ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/06 стр. 3
  • Златна доба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Златна доба?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Јехова навистина ми помагаше
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Три конгреси ми го трасираа патот во животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Библиската вистина ги ослободила
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 2/06 стр. 3

Златна доба?

СТУДЕНО зимско утро во Совето (Јужноафриканска Република). Часот е 6.30, и Евелин мора да стане.a Со оглед на тоа што во нејзината куќа нема греење, станувањето ѝ претставува вистинско измачување.

Со болка ги свиткува колената и ги спушта нозете од креветот. Потоа седнува и чека. Болката во нозете полека попушта. Собира сили и станува. Офка од болка. Со рацете на колковите — како кога „скакулецот се влече“ — Евелин поткривнувајќи тргнува кон бањата (Проповедник 12:5, NW).b

‚Одлично!‘, си вели Евелин во себе. Не само што дочека уште еден ден, туку и си го размрда телото иако целото ја боли.

Меѓутоа, ја плаши уште нешто. „Умот ќе престане да ме служи“, вели таа. Иако понекогаш не може да си ги најде клучевите, умот сѐ уште ѝ е бистар. „Само се молам да не ме изневери умот“, вели, „како што им се случува на некои стари луѓе“.

Кога била помлада, Евелин никогаш не ни помислувала на староста. И сега, наеднаш, ѝ се чини како годините да летнале. А телото, пак, никако не ѝ дава да заборави дека има 74 години.

Некои што живеат во подобри услови од Евелин и што не патат од некоја тешка болест и стрес можат слободно да гледаат на својата старост како на златна доба од својот живот. Како патријархот Авраам, можеби ќе достигнат добра старост и ќе бидат сити од животот (Битие 25:8, ПСП). Други, пак, дочекуваат „лоши денови“ за кои можат само да речат: „Не ми се милеат“ (Проповедник 12:1). Според една анкета, повеќето од испитаниците гледале песимистички на пензионирањето, па затоа списанието Newsweek предложи изразот златна доба да се замени со „мрачна доба“.

Како гледаш ти на староста? Кои се некои проблеми со кои се соочуваат постарите? Дали со староста неизбежно опаѓаат и умствените способности? Што може да се направи за да имаме душевен мир кога ќе стигнеме во златната доба?

[Фусноти]

a Некои имиња во овие статии се сменети.

b Овој стих од древната библиска книга Проповедник одамна е прифатен како поетски опис што со многу разбирање ги доловува маките кои ги носи староста.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели