ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 28-29
  • Дали можат да се совладаат лошите навики?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали можат да се совладаат лошите навики?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Желбата наспроти постапката
  • Можно е да се направи промена
  • Нека навиката дејствува во твоја корист
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • 1. Биди реален
    Разбудете се! 2016
  • Увод
    Разбудете се! 2016
  • Како да им одолеете на грешните желби?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 28-29

Гледиште на Библијата

Дали можат да се совладаат лошите навики?

ПИСАТЕЛОТ Марк Твен еднаш ја кажал следнава духовита забелешка: „Најлесно на светот е да престанеш да пушиш. Знам дека е така затоа што тоа го направив илјадници пати“. Во оваа жална но вистинита забелешка на Твен несомнено ќе се пронајдат многу луѓе. Иако можеби добро сфаќаат дека извесни навики се морално неисправни, па дури и штетни, тие исто така знаат дека сосема друга приказна е како да им одолеат и да ги совладаат. Навиките можат да станат длабоко вкоренети низ годините и можат да бидат непопустливи, колку и да се трудиме да ги промениме. Обидот да ги контролираме таквите копнежи може да биде заморен, па дури и болен.

Д-р Ентони Даниелс, лекар што работи во еден затвор, забележува дека престапниците честопати тврдат дека станале беспомошни робови на своите опсесии и расипани желби. Кога човек ќе стане зависник од нешто, тврдат тие, „со него управува еден ужасен нагон на кој не може да му одолее“. Ако таквото резонирање е точно, тогаш никој од нас не би требало да се смета за одговорен кога ќе постапи во склад со своите нагони. Но, дали е точно дека ние сме беспомошни жртви на нашите внатрешни нагони и желби? Зар лошите навики навистина не можат да се совладаат? За да добиеме меродавен одговор, да видиме што вели Библијата.

Желбата наспроти постапката

Библијата јасно кажува дека пред Бог сме одговорни за своите постапки (Римјаните 14:12). Исто така, тој бара од нас да живееме во склад со неговите праведни мерила (1. Петрово 1:15). Како наш Творец, тој знае што е најдобро за нас и неговите начела осудуваат многу навики што се вообичаени во овој свет (1. Коринќаните 6:9, 10; Галатите 5:19—21). Меѓутоа, тој исто така е реален и сочувствителен во поглед на она што го очекува од несовршените луѓе (Псалм 78:38; 103:13, 14).

Затоа, псалмистот напишал: „Ако си спомнуваш, Господи, за гревот, Господи, кој ќе опстане?“ (Псалм 130:3). Јехова многу добро знае дека „склоноста на човечкото срце е зла од неговата младост“ (Битие 8:21, NW). Поради нашето генетичко наследство, вродените слабости и искуствата што сме ги имале во минатото, невозможно е да ги избегнеме сите лоши мисли и желби. Затоа, Јехова покажува голема љубов кон нас со тоа што не бара да бидеме совршени (Второзаконие 10:12; 1. Јованово 5:3).

Меѓутоа, разбирањето што го покажува Бог не нѐ ослободува од одговорноста да ги контролираме лошите желби. Иако апостол Павле признал дека и самиот тој водел борба против лошите желби, тој не се предал (Римјаните 7:21—24). „Го бијам своето тело“, рекол тој, „и го водам како роб.“ Зошто? „За откако сум им проповедал на другите, на некој начин самиот да не се најдам неодобрен“ (1. Коринќаните 9:27). Да, неопходно е да покажеме самосовладување во борбата против грешните склоности и навики за на крајот успешно да ги победиме.

Можно е да се направи промена

Специјалистите што го изучуваат човечкото однесување велат дека лошите навики, исто како и добрите, се учат и се стекнуваат со текот на времето. Ако е тоа точно, тогаш лошите навики можат исто толку сигурно и да се одучат! Како? „Мислете на тоа колкава корист ќе имате ако излезете од стариот калап“, велат авторите на една книга во врска со тоа како да се справите со стресот. Потоа „запишете си на ливче како би можел да се подобри Вашиот живот ако се промените“. Да, тоа што ќе мислиме на користите од промената на нашето лошо однесување може да нѐ мотивира да се промениме.

Да размислиме за советот на апостол Павле ‚да се обновиме во силата која го задвижува нашиот ум‘ (Ефешаните 4:22, 23). Таа сила е наша доминантна умствена склоност. Можете да ја промените ако му се приближите на Бог и ако стекнете ценење за неговите мерила. Тоа што ќе знаете дека му угодувате на Јехова ќе Ви даде поттик да ги направите потребните промени (Псалм 69:30—33; Пословици 27:11; Колошаните 1:9, 10).

Се разбира, нема да ни биде лесно да се ослободиме од лошите навики што со години управувале со нашиот живот. Не треба да ја потценуваме борбата што нѐ чека. Сигурно ќе има падови и неуспеси. Но, бидете уверени дека со текот на времето работите обично се подобруваат. Колку повеќе се трудите, толку повеќе новиот начин на однесување ќе станува дел од Вас.

Освен тоа, оној што го сака Бог може да биде уверен дека тој ќе му помогне и ќе го благослови. „Бог е верен“, ветува апостол Павле, „и нема да дозволи да бидете искушани повеќе од она што можете да го носите, туку . . . ќе направи и излез за да можете да го поднесете“ (1. Коринќаните 10:13). Наскоро, Јехова Бог ќе го уништи овој злобен систем на работи и сите негови подли искушенија, расипани желби и копнежи (2. Петрово 3:9—13; 1. Јованово 2:16, 17). Сите несовршени луѓе што ќе го преживеат овој настан ќе можат со текот на времето да бидат потполно и трајно ослободени од сите страдања — физички, душевни и емоционални. „Поранешните [работи] веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум“, ветува Бог (Исаија 65:17). Некои од тие ‚поранешни работи‘ несомнено ќе бидат копнежите и желбите што нѐ измачувале. Зарем тоа не е голема причина да даваме сѐ од себе денес за да им одолееме и да се бориме против лошите навики?

[Рамка/слики на страница 29]

КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО ЛОШИТЕ НАВИКИ

1. Препознајте ги и признајте си ги лошите навики. Запрашајте се: ‚Дали оваа навика навистина е корисна? Дали ги нервира другите? Дали влијае врз моето здравје, финансии, среќа, семејство или душевен мир? Колку подобро би ми било без неа?‘

2. Заменете ја лошата навика со нешто позитивно. На пример, дали трошите премногу време на Интернет, можеби гледајќи лош материјал? Тогаш, испланирајте го тоа време за корисни активности: читање, проучување или вежбање.

3. Следете го напредокот. Секој ден размислувајте по неколку минути за напредокот што сте го постигнале. Ако пак сте попуштиле, утврдете кои околности воделе до тој проблем.

4. Барајте помош од другите. Кажете им на пријателите и на семејството дека се обидувате да прекинете со таа навика и замолете ги да Ве потсетат кога ќе забележат дека сте на пат пак да ѝ се вратите. Разговарајте со други што успешно ја победиле истата навика (Пословици 11:14).

5. Бидете урамнотежени и реалистични. Не очекувајте успех преку ноќ. Некои навики што сме ги стекнувале со години не се искоренуваат така лесно.

6. Молете му се на Бог. Со Божја помош можете да престанете со секоја лоша навика (Псалм 55:22; Лука 18:27).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели