ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 15-17
  • Бидете точни!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете точни!
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Зошто да бидеме точни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Одложувањето — крадец на времето
    Разбудете се! 1995
  • Точност
    Разбудете се! 2016
  • Покажи ценење за Божјиот дом
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 15-17

Бидете точни!

„ДОЦНЕЊЕТО е хроничен проблем на директорите“, се известува во USA Today. „Тие доцнат на шест од десет состаноци“, се додава, наведувајќи резултати од една анкета спроведена меѓу 2.700 директори.

Во деловниот свет, на доцнењето не се гледа само како на показател за лоши манири. На темел на едно истражување спроведено на 81.000 лица што поднеле барање за вработување се дошло до следниов заклучок: „Изгубените часови поради доцнење и неоправдано отсуство од работа се главна причина за финансиските загуби“. Се разбира, доцнењето не создава проблеми само во деловниот свет. Една анкета на директори на средни училишта покажала дека „доцнењето на учениците било главен и најчест проблем што повлекувал дисциплински мерки“.

Нашиот Творец имал намера да бидеме свесни за течењето на времето. Тој поставил „две големи светила“ — сонцето и месечината — за да ни помогнат да го мериме времето (Битие 1:14—16). Во денешно време, современите часовници ни овозможуваат да го мериме времето во минути и секунди. Но, и покрај технологијата, на многумина од нас сѐ уште им е проблем да стигнат на време — на работа, на училиште или на други важни состаноци.

Дали проблемот секогаш лежи во тоа што немаме време? Точно е дека работата и семејството можат да бараат многу од нас. Сепак, една вработена мајка по име Ванда Росланд вели: „Престанав да се жалам дека немам доволно време кога сфатив дека сите имаме по 24 часа на ден. Размислував и увидов дека во нашиов современ свет, не е проблемот во тоа што имаме малку време туку во тоа што премногу работи нѐ прекинуваат и ни го одвлекуваат вниманието“.

Размислете и за Рене,a Јеховин сведок и мајка на пет деца. Таа кажува: „Кога моите деца беа малечки, ми беше предизвик да ги подготвам за училиште и за христијанските состаноци. Сепак, не ми беше проблем да стигнам на време. Но денес, кога тие пораснаа, стекнав лоша навика да доцнам“. Дали и Вие ја имате таа лоша навика? Ако да, можно е да се промените! Еве некои работи што можете да ги направите.

● МИСЛЕТЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ. Можеби не изгледа толку страшно постојано да се доцни. Но, размислете за овие зборови од Библијата: „Пцовисаната мува го засмрдува мирисливото масло, а и малку лудост му ја расипува мудроста и честа на чесниот“ (Проповедник 10:1). Да, само „малку лудост“ во облик на непокажување обѕир кон другите, може да Ви го расипе добриот глас кај наставникот или кај шефот.

Додека одела на предавања во некој локален колеџ, една жена по име Мари забележала дека некои од другите студенти „биле многу немарни во поглед на времето“ и често доцнеле. „Но, по кратко време мораа да се променат“, си спомнува таа. „Двајца професори инсистираа на точност. Затоа, ако некои од студентите доцнеа макар и само неколку минути, беа запишани како отсутни. А со одреден број изостаноци се губеше годината“.

Хроничното доцнење може да го расипе добриот глас што го имате кај пријателите и колегите. Еден средовечен човек по име Џозеф се сеќава на некој сохристијанин што го познавал пред децении. Иако тој човек бил почитуван поради своите способности како учител, имал една незгодна маана. „Секогаш доцнеше“, се сеќава Џозеф. „Мислам дека доцнеше секаде! Освен тоа, изгледаше како тоа воопшто да не го загрижува. Луѓето се шегуваа на сметка на неговото доцнење.“ Дали луѓето почнале да Ве спомнуваат како човек што секогаш доцни? Ако е така, лесно можат да ги превидат Вашите добри особини.

● МИСЛЕТЕ НА ДРУГИТЕ. Доцнењето е некултурно и им пречи на другите. Исто така, може да остави впечаток дека сте вообразени. Кога објаснил зошто толку многу деловни луѓе обично доцнат на состаноците, еден бизнисмен признал: „Повеќето од нас се само арогантни“. За разлика од тоа, христијаните ги третираат другите како подобри од себеси (Филипјаните 2:3). Исто така, тие го применуваат Златното правило и постапуваат со другите онака како што сакаат да се постапува со нив (Матеј 7:12). Дали се нервирате кога морате да чекате некого? Тогаш, не оставајте другите да Ве чекаат Вас.

● НАУЧЕТЕ КАКО ДА ГОСПОДАРИТЕ СО ВРЕМЕТО. Дали ги одолговлекувате работите и брзате во последен момент? Дали си поставувате премногу цели, обидувајќи се да завршите премногу работи за прекратко време? Може да Ви помогне начелото од Проповедник 3:1: „Сѐ има свое доба, и секоја работа под небото свое време“. Ако имате „свое време“ за сѐ, ќе можете да ги извршите работите уредно.

Најнапред, ставете ги на список работите што треба да ги завршите. Потоа, следете го начелото од Филипјаните 1:10: ‚Уверете се во поважните работи‘. Да, поставете си приоритети. Што мора да се направи по секоја цена? Кои работи можат без проблем да се одложат за подоцна? И на крајот, пресметајте колку време ќе Ви треба за да ги завршите работите и кога ќе можете да го направите тоа. Бидете реални и избегнувајте да планирате да завршите премногу работи за многу кратко време.

Една жена по име Дороти вели дека нејзините родители се заслужни што ја научиле да биде точна. Таа раскажува: „Ако требаше да бидеме на христијански состанок во 19.30, мајка ми почнуваше да нѐ подготвува еден час и 45 минути пред тоа. Моравме да планираме време за да вечераме, да ги измиеме чиниите, да се облечеме и да стигнеме до местото каде што се одржуваше состанокот. Едноставно стана нормален дел од нашиот живот да стигнуваме навреме“. Понекогаш е добро да оставите време за нешто што ќе Ви излезе непредвидено. Дороти вели: „Неодамна морав да однесам неколку души на состанок. По пат ми се дупна гумата. Ја поправив и сепак стигнав да ги земам навреме. Секогаш оставам време во случај да имам проблем со колата или да има густ сообраќај“.

● БАРАЈТЕ ПРЕДЛОЗИ ОД ДРУГИТЕ. Во Пословици 27:17 Библијата вели: „Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател“. Во склад со ова начело, разговарајте со другите чии околности се слични на Вашите — но тие сепак успеваат навреме да стигнат за сѐ. Честопати можат да Ви дадат многу корисни предлози.

Рене, цитирана во почетокот, е решена да се промени и да не доцни веќе. Таа вели: „Неодамна решив да се поправам. Иако не ми е баш лесно, полека почнав да се подобрувам“. Можете да се подобрите и Вие. Ако имате исправен став и ако се трудите, можете да научите да стигнувате навреме!

[Фуснота]

a Некои имиња се променети.

[Слики на страница 16]

Ако постојано доцните, ќе оставите лош впечаток кај работодавците и ќе покажете безобѕирност кон другите

[Слика на страница 17]

Ако имате добар личен распоред, нема да губите време

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели