ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/7 стр. 22-23
  • Грижа за младите во животинското царство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Грижа за младите во животинското царство
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Да се подига бебе во дивината
    Разбудете се! 2001
  • Моите пчели изведоа пилиња!
    Разбудете се! 1998
  • Жирафи — високи, долгоноги и елегантни
    Разбудете се! 2001
  • Што учиме од небесните птици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/7 стр. 22-23

Грижа за младите во животинското царство

Од дописникот на Разбудете се! во Шпанија

ЛУЃЕТО честопати посветуваат околу две децении од својот живот на подигањето деца. Од друга страна, пак, многу животни ги хранат и ги учат своите мали во текот на само неколку кратки летни месеци. Следниве примери ќе ни помогнат да сфатиме со колку тешка задача се соочуваат некои родители во животинското царство секоја година.

1. Бел штрк Штркот на сликата нема време за летен одмор. Бидејќи мора да ги храни гладните пилиња, тој мора постојано да лета до блиското езеро каде што лови жаби, мали риби, гуштери или скакулци. Освен тоа, одвреме-навреме мора да го поправа и гнездото. И двајцата родители по цел ден се во движење. Младите јадат огромни количини храна. Во текот на првите неколку седмици, секој ден можат да изедат храна што одговара на половина од нивната тежина! Дури и откако ќе научат да летаат, младите штркови уште неколку седмици зависат од своите родители.

2. Гепард Женките на гепардот по правило се самохрани родители и тие се грижат за младите. Додека ги дои младите, обично од три до пет, мајката мора речиси секој ден да оди во лов за добро да се храни и да има доволно млеко за нив. Ова воопшто не е лесна работа, зашто повеќето нејзини обиди да улови нешто завршуваат неуспешно. Освен тоа, на секои неколку дена мора да се сели со малите на друго место зашто лавовите секогаш ги демнат ранливите младенчиња. Кога малите ќе наполнат седум месеци, мајката почнува да ги учи да ловат, а тоа е долг процес што трае отприлика уште една година. Младите обично остануваат со својата мајка отприлика уште една година или година и пол.

3. Мал нуркач Нуркачите и нивните мали се практично неразделни. Веднаш штом ќе се изведат, пиленцата го напуштаат гнездото што плови по водата и се качуваат на грбот од родителите каде што удобно се сместуваат меѓу крилјата и пердувите на грбот. Таму им е топло и заштитени се додека мајката или таткото пливаат наоколу. И двајцата родители учествуваат во потрагата за храна и во грижата за младите. Иако пиленцата наскоро ќе научат да нуркаат и сами да се хранат, врската помеѓу нив и родителите трае уште некое време.

4. Жирафа Жирафите ретко раѓаат повеќе од едно младенче во исто време, што е сосема разбирливо. Младенчето на жирафата, како ова на сликата, може да тежи и до 60 килограми и да биде 2 метра високо! По еден час откако ќе се роди, малото жирафче веќе е на нозе и цица од млекото на мајката. Тоа ќе цица девет месеци, иако за кратко време откако ќе се роди почнува да пасе трева. Кога ќе се појави некаква опасност, малото жирафче ќе се пикне меѓу нозете на мајка си, зашто нејзините силни удари се одлична заштита од повеќето грабливци.

5. Водомар Водомарите мораат да бидат и ефикасни и избирливи кога ловат риба за своите мали пиленца. Орнитолозите откриле дека и двајцата родители ги хранат новоизведените пиленца со мали риби што не се поголеми од еден до два сантиметри. Родителот внимателно ја носи рибата во клунот свртена со главата нанадвор. Така гладните пиленца можат полесно да ја проголтаат. Како што пиленцата растат, родителите почнуваат да им носат поголеми риби, а почнуваат и сѐ почесто да ги хранат. Во почетокот, секое пиленце добива храна на секои 45 минути. Но, кога пиленцата се стари околу 18 дена, имаат многу поголем апетит и јадат на секои 15 минути! Малото пиле на сликата веќе го напуштило гнездото и наскоро ќе почне самото да си лови риба. Можеби ќе си помислиме дека сега родителите ќе можат да здивнат малку. Но, кај водомарите не е така! Тие честопати, уште истото лето, повторно го почнуваат целиот овој процес со нов пород.

Се разбира, има уште толку многу непознати детали околу тоа на кој начин разни животни се грижат за своите млади. Сепак, колку повеќе природонаучниците откриваат, толку појасно ни станува дека родителскиот инстинкт е многу силен кај животните. Ако Бог така ги надарил животните, тогаш тој сигурно сака и луѓето да им ја посветат на своите деца грижата што ја заслужуваат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели