ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/8 стр. 25-28
  • Зошто да бидеме точни?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да бидеме точни?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова — Бог што никогаш не доцни
  • Важно е да бидеме точни додека му служиме на Бог
  • Што ќе ни помогне да бидеме точни
  • Корист од тоа што ќе стигнеме навреме на христијанските состаноци
  • Стекни навика да бидеш точен
    Нашата служба за Царството 2014
  • Точност
    Разбудете се! 2016
  • Покажи ценење за Божјиот дом
    Нашата служба за Царството 1994
  • Однесувај се на начин достоен на добрата вест
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/8 стр. 25-28

Зошто да бидеме точни?

НЕ Е секогаш лесно да бидеме точни, односно да не доцниме. Долгиот пат, густиот сообраќај или, пак, натрупаниот распоред можат да нѐ спречат да стигнуваме навреме. Како и да е, важно е да бидеме точни. На пример, оној што не доцни на работа обично се смета за совесна и одговорна личност. Од друга страна, ако некој доцни на работното место, тоа може да влијае врз работата на другите и врз квалитетот на производите и услугите. Ученикот што доцни може да испушти некој час и, на крајот, доцнењето може лошо да се одрази на неговиот успех. Ако некој доцни на закажаниот термин кај лекар или заболекар, може да се случи да не добие соодветен третман.

Но, има делови од светот каде што на точноста не ѝ се придава голема важност. Ако тоа е случај и во нашето место, доцнењето лесно може да ни прејде во навика. Затоа, многу е важно да развиеме желба да бидеме точни. Ако сфатиме колку е важна точноста, тоа сигурно може да ни помогне да не доцниме. Зошто треба да бидеме точни? Како можеме да стигнуваме навреме? И каква корист ќе имаме ако сме точни?

Јехова — Бог што никогаш не доцни

Најважна причина зошто треба да бидеме точни е тоа што сакаме да се угледаме на Богот кому му служиме (Еф. 5:1). Јехова ни дава извонреден пример за точност. Тој никогаш не доцни. Бог стриктно се држи за својот временски распоред по кој ги исполнува своите намери. На пример, кога решил да го уништи злобниот свет со Потоп, Јехова му рекол на Ное: „Направи си арка од смолесто дрво“. Кога наближил крајот, Тој му рекол на Ное да влезе во арката, па додал: „По само седум дена ќе пуштам да врне дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи, и ќе го збришам од лицето на земјата секое суштество што го создадов“. А потоа, точно „по седум дена“, ‚водите на потопот се истуриле на земјата‘ (1. Мој. 6:14; 7:4, 10). Замисли што ќе им се случело на Ное и на неговото семејство доколку не влегле навреме во арката! Исто како Богот кому му служеле, и тие морале да бидат точни.

Околу 450 години по Потопот, Јехова му кажал на семејниот поглавар Авраам дека ќе му се роди син преку кој ќе дојде ветеното Потомство (1. Мој. 17:15-17). Бог рекол: „Сара ќе ти го роди [Исак] догодина во ова време“. Дали овие зборови се исполниле? Библијата вели: „Сара забремени и му роди син на Авраам во неговата старост, во времето за кое му беше рекол Бог“ (1. Мој. 17:21; 21:2).

Во Библијата има многу примери што покажуваат дека Бог не доцни (Ерем. 25:11-13; Дан. 4:20-25; 9:25). Таа нѐ поттикнува да го чекаме Јеховиниот иден ден на суд. Дури и да ни се чини дека предолго чекаме на тој ден, Бог нѐ уверува дека „нема да задоцни“ (Авак. 2:3).

Важно е да бидеме точни додека му служиме на Бог

Сите Израелци морале да пристигнат навреме и да бидат присутни на местото што било одредено за да ги прослават „Јеховините празници“ (3. Мој. 23:2, 4). Бог одредил и во кое време требало да се принесуваат извесни жртви (2. Мој. 29:38, 39; 3. Мој. 23:37, 38). Зарем ова не покажува дека Бог сака неговите слуги да бидат точни во работите поврзани со неговото обожавање?

Во првиот век, кога им дал упатства на Коринќаните во врска со тоа како да ги одржуваат христијанските состаноци, апостол Павле ги советувал: „Сѐ нека биде пристојно и така како што е редот“ (1. Кор. 14:40). Во склад со тој совет, христијанските состаноци на кои се славел Бог требало да почнат во одредено време. Јехова не го сменил своето гледиште за точноста (Мал. 3:6). Тогаш, што можеме да направиме за да стигнеме навреме на ваквите христијански состаноци?

Што ќе ни помогне да бидеме точни

Некои увиделе дека многу им помага тоа што однапред добро ги планираат работите (Изр. 21:5). На пример, ако треба да патуваме до состанокот кој почнува во одредено време, дали би било мудро да излеземе толку кнап од дома што одвај ќе стигнеме навреме? Зарем не би било паметно да тргнеме некоја минута порано за да не задоцниме, дури и ако попат ни се случи некој ‚непредвиден настан‘? (Проп. 9:11). „Секој може да стигне навреме доколку е свесен колку долго, всушност, треба да патува“, вели Хосе, младич што има навика да биде точен.a

Некои можеби ќе мораат да направат извесни промени да си заминат доволно рано од работа за да можат предвреме да стигнат на христијанските состаноци. Вака морал да постапи еден Сведок од Етиопија кога сфатил дека ќе доцни 45 минути на собраниските состаноци затоа што работи во смени. Се договорил тој ден кога има состанок еден колега да доаѓа порано за да го замени. За возврат, Сведокот се согласил да го менува колегата во текот на цела смена од 7 часа.

Ако имаме мали деца, може да биде особено тешко да стигнеме навреме на состанок. Иако обично мајката ги подготвува децата, и другите од семејството можат и треба да ѝ помогнат. Една сестра од Мексико, која се вика Есперанца, сама се грижи за осум деца. Тие сега се на возраст од 5 до 23 години. Есперанца објаснува како нејзиното семејство успева да стигне навреме: „Постарите ќерки ги облекуваат помалите деца. Така можам да завршам со работата низ дома и самата да се спремам за да тргнеме на состанок во одреденото време“. Значи, ова семејство има одредено време кога излегува од дома, и сите соработуваат за да можат да тргнат токму тогаш.

Корист од тоа што ќе стигнеме навреме на христијанските состаноци

Доколку мислиме на користите што ќе ги имаме ако не доцниме на христијанските состаноци, ќе се засили нашата желба и решеност да правиме сѐ што е можно за да стигнуваме навреме. Една млада жена по име Сандра, која има навика да доаѓа порано на состаноците, го вели следново: „Ми се допаѓа што така имам можност да се поздравам со браќата и сестрите, да позборувам со нив и подобро да ги запознаам“. Ако пристигнеме рано во Салата на Царството, можеме да се охрабриме кога разговараме со другите кои истрајно и верно му служат на Јехова. Со тоа што сме таму и водиме охрабрувачки разговори можеме да имаме добро влијание врз нашите браќа и сестри и да ги „поттикнуваме кон љубов и кон добри дела“ (Евр. 10:24, 25).

Песната и молитвата со кои се отвора секој христијански состанок се важен дел од нашето обожавање (Пс. 149:1). Нашите песни го слават Јехова, нѐ потсетуваат на особините што треба да ги развиваме и нѐ поттикнуваат радосно да ја вршиме службата. А што може да се каже за воведната молитва? Во старо време, Јехова го нарекол својот храм „дом на молитвата“ (Иса. 56:7). Денес се собираме на состаноците за да му упатуваме молитви на Бог. Со воведната молитва не само што бараме водство и свет дух од Јехова, туку и ги подготвуваме умот и срцето да ги примат информациите што ќе бидат изнесени. Треба да бидеме решени да стигнуваме на состаноците навреме за воведната песна и молитва.

Хелен, која има 23 години, ја наведува следнава причина зошто доаѓа рано на состаноците: „Уверена сум дека тоа е еден начин на кој можам да му покажам на Јехова дека го сакам, бидејќи тој ги обезбедува сите информации што ќе се кажат, вклучувајќи ги и песните и воведната молитва“. Зар не треба и ние да имаме слично гледиште? Да, треба. Затоа, да се трудиме да стекнеме навика да бидеме точни во сѐ што правиме, но особено во активностите што се поврзани со нашето обожавање на вистинскиот Бог.

[Фуснота]

a Имињата се сменети.

[Слика на страница 26]

Подготви се доста однапред

[Слика на страница 26]

Остави време за ‚непредвидени настани‘

[Слики на страница 26]

Извлечи корист од тоа што ќе доаѓаш порано на состаноците

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели