ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/6 стр. 21
  • Дел од ДНК — „отпад на еволуцијата“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дел од ДНК — „отпад на еволуцијата“?
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Што велат доказите
    Разбудете се! 2011
  • Од каде дошле упатствата?
    Пет важни прашања за потеклото на животот
  • Нашите клетки — жива библиотека!
    Разбудете се! 2015
  • Капацитетот на ДНК за складирање податоци
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/6 стр. 21

Дел од ДНК — „отпад на еволуцијата“?

МНОГУ научници им пристапуваат на истражувањата на полето на биологијата, генетиката и другите сродни дисциплини тргнувајќи од претпоставката дека теоријата на еволуцијата е точна. Но, честопати овој пристап ги водел до погрешни заклучоци. На пример, првите дарвинисти сметале дека извесни органи, како што се слепото црево, хипофизата и крајниците, се закржлавени остатоци од органи кои во процесот на еволуцијата ја изгубиле својата функција. Сепак, со текот на времето се открило дека овие органи имаат многу важна улога. Па така, еволуционистите морале да ги отфрлат своите поранешни гледишта.

Нешто слично неодамна се случи и во генетиката. Првите истражувања водеа кон заклучок дека 98 отсто од човечката ДНК, како и од ДНК на другите живи суштества, нема никаква функција. Затоа многу научници што ја прифаќаат теоријата на еволуцијата заклучија дека тој дел од ДНК е „отпад на еволуцијата“. Ова гледиште наскоро стана општоприфатено.

Но, и овој пат претпоставката што се темелеше на дарвинизмот излезе неточна. Неодамна научниците открија дека тој таканаречен „отпад“ од ДНК има пресудна улога во телото затоа што создава специфични видови РНК (рибонуклеинска киселина) кои се неопходни за живот. Џон С. Матик, директор на Заводот за молекуларна биологија на Универзитетот Квинсленд во Австралија, смета дека ова брзоплето прифаќање на теоријата за „отпадот“ од ДНК е „класична приказна за тоа како слепото верување во некоја општоприфатена теорија ја оневозможува објективната анализа на фактите — а во конкретниов случај ова траело цели 25 години“. Овој пропуст, додава тој, „може да остане запаметен како една од најголемите грешки во историјата на молекуларната биологија“.

Зарем не е многу помудро да се прифати гледиштето дека ДНК е творба на интелигентен Конструктор? Оние што веруваат во ова знаат дека со текот на времето обично се откриваат одговорите на прашањата кои се јавуваат додека го истражуваат она што го создал Бог. И, наместо таквите откритија да ги разочараат, тие уште повеќе им влеваат страхопочит кон Творецот (Пословици 1:7; Проповедник 3:11).

[Извори на слики на страница 21]

ДНК: Фотографија: www.comstock.com; истражувач: Agricultural Research Service, USDA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели