ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/8 стр. 7-11
  • Стресот може да се стави под контрола!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стресот може да се стави под контрола!
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да го контролираме стресот на работа
  • Да се намалат финансиските притисоци
  • Комуникацијата — лек против стресот
  • Родители и деца — како да комуницираат
  • Соработката — клуч за да се завршат домашните работи
  • Практични начини да го совладате стресот
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да се справиш со стресот
    Разбудете се! 2020
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/8 стр. 7-11

Стресот може да се стави под контрола!

„ВО ПОСЛЕДНИВЕ години, сѐ поголема е борбата да се постигне некаква рамнотежа меѓу работата, семејството и другите обврски.“ Вака се вели во една книга за семејниот живот што неодамна беше објавена. Да, живееме во многу стресно време. Но, ова воопшто не ги изненадува оние што ја проучуваат Библијата, зашто во неа е проречено дека ова ќе бидат „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“ (2. Тимотеј 3:1-5).

„Стресот е нешто нормално“, вели Хесус, татко на три деца. „Затоа морате да знаете како да го контролирате.“ Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Сепак, има практични предлози и библиски начела што можат да ни помогнат.

Да го контролираме стресот на работа

Дали сте под стрес поради условите на Вашето работно место? Ако само си собирате во себе, може да чувствувате уште поголем притисок. Како што вели Библијата во Пословици 15:22, „не успеваат намерите, каде што нема советување [доверлив разговор, NW]“.

Стручњаците што се занимаваат со истражување на стресот на работното место препорачуваат: „Разговарајте со својот работодавец: ако тој не знае дека имате проблем, не може ни да Ви помогне“. Ова не значи да ги истуриме бесот и нервозата. „Благоста ги спречува големите престапи“, се вели во Проповедник 10:4. Однесувајте се професионално и немојте да му приоѓате на работодавецот со цел да се карате. Можеби ќе можете да го убедите дека колку стресот на работа е помал толку поголема ќе биде продуктивноста.

Исто може да се каже и за други проблеми поврзани со работата, како што се затегнатите односи и кавгите со колегите. Пробајте да најдете ефикасен начин да ги решите таквите проблеми, можеби така што ќе побарате некои информации, доколку е потребно. Ова списание и претходно има објавено голем број статии што можеби ќе Ви помогнат.a Ако ситуацијата Ви изгледа безизлезна, можеби ќе биде најдобро да размислите да го смените работното место.

Да се намалат финансиските притисоци

Библијата ни дава совет што може да ни помогне да излеземе на крај и со финансиските притисоци. Исус Христос поттикнал: „Престанете тегобно да се грижите за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете, или за своето тело, што ќе облечете“ (Матеј 6:25). Како е можно тоа? Така што ќе имаме доверба дека Јехова Бог ќе се грижи за нашите основни потреби (Матеј 6:33). Ветувањата на Бог не се само празни зборови. За милиони христијани денес тие се вистинско охрабрување.

Се разбира, кога станува збор за пари, потребна ни е и мудрост (Пословици 2:7; Проповедник 7:12). Библијата нѐ потсетува: „Ништо не сме донеле на светов, па не можеме ништо ни да однесеме. Затоа, кога имаме храна и покрив, да бидеме задоволни со тоа“ (1. Тимотеј 6:7, 8). Да се биде задоволен со помалку е реалистично и практично. Да помислиме на Леандро, кој по една сообраќајна несреќа, останал врзан за инвалидска количка. Тој и неговата сопруга презеле некои чекори за да не трошат пари непотребно. Леандро објаснува: „Се трудиме да бидеме штедливи. На пример, ако во некоја соба нема потреба светлото да биде вклучено, ќе го исклучиме за да заштедиме струја. Што се однесува до автомобилот, за да штедиме гориво, однапред планираме каде ќе одиме и кои работи можеме да ги завршиме на едно излегување“.

Родителите можат да им помогнат на своите деца да имаат исправен став. Ќерката на Леандро, Кармен признава: „Склона сум да купувам сѐ и сешто, но родителите ми помогнаа да увидам што е навистина потребно а што не. Отпрвин ми беше тешко да се навикнам на тоа. Но, научив да го разграничам она што го сакам од она што ми треба“.

Комуникацијата — лек против стресот

Домот треба да биде оаза каде што ќе избегаш од стресот, но честопати тој знае да биде најголемиот извор на стрес. Зошто? „Брачните двојки . . . кои имаат помали проблеми, како и оние кои се непријателски настроени еден кон друг, како најчеста причина за неслога го наведуваат недостигот од комуникација“, се вели во книгата Survival Strategies for Couples.

Библиските начела можат да им помогнат на брачните двојки да ја подобрат својата способност за комуникација. Библијата вели дека има „време за молчење и време за зборување“ и „зборот во право време колку е добар!“ (Проповедник 3:1, 7; Пословици 15:23). Кога го знаеме ова, нема да започнеме некоја тема што ќе ги вжешти емоциите кога брачниот другар е уморен или кога е под стрес. Зарем не е подобро да почекаме кога ќе биде право време за тоа — кога брачниот другар ќе биде порасположен да слуша?

Точно, ако сме имале тежок ден на работа, можеби не е лесно да бидеме смирени или стрпливи. Но, што може да се случи ако му ја истуриме нервозата на брачниот другар и му изнакажеме груби зборови? Библијата нѐ потсетува дека „грубиот збор го зголемува гневот“ (Пословици 15:1). Спротивно на тоа, „љубезните зборови се мед во саќе, сладост на душата и лек на коските“ (Пословици 16:24). Можеби ќе треба да се вложат вистински напори за во брачните дискусии да нема „злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор“ (Ефешаните 4:31). Но, вреди да се вложи труд, зашто резултатите се одлични. Брачните партнери што отворено комуницираат можат да бидат извор на заемна утеха и поддршка. „Мудроста е во оние, кои примаат совет“, се вели во Пословици 13:10.b

Родители и деца — како да комуницираат

Комуникацијата со децата е вистински предизвик — особено кога немате многу време. Библијата ги поттикнува родителите да разговараат со своите деца во секоја прилика, како на пример, ‚кога седат дома во својата куќа и кога одат патем‘ ( Второзаконие 6:6-8). „Мораш да бараш прилики за разговор“, вели Леандро. „Кога сум во автомобилот со син ми, ја користам приликата да разговарам со него.“

Точно, не им е лесно на сите родители да разговараат со своите деца. Алехандра, мајка на три деца, признава: „Не знаев да слушам. Поради тоа што немавме добра комуникација чувствував бес и вина“. Како може еден родител да се поправи? Почнете така што ќе научите да бидете ‚брзи на слушање‘ (Јаков 1:19). „Најефикасно средство да се намали стресот е внимателно да слушате“, вели д-р Бети Јангс. Морате да внимавате како слушате. Кога детето Ви зборува, гледајте го в очи. Немојте да ги потценувате проблемите на децата. Поттикнете ги своите деца да Ви кажат како се чувствуваат. Поставувајте соодветни прашања. Слободно кажете им дека ги сакате и дека имате доверба дека ќе го направат исправното (2. Солуњаните 3:4). Молете се заедно со своите деца.

За да има добра комуникација, потребен е напор. Но, тоа ќе ви помогне да го намалите стресот во Вашето семејство. Комуникацијата може да Ви помогне да препознаете дали Вашите деца се под стрес. Ќе можете да им дадете помудар совет на своите деца ако ги разберете нивните чувства и она што им се случува. На крајот на краиштата, младите што добиваат поттик да разговараат за она што ги мачи, ќе бидат помалку склони да ги изразат тие негативни чувства преку лошо однесување.

Соработката — клуч за да се завршат домашните работи

Кога и мажот и жената се вработени, грижата за домашните работи може да стане уште еден извор на стрес. Некои вработени мајки успеваат така што ги поедноставуваат своите секојдневни домашни обврски. Можеби ќе заклучат дека не е ниту возможно ниту практично да подготвуваат обилни и комплицирани оброци. Да се сетиме на советот што Исус ѝ го дал на една жена што подготвувала обилен и комплициран оброк: „Потребни се малку, или само една [работа]“ (Лука 10:42). Затоа, поедноставете. Книгата The Single-Parent Family предлага: „Направете некоја манџа или некое друго јадење што може да се направи во еден сад за да имате помалку садови за миење“. Да, ако ги поедноставите своите секојдневни домашни обврски, можете да го намалите и стресот.

Дури и тогаш, веројатно ќе има уште многу работа низ дома. Една вработена мајка признава: „Кога бев млада, стигнував сѐ да завршам. Сега, кога сум постара, потешко ми оди. Брзото темпо на живот што го водам почна да си го зема данокот. Затоа, соработката на секој член од семејството е знак на обѕирност и ми помага да не бидам под преголем стрес“. Да, ако сите членови на семејството помагаат, работата низ дома ќе се заврши без да се става преголем товар врз некого. Една книга за воспитување деца вели: „Да им се дава на децата да завршат некои работи низ дома е најдобриот начин да стекнат . . . чувство дека вредат нешто. Со тоа што редовно ќе вршат такви работи ќе стекнат корисни навики и добар став кон работата“. Исто така, кога домашните работи се прават заедно, имате прилика да поминувате повеќе време со своите деца.

Младата Џулиета вели: „Гледам дека на мајка ми многу ѝ значи кога ќе преземам некои од нејзините обврски. Тоа ми носи задоволство и така се чувствувам одговорна. Ми помага повеќе да го ценам мојот дом. Тоа што научив да ги вршам домашните работи ќе ми биде од корист во иднина“. Мери Кармен вели нешто слично: „Уште кога бевме мали, нашите родители нѐ научија да се грижиме за себе. Тоа многу ни користи“.

Практични начини да го совладате стресот

Стресот е составен дел од современото живеење; не можеме да го избегнеме. Но, можеме да научиме да го контролираме. (Видете ја рамката на 10. страница.) Од помош може да ни биде да се држиме за библиските начела. На пример, ако Ве мачи некоја ситуација, не заборавајте дека „има пријател поприврзан од брат“ (Пословици 18:24). Разговарајте за она што Ве мачи со некој зрел пријател или со својот брачен другар. „Не собирајте си ги чувствата во себе“, вели социологот Роналд Питсер. „Доверете му ги своите чувства и грижи на некое трезвено лице кое ќе Ве разбере и ќе Ви покаже дека се грижи за Вас“.

Библијата зборува и за тоа ‚сам да си правиш добро‘ (Пословици 11:17). Да, сосема е во ред да се грижиш за своите потреби. Библијата вели: „Подобро е полн грст во мир, отколку двата грста со мачен труд и мака во духот“ (Проповедник 4:6). Ќе видите колку ќе Ви користи ако си издвоите време само за себе — макар и само неколку минути наутро за да уживате во филџан чај, да читате, да се молите или да размислувате во мир.

Умереното вежбање и здравата исхрана, исто така, се од голема помош. Една книга за воспитување деца нѐ потсетува: „Кога одвојувате нешто од своето скапоцено време и енергија само за себе, Вие си ги полните батериите, така да се каже . . . Ако нон-стоп само се трошите, морате да преземете нешто за повторно да се исполните со сила, инаку постои ризик да имате сѐ помалку и помалку сила, ако не и сосем да се исцрпите“.

Освен тоа, Библијата ни помага да ги развиеме особините што ни се потребни за да го совладаме стресот, како што се „благ нарав“, стрпливост и љубезност (Галатите 5:22, 23; 1. Тимотеј 6:11). Но, Библијата ни дава и повеќе од тоа — ни дава надеж. Во неа се наоѓа ветувањето за новиот свет кој е пред нас, свет во кој ништо нема да им нанесува мака и болка на луѓето! (Откровение 21:1-4). Затоа, мудро е да имаме навика секој ден да ја читаме Библијата. Доколку Ви треба помош во тоа, на Јеховините сведоци ќе им биде мило бесплатно да Ви помогнат.

Ова не значи дека христијаните немаат никакви стресови во животот. Но, Исус рекол дека можеме да избегнеме срцето ‚да ни отежне . . . од животните грижи‘ (Лука 21:34, 35). Исто така, ако станете пријатели со Јехова Бог, тој може да Ви биде вистинско засолниште! (Псалм 62:8). Тој може да Ви помогне да го совладате стресот.

[Фусноти]

a Видете ја серијата статии „Малтретирање на работа — што можете да сторите?“ во нашето издание од 8 август 2004.

b За повеќе информации, видете го 3. поглавје од книгата Тајната на семејната среќа, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 11]

„Кога бев млада, стигнував сѐ да завршам. Сега, кога сум постара, потешко ми оди. Брзото темпо на живот што го водам почна да си го зема данокот“

[Рамка/слики на страница 10]

Како да го намалите стресот

◼ Одморајте се доволно секој ден

◼ Хранете се правилно. Не се прејадувајте

◼ Редовно правете корисни вежби, како што е брзото одење

◼ Ако нешто Ве загрижува, разговарајте за тоа со некој пријател

◼ Поминувајте повеќе време со семејството

◼ Поделете ги домашните работи со другите во семејството

◼ Бидете свесни за своите физички и емоционални ограничувања

◼ Поставувајте си реалистични цели; немојте да бидете перфекционист

◼ Бидете организирани; направете урамнотежен, разумен распоред

◼ Развивајте христијански особини како што се благоста и стрпливоста

◼ Одвојте си време само за себе

[Слика на страница 7]

Ако со почит разговарате за проблемите со работодавецот, може да го намалите стресот на работа

[Слика на страница 8]

Родителите треба да разговараат со своите деца за тоа како да штедат пари

[Слика на страница 8]

Како млада личност, разговарај за она што те мачи со некој што може да ти помогне

[Слика на страници 8 и 9]

Сите можат да помогнат низ дома

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели