ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/14 стр. 2
  • Стекни навика да бидеш точен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стекни навика да бидеш точен
  • Нашата служба за Царството 2014
  • Сличен материјал
  • Зошто да бидеме точни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Точност
    Разбудете се! 2016
  • Покажи ценење за Божјиот дом
    Нашата служба за Царството 1994
  • Однесувај се на начин достоен на добрата вест
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2014
km 5/14 стр. 2

Стекни навика да бидеш точен

1. Каков пример ни дава Јехова?

1 Јехова никогаш не доцни. На пример, тој им помага на своите слуги токму тогаш кога им е потребно (Евр. 4:16). Исто така, им дава духовна „храна во вистинско време“ (Мат. 24:45). Затоа може да бидеме уверени дека денот на неговиот гнев „нема да задоцни“ (Авак. 2:3). Колку сме среќни што Јехова никогаш не доцни! (Пс. 70:5). Меѓутоа, бидејќи ние сме несовршени и имаме многу обврски, не ни е секогаш лесно да ги правиме работите навреме. Сепак, зошто треба да имаме навика да бидеме точни?

2. Зошто го славиме Јехова кога не доцниме?

2 Бидејќи во овие последни денови повеќето луѓе се себељубиви и без самосовладување, доцнењето е вообичаена појава (2. Тим. 3:1-3). Затоа, другите лесно забележуваат кога Божјите слуги доаѓаат навреме на работа, на состанок и во други прилики, и тоа му носи слава на Јехова (1. Пет. 2:12). Можеби стигнуваме навреме на работа, но дали имаме обичај да доцниме на христијанските состаноци? Со тоа што доаѓаме навреме на собраниските состаноци, уште пред да почнат песната и молитвата, покажуваме дека сакаме да се угледаме на нашиот небесен Татко кој никогаш не доцни (1. Кор. 14:33, 40).

3. Како покажуваме обѕир кон другите со тоа што не доцниме?

3 Ако не доцниме, покажуваме и обѕир кон другите (Фил. 2:3, 4). На пример, кога доаѓаме навреме на собраниските состаноци, во кои спаѓаат и состаноците за проповедање, не им пречиме на соверниците. Од друга страна, ако имаме навика да доцниме, на другите им оставаме впечаток дека нашето време го сметаме за поважно од нивното. Кога сме точни, покажуваме дека си стоиме на зборот, дека сме трудољубиви и доверливи — особини кои другите многу ги ценат.

4. Како може да се подобриме ако имаме навика да доцниме?

4 Ако имаш навика да доцниш, размисли кои се причините за тоа. Организирај ги своите активности така што ќе направиш реален план кој ќе ти овозможи да ги вршиш задачите навреме (Проп. 3:1; Фил. 1:10). Моли го Јехова да ти помогне (1. Јов. 5:14). Со тоа што ќе бидеме точни ќе покажеме дека ги почитуваме двете најважни заповеди од Законот — да го сакаме Бог и да го сакаме ближниот (Мат. 22:37-39).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели