ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/9 стр. 22-23
  • Кога преживувањето зависи од измама

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога преживувањето зависи од измама
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Брза храна за инсекти
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2005
g05 8/9 стр. 22-23

Кога преживувањето зависи од измама

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ОД ШПАНИЈА

ВО СВЕТОТ на инсектите, секој ден носи два големи проблема: како да се најде доволно храна и како да не се стане нечија храна. Инсектите се привлечни залачиња за птиците, жабите и гуштерите. За многу инсекти, преживувањето значи да се претопат со околината.

За да го постигнат овој ефект — да бидат невидливи — голем број видови инсекти се особено вешти во камуфлирањето. Толку се умешни во тоа што ја надминуваат секоја техника за камуфлажа што ја измислил човекот. Да разгледаме три исклучителни примери.

● Пеперутки калима. Кафеавата внатрешна страна на нивните крилја е речиси иста како бојата на еден мртов лист. Дезенот на крилјата е ист како бојата, жиличките и стебленцето на листот. Измамата е толку вешта што пеперутките можат да застанат на зелен лист и сепак да изгледаат како мртов лист што паднал од крошната.

● Штурци-грмушкари. Многу штурци-грмушкари преживуваат, не затоа што имитираат мртов лист, туку затоа што имитираат зелен лист. „Оваа сличност не е само во обликот и бојата: сличноста се однесува и на жиличките и на дамките од габични инфекции“, се објаснува во една книга. Ако повнимателно ја разгледате придружната фотографија, ќе ги видите малите дамкички, или флеки, на крилото на инсектот, со што неговата камуфлажа изгледа уште пореална.

● Дрвни скакулци. Овие мали инсекти секогаш поминуваат незабележано. А во тоа лежи и клучот за нивното преживување — тие се претопуваат со околината така што имитираат ред од трње. Во овој случај, секој инсект личи на трн, а кога цел рој дрвни скакулци ќе се наредат на некоја гранка, таа изгледа како да е целата со трње. Само ако многу внимателно се загледате, ќе откриете дека „трњето“ не се ништо друго туку малечки дрвни скакулци.

Разноликоста на инсектите што се камуфлираат е речиси исто толку извонредна колку и прецизноста со која се камуфлираат. Една гасеница од Коста Рика изгледа исто како птичји измет, а инсектот-гранка речиси и не се разликува од — како што веќе погодувате — гранка. Јужноафриканскиот скакулец, пак, неверојатно многу личи на камен, а една бубачка од Израел совршено го имитира цветот од кој се храни.

Сеедно каков облик можеби ќе треба за камуфлажа, таа му помага на инсектот да се заштити, а нам ни овозможува да се восхитуваме на неверојатната разноликост на творбите.

[Слика на страница 22]

Инсект-гранка

[Слика на страница 23]

Пеперутка калима

[Извор на слика]

Zoo, Santillana del Mar, Cantabria, España

[Слика на страница 23]

Дрвен скакулец

[Слика на страница 23]

Штурец-грмушкар

[Слика на страница 23]

Гасеница што личи на птичји измет

[Извор на слика]

© Gregory G. Dimijian/Photo Researchers

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели