ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/7 стр. 20-21
  • На која страна од патот возите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На која страна од патот возите?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како се возело порано
  • Премин на десната страна
  • Бродови, авиони, возови и пешаци
  • Бес на патот — како можете да излезете накрај?
    Разбудете се! 1998
  • Сообраќајни несреќи — дали сте безбедни?
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2005
g05 8/7 стр. 20-21

На која страна од патот возите?

Од дописникот на Разбудете се! од Британија

Го пречекав мојот гостин од Америка на аеродромот. Кога отидовме до мојот автомобил му реков: „Седи напред“ и тој веднаш тргна на страната на возачот. „Уф, заборавив“, рече тој. „Вие овде возите на погрешната страна од патот.“

Нормално, да отидев јас во Соединетите Држави, веројатно ќе го кажев истото. Но, додека се возевме накај дома, решив да дознаам зошто во некои земји се вози на левата страна од патот, кога речиси цел свет вози на десната.

Како се возело порано

Да се вратиме малку во историјата, пред околу две илјади години, во времето кога Британија била окупирана од Римјаните. Археолозите имаат ископано нешто што им покажува како се возело тогаш. Во 1998 година нашле една добро сочувана патека што водела до еден римски каменолом во близината на Свиндон (Англија). Трагите на едната страна од патеката се многу подлабоки отколку на другата, што е сосем логично ако се претпостави дека колите оделе до каменоломот празни а се враќале натоварени со камења. Трагите укажуваат дека, барем на ова место, Римјаните возеле на левата страна.

Всушност, некои веруваат дека коњаниците во древни времиња обично јавале на левата страна од патот. Бидејќи повеќето луѓе се деснораки, коњаниците можеле да ги држат уздите со левата рака при што десната им била слободна за да се ракуваат со некој минувач или, доколку е потребно, да се бранат со мечот.

Премин на десната страна

При крајот на 18. век, во некои земји, како што се Соединетите Држави, се преминало на десната страна кога кочијашите почнале да користат големи товарни коли што ги влечеле по неколку парови коњи. Колата немала седиште за кочијашот, па затоа тој седел на последниот коњ одлево и го држел камшикот во десната рака. Бидејќи седел одлево, нормално повеќе сакал другите коли да му минуваат одлево за да може да води сметка да не им се закачат тркалата. Тоа го постигнал движејќи се од десната страна на патот.

Меѓутоа, Англичаните продолжиле да возат на левата страна. Тие имале помали коли, а кочијашот седел на колата, обично напред на десната страна. Од таму можел да го користи својот долг камшик со десната рака без да го заплетка во товарот зад него. Од таа положба, на десната страна на колата, кочијашот можел да процени кое е безбедното растојание за да се размине со другите коли така што се движел по левата страна од патот. Земјите што станале дел од Британската империја го усвоиле правилото за движење на левата страна, иако има некои исклучоци. На пример, во Канада, со текот на времето почнало да се вози на десната страна за да биде полесно кога Канаѓаните ќе ја поминат границата со Соединетите Држави.

Политичките настани во Франција имале големо влијание врз возењето. Пред Француската револуција од 1789 година, кочиите на аристократијата оделе по левата страна на патот, принудувајќи ги селаните да се движат на другата. Но, кога почнала Револуцијата, овие благородници очајнички сакале да го скријат својот идентитет па затоа им се приклучувале на селаните на десната страна. Во 1794 година, француската влада го вовела во Париз правилото за движење на десна страна, кое подоцна, со маршот на освојувачките војски на Наполеон I низ поголемиот дел на Европа, се раширило и во другите региони. Не изненадува тоа што Наполеон повеќе ја сакал десната страна. Едно дело објаснува дека затоа што тој бил левак, „неговата војска морала да маршира по десната страна за да може раката во која го држел мечот да му биде од страната на противникот“.

Во европските земји што му се спротивставиле на Наполеон, луѓето и понатаму се движеле по левата страна. Русија и Португалија преминале на десната страна на почетокот на 20. век. Австрија и Чехословачка го направиле тоа кога биле окупирани од нацистичка Германија кон крајот на 1930-те, а истото го сторила и Унгарија. Денес во само четири европски земји сѐ уште се вози на левата страна: Британија, Ирска, Кипар и Малта. Интересно е тоа што и во Јапонија се вози на левата страна, иако никогаш не била британска колонија.

Бродови, авиони, возови и пешаци

А како е со бродовите и авионите? Општо земено, водениот сообраќај се одвива по десната страна. Исто е и со воздушниот сообраќај. А како е со возовите? Во некои земји, опремата за сигнализирање одредува на која страна од двонасочната пруга ќе оди возот. Современите системи на железницата честопати овозможуваат возовите да се движат во двата правца на секоја пруга, но доколку опремата за сигнализирање е постара, пругата може да биде само еднонасочна. Во кој правец ќе се движи возот, најверојатно, барем во некои случаи, одредила земјата во која првобитно била поставена пругата.

А како е со пешаците? Сеедно по која страна на патот возат автомобилите, доколку нема тротоар, како најбезбедно се препорачува да се оди спротивно од правецот во кој се одвива сообраќајот. Ако возилата се движат на десната страна, тогаш пешаците треба да одат од левата страна на патот, кон возилата кои им доаѓаат во пресрет. Во Британија, каде што возиме на левата страна, треба да задржиме на ум да одиме на десната. А како е со нашиот пријател од Америка? Па, кога е дома, тој го прави токму спротивното!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели