ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/09 стр. 24
  • Пример за добри родители

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пример за добри родители
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Моите пчели изведоа пилиња!
    Разбудете се! 1998
  • Да се подига бебе во дивината
    Разбудете се! 2001
  • Грижа за младите во животинското царство
    Разбудете се! 2005
  • „Најубавиот жител на шумата“
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 8/09 стр. 24

Пример за добри родители

◼ На висорамнината Високиот Велд во внатрешноста на Јужноафриканската Република, температурата се спушти речиси до нулата. Од мојата топла канцеларија на третиот кат, внимателно набљудувам како едно голо дрво се ниша под налетот на зимскиот ветер. Долу, на еден чатал од дрвото, мажјакот на една блискоисточна гугутка ги грее своите две младенчиња изведени пред само 3 дена.

Пред да ги положи јајцата, гугутката си направи гнездо заедно со својот партнер — мажјакот ѝ носеше гранчиња, а таа ги редеше. Работата си ја завршија како што треба бидејќи силните зимски ветрови не успеаја да го турнат гнездото во кое досега двапати се изведоа млади пилиња. Женката лежеше на јајцата ноќе, а мажјакот дење. По околу две седмици, јајцата се испилија. По уште две седмици, младенчињата ќе бидат доволно големи и силни за да полетаат.

Слушни! Можеш ли да го чуеш тоа пријатно гугање, што звучи како придушено смеење? Женката долета на една гранка и го огласи своето пристигнување. Гушникот ѝ е полн со храна за нејзините гладни пиленца, и сега е спремна да го замени својот партнер. Дури и откако младенчињата ќе пролетаат, и двата родитела ќе продолжат да ги хранат додека да бидат во состојба да се грижат самите за себе.

Честопати се одушевувам на соработката и на љубезната грижа на овие птици, чиј инстинкт се пренесува на секоја наредна генерација, без исклучок. Ова ме потсетува на Псалм 86:8, каде што стои: „Никој... не ти е рамен, Јехова, и нема такви дела како твоите“.

Преку својата пишана Реч, Библијата, Јехова Бог им дал на човечките родители водство што е исто толку сигурно колку и инстинктот со кој ги обдарил блискоисточните гугутки. На пример, Библијата ги поттикнува мајките „да си ги сакаат децата“ (Тит 2:4). А на татковците им вели: „Не раздразнувајте ги своите деца, туку воспитувајте ги со стега од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување“ (Ефешаните 6:4; 1. Тимотеј 5:8). Родителите што ги следат овие упатства можат да бидат сигурни дека Бог многу ги сака.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели