ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/5 стр. 15-18
  • Да се подига бебе во дивината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се подига бебе во дивината
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неверојатни негуватели
  • Крилести родители
  • Родителска заштита
  • Цицачи мајки
  • „Најубавиот жител на шумата“
    Разбудете се! 2000
  • Грижа за младите во животинското царство
    Разбудете се! 2005
  • Пример за добри родители
    Разбудете се! 2009
  • Какви промени во бракот внесуваат децата
    Твоето семејство може да биде среќно
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/5 стр. 15-18

Да се подига бебе во дивината

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА

НА ПРОСТРАНИТЕ тревни рамнини на Африка, се раѓа едно бебе. Со тап удар паѓа на земја при раните утрински сончеви зраци. Нежно, мајката се наведнува и го крева своето мокро и сјајно новороденче на неговите растреперени нозе. Други мајки и сестри дотрчуваат за да го видат одблизу, да го допрат и да го помирисаат малото бебенце. Тешко „само“ 120 килограми и високо помалку од 90 сантиметри, малото слонче предизвикува возбуда кај другите членови на стадото.

На илјадници километри оттаму, во Америка, едно минијатурно гнездо големо колку напрсток цврсто се држи за гранката на едно дрво. Во него, еден пар колибри, кои не се поголеми од крилестите инсекти, се грижат за две мали пиленца. Летајќи со извонредна брзина, овие шарени птици се храбри родители кои ќе се обидат да ги истераат големите животни, па дури и луѓето, кои би се доближиле до нивното минијатурно младенче.

Бебињата на животните ни се привлечни на сите нас. Децата се фасцинирани кога ќе се родат мали кученца. Кому не му се забавни разиграните лудории на маченцето, слаткиот изглед на мајмунчето кое цврсто се држи за крзното на мајката, или бебето бувче кое зјапа со ширум отворени очи од своето гнездо каде што се чувствува безбедно?

Бебињата на животните не се секогаш толку беспомошни како човечкото бебе. Некои се раѓаат способни да трчаат кратко откако нивните малечки ножиња ќе стапнат на земја. Други, пак, се сосема препуштени сами на себе да се бранат и да преживеат. Меѓутоа, преживувањето на многу млади животни и инсекти зависи од негата, заштитата, исхраната, обучувањето и грижата од страна на родителите, а тоа произлегува од една тесна врска помеѓу родителите и нивниот подмладок.

Неверојатни негуватели

Повеќето инсекти, риби, водоземци и влекачи не покажуваат голем интерес за доброто на својот подмладок. Меѓутоа, има некои забележителни исклучоци. Еден сосема неверојатен негувател е страшниот нилски крокодил. Овој ладнокрвен влекач покажува значителен степен на грижа како родител. Откако ќе се положат јајцата во топлиот песок, родителите остануваат во близина за да ги чуваат идните потомци. Кога ќе дојде време да се изведат малите крокодилчиња, тие почнуваат да испуштаат крикови, сигнализирајќи ѝ на мајката да ги открие јајцата. Подоцна, со помош на своите силни вилици, таа нежно ги собира малечките кои се извеле и ги носи во плитката вода за да ги измие од песокот. И таткото крокодил е познат по тоа што ги носи малите во водата за да ги измие. Неколку дена, бебињата остануваат во близина на мајката во водата, одејќи по неа како пајчиња. На тој начин ја користат нејзината извонредна моќ да ги заштити.

Изненадувачки, но има и некои риби кои би можеле да ги сметаме за добри родители. Повеќето несилки, кои се слатководни риби, ги полагаат своите јајца и потоа ги чуваат во устата за да бидат на безбедно. Кога ќе се изведат, малите рипчиња слободно пливаат, но не се оддалечуваат од родителите. Ако се закани некаква опасност, рибата родител широко ја отвора устата и бебињата се втурнуваат внатре за да се скријат. Кога ќе помине опасноста, младите повторно излегуваат и продолжуваат со нормалните активности.

Мравките, пчелите и термитите исто така покажуваат извонредна склоност да се грижат за своите малечки и да ги штитат. Познати како социјални инсекти, тие живеат во колонии, градат засолништа за своите јајца и снабдуваат храна за малечките. Медоносните пчели се добро познат пример за ова. Илјадници од овие вредни пчелички заеднички се грижат за своите малечки од кошницата. Инстинктивната мудрост им овозможува да градат, да поправаат и да ја чистат „детската соба“, па дури и да ја контролираат температурата и влажноста.

Крилести родители

Повеќето птици се многу добри родители и вложуваат многу време и енергија за да изберат место каде што ќе свијат гнездо, да го изградат гнездото и да го подигнат своето семејство. Еден пожртвуван мажјак на африканскиот клунорог бил забележан како повеќе од 1.600 пати доаѓа до гнездото, носејќи ѝ околу 24.000 парчиња овошје на својата партнерка во текот на цели 120 дена, колку што траело лежењето на јајцата!

Албатросот скитник е уште еден проверен негувател. Птицата родител буквално лета илјадници километри барајќи храна додека нејзиниот верен партнер стрпливо го чека да се врати во гнездото.

Во пустинските подрачја, некои птици користат една ефикасна метода за да ја згаснат жедта на своите малечки. Тие летаат до некоја дупка со вода, ги натопуваат пердувите на градите и потоа се враќаат во гнездото, каде што пилињата пијат вода од мокрите пердуви.

Кога задачата да се прехранат многу усти ќе стане претежок товар, некои видови птици повикуваат други птици да им бидат „дадилки“ на нивните малечки. Овие помошници обично се пораснатите потомци на родителите и сакаат да помогнат во исхраната и заштитата на пилињата.

Родителска заштита

Заштитата на птичките бебиња е работа со полно работно време. Кога ќе падне пороен дожд, птиците родители честопати го покриваат гнездото со своите раширени крилја и на нивните пилиња им е топло и остануваат суви. Скорецот е одличен домаќин. За да го заштитат гнездото од вошки и болви, овие паметни птици собираат материјал од извесни отровни растенија и го ставаат во гнездото и околу него. Ова дејствува како инсектицид кој ги убива или ги брка штетните инсекти.

Мајката на шумската шљука покажува значителна снаодливост кога ги заштитува своите потомци. Кога се заканува некаква опасност, таа цврсто го зграпчува пиленцето меѓу нозете и телото, ги раширува крилјата и едноставно одлетува, носејќи го својот скапоцен товар на побезбедно место. Некои храбри родители итро се преправаат дека се повредени за да го одвратат грабливецот да им се приближи на пилињата. Мавтајќи со крилјата на земја како да е ранета, мајката со измама ќе го натера грабливецот да се оддалечи од гнездото, а потоа престанува да глуми и кога ќе помине опасноста одлетува на безбедно место. Птиците кои ги прават своите гнезда на земја користат гласовни трикови за да ги исплашат грабливците. Северноамериканскиот був шишти како змија кога некој го истражува неговото гнездо. Првите доселеници биле уверени дека малите бувови живеат во исто гнездо со ѕвечарките и бегале понастрана!

Цицачи мајки

Во животинското царство, родителската грижа достигнува највисок степен кај цицачите. Слониците се многу оддадени на своите потомци и меѓу нив се создава цврста врска која може да трае цели 50 години. Малото слонче е многу зависно од мајката. Таа го штити од жешкото сонце со своето огромно тело, нежно го дои и му дозволува да ја крене малата сурла и да вади ситни парчиња растенија од нејзината уста за да јаде. Таа редовно го капе бебето прскајќи му вода врз грбот и триејќи го со сурлата. Во подигањето на слончето е вклучено целото семејство, бидејќи и другите женки од стадото играат важна улога во хранењето, поучувањето и заштитувањето на младенчињата што му припаѓаат на стадото.

Еден друг голем цицач, нилскиот коњ, може да го роди своето малечко под вода. Бебињата се сосема способни да цицаат додека се целосно потопени под вода, да излезат за да земат воздух и потоа повторно да се нурнат и да продолжат да цицаат. Мајката нилски коњ жестоко го штити своето новороденче.

И зелениот мајмун е добра мајка. Откако ќе го роди бебето, мајката безбедно го држи во текот на првите неколку часа барем со едната рака префрлена околу неговиот врат или раменици. Првата седмица, бебето го минува поголемиот дел од времето инстинктивно држејќи се цврсто за крзното на мајка си. Мајката може да дозволи нејзиното бебе да го држат и други женки, кои го допираат, дотеруваат, милуваат и си играат со слаткото новодојденче.

Навистина, многу суштества се „инстинктивно мудри“ и покажуваат извонреден степен на надареност во начинот на кој се грижат за своите малечки (Пословици 30:24—28, NW). Нивната способност да увидат некоја потреба или да проценат некоја ситуација и интелигентно да реагираат на неа никогаш не би можела да биде резултат на слепа случајност. Таа е резултат на интелигентен дизајн од еден интелигентен извор — Творецот на сите нешта, Јехова Бог (Псалм 104:24).

[Слика на страница 15]

Мали бувчиња

[Слика на страница 16]

Несилките ги чуваат своите јајца во устата

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на LSU Agricultural Center

[Слики на страница 16]

Крокодилите ги носат своите бебиња

[Извор на слика]

© Adam Britton, http://crocodilian.com

[Слика на страница 17]

Клунорог

[Слика на страница 17]

Албатрос со своето пиленце

[Слика на страница 17]

Скорец

[Слика на страница 17]

Шумска шљука

[Слики на страница 18]

Мајката нилски коњ жестоко го заштитува своето малечко

[Извор на слика]

© Joe McDonald

[Слика на страница 18]

Мајките на павијанот ги дотеруваат своите бебиња

[Слика на страница 18]

Зелени мајмуни

[Извор на слика]

© Joe McDonald

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели