ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/10 стр. 15
  • Најзагрозената мачка на Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најзагрозената мачка на Земјата
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2002
  • Загрозените видови под закрила на Пиринеите
    Разбудете се! 2009
  • Видови на кои им се заканува истребување
    Разбудете се! 2005
  • На работ на истребувањето
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/10 стр. 15

Најзагрозената мачка на Земјата

ОД ДОПСИНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШПАНИЈА

Очите и рефлексите на рисот се прочуени веќе долго време. Кога некој умее јасно да ги согледа работите, Шпанците за него ќе речат дека „има очи како рис“. За жал, иберискиот рис (Lynx pardinus) сега е познат по нешто друго, што нема никаква врска со видот или со неговата остроумност. Тој се смета за „најзагрозениот вид мачки во светот“.a

Пред многу години, иберискиот рис го имало во Португалија и во Шпанија, а веројатно дури на француските Пиринеи. Денес, неколку расеани групи преживуваат во југозападниот регион на Иберискиот (Пиринејскиот) Полуостров. Меѓутоа, само отприлика две од овие групи се доволно големи за да се размножуваат, а вкупниот број на рисови алармантно опадна.

Според некои проценки, бројот на ибериски рисови сега нагло се намали на помалку од 200. Што е причина за ваквото катастрофално намалување? Некои велат дека главна причина е сериозниот недостиг на неговата главна храна, зајакот, кој беше речиси истребен поради неколку епидемии на миксоматоза. Освен тоа, некои рисови паднале во стапиците на ловокрадците или, пак, настрадале на автопатиштата. Исто така, местата каде што живеат стануваат сѐ поретки и пооддалечени едно од друго. Еден недамнешен извештај на Светскиот фонд за зачувување на животинскиот свет во дивината забележува дека овие проблеми воделе до тоа сѐ помалата популацијата на рисови да се ограничи на сѐ помали подрачја.

Иако се одвоени околу 35 милиони долари за да се спаси загрозениот рис, една група експерти неодамна рекле дека ситуацијата е „драматична“. Според Николас Гусман, координатор на Националниот план за заштита на иберискиот рис, ‚само 22 до 32 женки се способни за репродукција‘ од преостанатите помалку од 200  животни во светот. Тој додал: ‚Преживувањето на овој вид ќе зависи од нив‘. За жал, приказната за иберискиот рис дава слика за состојбата во која се наоѓаат и многу други прекрасни суштества на Земјата.

[Фуснота]

a Иберискиот, односно шпанскиот рис е вброен меѓу „сериозно загрозените“ на Списокот на загрозени животни на кои им се заканува истребување, што го прави Меѓународната заедница за зачувување на природата и природните богатства.

[Извори на слики на страница 15]

Фотографија © Fernando Ortega

загрозен рис

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели