ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/06 стр. 4-7
  • Да се живее со проблемите на староста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се живее со проблемите на староста
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стари и со бистар ум
  • Проблеми со помнењето и состојби што можат да се излечат
  • Да се излезе од депресијата
  • Нема зошто да се чувствувате бескорисни
  • Да правиме колку што можеме
  • Јехова нежно се грижи за своите постари слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Украсот од бела коса
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Христијанското семејство им помага на остарените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како треба да се однесуваме со постарите?
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 2/06 стр. 4-7

Да се живее со проблемите на староста

„ЗБИРОТ на нашиот живот е седумдесет години, ако сме силни, и осумдесет; а повеќето од нив се мака и ништожност: зашто минуваат брзо, и ние летаме оттука“ (Псалм 90:10). Овој поетски опис, запишан пред 3.000 години, потврдува дека уште откако постои светот и векот на староста се гледало како на мака. И покрај големиот напредок во медицината, староста во многу погледи сѐ уште носи „мака и ништожност“. За што станува збор, и како некои луѓе ги надминуваат проблемите што ги носи староста?

Стари и со бистар ум

„Нешто што најмногу ме плаши е сенилноста“, вели загрижено 79-годишниот Ханс. Како и повеќето постари луѓе, и Ханс заборава, и ова го вознемирува. Се плаши дека губи контрола над она што еден древен поет го нарекол „златната светилка“, односно скапоцениот ум и драгите спомени насобрани во него (Проповедник 12:6). Ханс се прашува: „Дали опаѓањето на умствените способности е нешто нормално за староста?“

Ако и тебе, исто како на Ханс, ти се случува да забораваш имиња па веќе се прашуваш дали таквите дупки во сеќавањето се почеток на сериозно опаѓање на умствените способности, те молиме, биди уверен во ова: Забораваме сите, без разлика на возраста, а промените во работата на мозокот до кои може да дојде кај едно постаро лице обично не се последица на некое ментално нарушување.a Иако е вообичаено на постари години да се заборава, „повеќето постари луѓе до крајот на својот живот имаат потполна контрола над своите умствени способности“, пишува д-р Мајкл Т. Леви, шеф на катедрата за бихејвиоризам при Универзитетската болница во Стејтон Ајленд (Њујорк).

Точно, помладите луѓе обично побрзо ќе се сетат на некои работи отколку постарите. Но, „ако не се мери времето“, вели неврологот Ричард Рестак, „постарите обично се сеќаваат на работите исто толку добро колку и помладите“. Всушност, со исправна обука и вежбање, здравиот ум на постарите луѓе продолжува да учи, да памти, па дури и да се подобрува во некои способности.

Проблеми со помнењето и состојби што можат да се излечат

Но, што ако некој има потежок проблем со помнењето? Дури и тогаш не треба автоматски да заклучи дека се работи за ментално нарушување. Тешкотиите во помнењето и ненадејната збунетост можат да бидат последица и на многу други состојби што се јавуваат на постари години, но можат да се излечат. Таквите нарушувања честопати погрешно се означуваат како „старост“ или „сенилност“ — а понекогаш тоа го велат дури и неинформирани медицински лица. Ова не само што може да им го сруши достоинството на постарите пациенти, туку може да биде и причина да не добијат соодветно лекување. Кои се некои од тие нарушувања?

Причина за ненадејна збунетост може да биде неисхранетост, дехидрираност, слабокрвност, повреда на главата, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на некој витамин, нуспојава од некој лек, па дури и некои промени во околината поради кои постарите ќе се почувствуваат изгубени. Проблемите со помнењето можат да бидат резултат на подолга изложеност на стрес, а познато е дека и инфекциите предизвикуваат состојба на збунетост кај старите лица. Исто така, и депресијата може да биде причина за губење на помнењето и за збунетост кај постарите пациенти. Затоа, „ако кај некого одеднаш дојде до состојба на збунетост“, советува д-р Леви, „никогаш не треба да се игнорира или да се отфрли како безнадежна сенилност“. Основната причина за симптомите може да се утврди со темелен лекарски преглед.

Да се излезе од депресијата

Депресијата не е ништо ново за луѓето, па ни за верните слуги на Бог. Пред речиси две илјади години, апостол Павле морал да ги посоветува сохристијаните: „Зборувајте им утешно на депримираните души“ (1. Солуњаните 5:14). Во овие стресни времиња има уште поголема потреба од зборови на утеха. Но, за жал, кај постарите што се во депресија честопати не се поставува таква дијагноза или, пак, се поставува погрешна дијагноза.

Поради општоприфатеното погрешно мислење дека со годините луѓето стануваат сѐ попотиштени и понерасположени, другите — а и самите стари лица — можат да мислат дека овие симптоми се само нормален дел од стареењето. „Меѓутоа, не е така“, се вели во книгата Treating the Elderly (Лекување на постарите). „Депресијата кај постарите не е дел од нормалниот процес на стареење.“

Долготрајната клиничка депресија — за разлика од обичната тага или потиштеност — е сериозна болест која може да има сериозни последици и која не смее да се игнорира. Ако едно лице не се лекува, депресијата може толку да се влоши и да го обземе, што некои очајни пациенти решаваат да се убијат. Д-р Леви објаснува дека трагедијата кај постарите пациенти што паднале во депресија е во тоа што, за нив, „оваа болест, иако се лекува најуспешно од сите други психијатриски болести, истовремено може да биде и најсмртоносна“. Ако депресијата трае подолго, пациентот можеби ќе треба да се лекува кај доктор чија специјалност се растројства на расположениетоb (Марко 2:17).

Депримираните лица можат да бидат уверени дека Јехова „е многу нежен во наклоноста и милосрден“ (Јаков 5:11). Тој „е близу до оние што се со скрушени срца“ (Псалм 34:18). Да, тој е оној што „ги утешува потиштените“ (2. Коринќаните 7:6, ДХК).

Нема зошто да се чувствувате бескорисни

„Не ме отфрлај на старост; не ме оставај, кога ќе ми се намали силата“, се молел верниот цар Давид пред повеќе од 3.000 години (Псалм 71:9). Дури и во овој 21 век, ваквите чувства се вообичаени кај постарите лица кои се плашат другите да не ги сметаат за бескорисни. Ограничувањата кои ги наметнува лошото здравје лесно можат да ги наведат постарите да се чувствуваат неспособни, а тоа што мораат да одат во пензија може да им ја поткопа самопочитта.

Но, ако се концентрираме на она што можеме да го правиме наместо да се обесхрабриме поради она што веќе не можеме да го правиме, ќе можеме да си ја зачуваме самопочитта и ќе се чувствуваме корисни. Во врска со ова, во еден извештај на ОН се препорачува постарите ‚да продолжат да напредуваат со тоа што и понатаму ќе учат — било на некои школи или самостојно — и така што ќе бидат активни членови на разни организации во својата средина или ќе учествуваат во верски активности‘. Ернест, Јеховин сведок кој е пензиониран пекар од Швајцарија, е пример за тоа колкава корист може човек да има ако и понатаму ‚продолжи да напредува со тоа што ќе учи‘. Тој имал над 70 години кога решил да купи компјутер и да научи да работи на него. Зошто направил вакво нешто, кога мнозина на негова возраст се плашат од технологијата? Еве кои причини ги наведува тој: „Прво, за да ми биде мозокот активен додека стареам. И второ, за да бидам во чекор со технологијата која може да ми помогне во истражувањето на Библијата и во активностите во христијанското собрание“.

Кога постарите се зафатени со корисни активности, можат да си задоволат многу основни потреби: тоа им дава смисла и исполнетост, а може да им донесе дури и заработка. Мудриот цар Соломон забележал дека за човекот е дар од Бог ‚да се весели и да прави добро за време на својот живот, и да јаде и да пие и да ужива во својот труд‘ (Проповедник 3:12, 13).

Да правиме колку што можеме

Во многу општества, старите се тие што им го пренесуваат на следните поколенија знаењето, а и моралните и духовните вредности. Цар Давид напишал: „Ни во староста, кога ќе обелам во косата, Боже, не ме оставај; за да раскажувам за Твојата мишка на идното поколение и на сите идни поколенија“ (Псалм 71:18).

Но, што ако постарите се многу ограничени поради здравјето или околностите? Токму ова ја загрижувало и 79-годишната Сара, која е Јеховин сведок. Таа му кажала на еден христијански старешина дека се чувствува обесхрабрено. Тој ја потсетил на едно начело од Библијата кое вели дека ‚преколнувањето на праведникот има многу сила‘ (Јаков 5:16). „Со текот на годините, си изградила многу близок однос со Бог“, ѝ објаснил тој. „Сега остави ние да извлечеме корист од тој однос — моли се за нас.“ Таа многу се охрабрила кога ѝ рекол: „Сара, потребно ни е да се молиш за нас“.

Како што сфатила и Сара, еден начин на којшто многу постари лица можат да се напрегаат ден и ноќ е да се молат за другите — тоа ќе ги храбри и ќе им дава смисла во животот (Колошаните 4:12; 1. Тимотеј 5:5). Во исто време, таквите молитви ќе им помогнат на верните постари лица да станат поблиски со Јехова, оној што ги слуша молитвите (Псалм 65:2; Марко 11:24).

Старите кои, и покрај ограничувањата, великодушно ги делат своето искуство и своите средства со другите, се скапоцен дар за средината во која живеат. Тие се доказ дека „седите коси се венец на слава; се наоѓаат на патот на правдата“ (Пословици 16:31).

Но, на место е да се прашаме: Што ни носи иднината додека старееме? Можеме ли реално да очекуваме подобар живот на стари години?

[Фусноти]

a Некои истражувачи тврдат дека „речиси 90 отсто од сите луѓе постари од 65 години не страдаат од ментални нарушувања“. Повеќе информации во врска со лекувањето на менталните нарушувања можеш да најдеш во циклусот статии „Алцхајмерова болест — да се ублажи страдањето“ во српското издание на Разбудете се! од 22 септември 1998 година.

b Разбудете се! не се залага за некое конкретно лекување. Христијаните треба да се уверат дали лекувањето што ќе го изберат е во склад со начелата од Библијата. Те молиме, разгледај го циклусот статии „Да се разберат растројствата на расположението“ во Разбудете се! од 8 април 2004 година.

[Истакната мисла на страница 5]

Постарите честопати се чувствуваат запоставени во овој современ свет кој живее со брзо темпо

[Рамка/слика на страница 7]

Како можеме да им помогнеме на постарите

◼ Внимавај да не им го повредиш достоинството. „Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко . . . Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки“ (1. Тимотеј 5:1, 2, Радосна вест).

◼ Слушај внимателно. ‚Биди брз на слушање, бавен на зборување, бавен на гнев‘ (Јаков 1:19).

◼ Покажувај сочувство. „Бидете сите едномислени, покажувајте сочувство, имајте братска наклоност, нежна сочувствителност, понизност на умот, не враќајте зло за зло ни навреда за навреда“ (1. Петрово 3:8, 9).

◼ Просуди кога треба да охрабриш некого. „Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови“ (Пословици 25:11).

◼ Вклучи ги во твојот живот. „Следете го патот на гостољубивоста“ (Римјаните 12:13).

◼ Помогни им практично. „Кој ги има средствата од овој свет кои се потребни за живот и гледа дека брат му има потреба, а сепак пред него ја затвора вратата на своето нежно сочувство, како останува во него љубовта кон Бог? Дечиња, да не се љубиме со збор ниту со јазик, туку со дело и вистина“ (1. Јованово 3:17, 18).

◼ Биди долготрпелив. „Облечете се во нежна наклоност на сочувство, љубезност, понизност на умот, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:12).

Кога се грижиме за постарите, покажуваме почит кон Божјите мерила затоа што во неговата Реч се вели: „Почитувај го лицето на старецот [или старицата]“ (Левит 19:32).

[Слика на страница 6]

Еден темелен лекарски преглед може многу да помогне

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели