Вистинското решение за да се премости јазот
СТОТИЦИ милиони луѓе низ целиот свет се трудат да го преживеат секој ден и покрај крајната сиромаштија. Очигледно е дека на човештвото му е потребна една праведна и неподмитлива влада која вистински сака да ја промени оваа неправда. Таквата влада мора да биде и доволно моќна за да ги реализира своите добри намери. Можеме ли реално да очекуваме луѓето да создадат една таква влада?
Историјата ја потврдува вистинитоста на библиското предупредување: „Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение“ (Псалм 146:3). Дали сте дошле до заклучокот дека кога имаме доверба во човечките влади и водачи, честопати на крајот сме разочарани? Тогаш, од кого друг можеме да бараме помош?
Всушност, милиони луѓе се молат за една праведна влада која ќе го реши тој проблем. Можеби и Вие сте ја кажувале пример молитвата која Исус ја кажал: „Татко наш, кој си на небесата, нека се свети името твое. Нека дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата. Дај ни го денес лебот наш за овој ден; и прости ни ги долговите, како што и ние им простивме на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, туку избави нѐ од злобниот“ (Матеј 6:9-13).
Дали ова Царство е она што ни треба? Дали тоа е праведно и неподмитливо? Дали е доволно моќно да ги реализира своите добри намери? Секако дека е! Богот кој ја поставил оваа влада, ‚нашиот Татко, кој е на небесата‘, е „праведен Бог и Спасител“, кој е ‚праведен . . . во сите Свои дела‘ (Исаија 45:21; Даниел 9:14). За него се вели: „Твоите очи се пречисти, за да гледаат зло“, затоа можеме да бидеме сигурни дека неговата влада никогаш нема да биде нечесна (Хабакук 1:13). А бидејќи „Бог не е пристрасен, туку во секоја нација му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој го прави она што е праведно“, знаеме дека непристрасно е заинтересиран за доброто на секој поединец на Земјата (Дела 10:34, 35; Римјаните 2:11).
Веќе воспоставено и функционира!
Иако Божјето Царство е небесна влада, тоа активно ќе управува со работите на Земјата за да ги оствари Божјите намери. Во тоа е вклучено да ги замени несовршените човечки влади со совршената Божја влада. Во Даниел 2:44 е дадено ветувањето: „Во времето на овие цареви [влади] Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“.
Под водството на ова Царство, Божјата волја конечно ќе се врши и на небото и на Земјата. Навистина е огромно охрабрување кога знаеме дека таа влада ќе биде способна да ги отстрани сите траги од нееднаквоста која во минатото придонела да се создадат екстремни разлики помеѓу богатите и сиромашните. Повеќе нема да има неколкумина богати и мнозина сиромашни.
Многу нѐ радува што знаеме дека Божјата небесна влада веќе е воспоставена за да ги реши овие проблеми засекогаш! Библиската хронологија и настаните во светот јасно ја обележуваат 1914 година како времето кога Божјата влада била воспоставена на небото.a Значи, оваа влада речиси веќе цел век ги подготвува темелите на еден нов праведен свет.
Оние на кои им е јасно дека Царството е воспоставено и кои сега послушно го следат неговото водство се непристрасни. Јеховините сведоци проповедаат речиси во секоја земја. Жителите на овие земји, без оглед на тоа дали се богати или не, имаат прилика да научат како можат да добијат вечен живот (Јован 17:3). Сведоците не дозволуваат економските разлики да одредуваат кој каква положба или статус ќе има во нивните собранија. Луѓето не се вреднуваат според она што го имаат. Напротив, тие се ценети поради она што се. Поголем нагласок се става на духовните отколку на материјалните вредности.
Сакате ли да знаете како можете да живеете под водството на оваа праведна влада? Тогаш, почнете да истражувате уште денес. Дознајте како можете да се надевате да доживеете да му се радувате на животот кога богатството повеќе нема да го поделува светот.
[Фуснота]
a Видете ги 95-107 страница од книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Јеховините сведоци.
[Рамка/слики на страници 8 и 9]
Сите се браќа, без разлика дали се богати или сиромашни
◼ Кога заврши Втората светска војна, на многу Јеховини сведоци во Европа и во Азија им требаше храна, облека и покрив над главата. Сведоците од другите земји испратија тони облека и храна за своите духовни браќа во Европа, на Филипините и во Јапонија. Сведоците од Соединетите Држави и Канада дадоа прилози за да биде испратена помош во Австрија, Англија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Полска, Романија, Унгарија, Финска, Франција, Холандија и Чехословачка (сега Република Чешка и Словачка).
[Слики]
Соединети Држави
Швајцарија
Германија
◼ Во поново време, летото 1994 година, еден тим доброволци, Сведоци од Европа, им притрчаа на помош на своите христијански браќа и сестри во Африка. За бегалците од Руанда беа подигнати добро организирани кампови и полски болници. Огромни количини облека, ќебиња, храна и библиска литература беа испратени за да им се помогне на преку 7.000 бегалци — речиси трипати повеќе од бројот на Јеховини сведоци во Руанда во тоа време.
◼ Две години подоцна, во 1996 година, изби војна во источниот регион на Демократска Република Конго. Посевите беа уништени, резервите со храна беа опљачкани и беа прекинати сите приоди до завојуваните подрачја. Повеќето луѓе можеа да си дозволат да јадат само еден оброк дневно, од што последиците беа неисхранетост и болести. Јеховините сведоци од Европа брзо реагираа. Еден тим за помош составен од Сведоци, меѓу кои и лекари, отиде таму со лекови и пари. До јуни 1997 година, Сведоците од Белгија, Франција и Швајцарија донираа 500 килограми лекови, 10 тони високопротеински кекси, 20 тони друга храна, 90 тони облека, 18.500 пара чевли и 1.000 ќебиња — а сето тоа чинеше речиси 1.000.000 долари.
◼ Освен грижата за материјалните потреби, Јеховините сведоци се уште повеќе сакаат да им помогнат на луѓето во духовен поглед. Од таа причина сакаат да градат Сали на Царството што ќе се користат како центри за духовна поука. Во 1997 година беше известено: „Со помош на браќата од другите земји, за само четири месеци [Watch Tower] Society беше во можност да помогне во 75 различни земји да се изградат 413 нови Сали на Царството и да се преуредат уште 727“. Во 2003 извештајот гласеше: „Една од европските земји што има корист од програмата за помош за изградба на Сали на Царството во земји со ограничени средства е Романија, каде што, од јули 2000 година па досега, се изградени 124 Сали на Царството. Користејќи стандарден план за речиси сите Сали на Царството, во Украина во 2001 година беа изградени 61 Сала, а во 2002 уште 76. Со помош на парите што се приложуваат во Фондот за Сали на Царството, беа изградени стотици Сали на Царството во Бугарија, Македонија, Молдавија, Русија, Србија и Црна Гора и во Хрватска“.
[Слики]
Хрватска
Бугарија
Романија
[Слика на страница 7]
Една доброволка се грижи за две сирачиња, бегалци
[Извор на слика]
© Liba Taylor/Panos Pictures
[Слика на страница 10]
Јеховините сведоци објавуваат порака на надеж
[Слика на страница 10]
Божјето Царство ќе ѝ стави крај на сиромаштијата