување“. Меѓутоа, Тарнер заклучува: „Кога покрај сите школски обврски преземаш и други, како што се воншколски активности и работа, многу си отежнуваш. Тоа претставува преголем товар за еден ученик“. Зошто да се претоваруваш кога не мораш? Ако страда учењето, тогаш можеби ќе треба да работиш помалку време, или сосема да престанеш да работиш.

‚Откупи си‘ време додека си на училиште

Освен тоа што ќе се обидуваш да си најдеш повеќе време по часовите, размисли и за тоа како можеш подобро да го искористиш времето додека си на училиште. Можеш да пробаш да завршиш колку што е можно повеќе домашни задачи додека си на училиште како, на пример, за време на одморите или кога имаш празен час. Хосуе го прави тоа и вели: „Така можам да го прашам наставникот ако не сум разбрал нешто на часот тој ден.“

Друга работа за која можеш да размислиш е да одиш на помалку факултативни часови. Исто така, можеби нема да биде лошо да прекинеш со некои воншколски активности во кои си вклучен. Ако направиш промени на овие подрачја, можеш да имаш додатно време за учење.

Користи го времето поефикасно

Да речеме дека веќе си направил жртви и промени и дека си нашол малку повеќе време за домашните задачи. Колку ефикасно ќе го искористиш тоа време? Ако за истото време можеш да завршиш 50 проценти повеќе домашни задачи, тоа е исто како да си добил 50 проценти повеќе време, зарем не? Еве некои предлози за тоа како да ја подобриш својата ефикасност.

◼ Направи си план. Пред да почнеш со домашните задачи, размисли малку за следниве работи: Кој предмет ќе го учиш прв? Колку време ќе ти треба? Какви материјали — книги, листови, пенкала, дигитрон — ќе ти бидат потребни за да го завршиш?

◼ Најди си место за учење. Идеално би било ништо да не ти го одвлекува вниманието. ‚Ако имаш биро, користи го‘, вели младата Елис. ‚Полесно се концентрираш кога седиш отколку кога лежиш в кревет.‘ Ако немаш своја соба, можеби твоите браќа и сестри ќе сакаат да те остават малку на мир додека учиш. Или, пак, би можел да појдеш во некој парк или во библиотека. Ако имаш своја соба, не отежнувај си го учењето со тоа што ќе го вклучиш телевизорот или ќе слушаш музика и истовремено ќе се обидуваш да учиш.

◼ Прави си паузи. Ако по некое време изгубиш концентрација, направи си кратка пауза што ќе ти помогне пак да ти се врати концентрацијата.

◼ Не одолговлекувај! „Постојано одолговлекувам“, вели Кети, цитирана претходно. „Секогаш чекам до последен момент за да седнам и да ја сработам задачата.“ Избегни го одолговлекувањето со тоа што ќе си направиш конкретен распоред за да ги завршиш домашните задачи и ќе се држиш за него.

Училиштето е важно, но, како што ѝ укажал Исус на Марта, најважни се духовните работи — „добриот дел“. Не дозволувај поради домашните задачи да немаш време за толку важни активности како што се читањето на Библијата, учеството во службата и присуството на христијанските состаноци. Тие работи ќе го збогатат твојот живот во сета вечност (Псалм 1:1, 2; Евреите 10:24, 25).

[Слики на страница 15]

Ако се обидуваш да жонглираш со премногу активности, тешко ќе најдеш време за домашните задачи

[Слика на страница 15]

Добрата лична организација ќе ти помогне да најдеш повеќе време за да ги завршиш домашните задачи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели