ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/06 стр. 28-29
  • Дали се исплаќа да бидеме мирољубиви?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се исплаќа да бидеме мирољубиви?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • ‚Да бараме мир и да тежнееме кон него‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Мир — како можеш да го најдеш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Смели, а сепак мирољубиви
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како зборовите на Исус ни помагаат да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 5/06 стр. 28-29

Гледиште на Библијата

Дали се исплаќа да бидеме мирољубиви?

ВО СВОЈАТА најпозната проповед, Исус Христос рекол: „Среќни се мирољубивите“. Исто така рекол: „Среќни се оние со благ нарав, бидејќи ќе ја наследат земјата“ (Матеј 5:5, 9). Да бидеме мирољубиви не значи само да не се караме или да се чувствуваме смирено. Мирољубивиот човек прв зазема пријателски став и активно работи на тоа да биде во мир со другите.

Дали горенаведените зборови на Исус се практични за нашево време? Некои луѓе мислат дека, за да се успее во денешниов свет, човек мора да биде агресивен, па дури и насилен, и другите мора да му се плашат. Дали е помудро да се враќа со иста мера — на напад да се возврати со напад? Или е практично да се биде мирољубив? Да видиме три причини зошто треба да размислиме за зборовите што ги кажал Исус: „Среќни се мирољубивите“.

◼ МИРНО СРЦЕ „Тивкото срце е живот на телото“, стои во Пословици 14:30. Од многу медицински извештаи се гледа дека гневот и непријателските чувства можат да предизвикаат мозочен и срцев удар. Неодамна, едно медицинско списание во кое се зборувало за лица со срцево заболување, ги споредило неконтролираните изливи на гнев со отров. Во списанието исто така пишувало дека „ако човек многу се налути може навистина многу да се разболи“. Но, оние што сакаат работите да ги решаваат на мирен начин можат да стекнат смирено срце и да имаат корист.

Еден пример за тоа е Џим, кој има 61 година и сега ги поучува за Библијата Виетнамците што живеат во едно место во САД. Тој објаснува: „Во текот на шест години поминати во војска и по три воени должности во Виетнам, видов од прва рака што значи насилство, гнев и фрустрација. Сеќавањата на минатото ме измачуваа и не ми даваа да спијам. За кратко време, поради стресот и проблемите со желудникот и со нервите, многу ми се влоши здравствената состојба“. Што му донело олеснување? Џим вели: „Почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци и тоа ми го спаси животот. Кога дознав дека Бог има намера да создаде еден мирољубив нов свет и кога научив како да ја облечам ‚новата личност‘, најдов внатрешен мир. Ова значително ми го подобри здравјето“ (Ефешаните 4:22-24; Исаија 65:17; Михеј 4:1-4). Многу други од лично искуство сфатиле дека мирољубивиот дух може да го подобри нивното емоционално, физичко и духовно здравје (Пословици 15:13).

◼ ПОДОБРИ ОДНОСИ СО ДРУГИТЕ Ако сме мирољубиви, нашите односи со другите ќе се подобрат. Библијата вели дека ‚лутината и гневот и викањето и навредливиот говор‘ треба да ‚се отстранат заедно со сета лошотија‘ (Ефешаните 4:31). Агресивните лица честопати ги одвраќаат другите од себеси и така остануваат сами, без пријатели на кои можат да се потпрат. Пословици 15:18 наведува: „Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата“.

Енди, 42-годишен христијански старешина во Њујорк Сити, пораснал во една насилничка средина. Тој објаснува: „Ме ставија во боксерскиот ринг и ме учеа да боксувам уште од осум години“. Противниците не ги гледав како луѓе. Главната мисла ми беше ‚удри или ќе те удрат‘. Набрзо станав член на една банда. Учествувавме во многу улични борби и тепачки. Ми се случуваше да ми вперат пиштол в глава и да ми извлечат нож. Многу мои пријателства беа несигурни и се темелеа на страв“.

Што го навело Енди да стане мирољубив? Тој вели: „Еден ден отидов на состанок во една Сала на Царството на Јеховините сведоци и веднаш можев да почувствувам дека тие навистина се сакаат. Оттогаш почнав да се дружам со овие мирољубиви луѓе. Тоа ми помогна да стекнам мирно срце, и така постепено се ослободив од мојот стар начин на размислување. Склопив многу трајни пријателства“.

◼ НАДЕЖ ЗА ИДНИНАТА Најважната причина зошто да бидеме мирољубиви едноставно е таа што на тој начин покажуваме чест и почит кон волјата на нашиот Творец. Самата Божја реч, Библијата, нѐ поттикнува: „Барај мир и врви по него!“ (Псалм 34:14). Ако признаеме дека Јехова Бог постои, а потоа ги прифатиме неговите животодавни учења и послушно ги применуваме, ќе можеме да бидеме блиски пријатели со него. А штом имаме цврсто пријателство со Бог, ќе го стекнеме и „мирот Божји“. Тој мир е ненадминлив и не може да ни го нарушат проблемите што можеби ќе ни ги донесе животот (Филипјаните 4:6, 7).

Исто така, со тоа што сме мирољубиви, му покажуваме на Јехова какви личности сакаме да бидеме. Можеме уште сега да му покажеме дека ќе се вклопиме во неговиот ветен мирољубив нов свет. Кога тој ќе ги отстрани злобните и, како што рекол Исус, ќе им овозможи на луѓето со благ нарав да „ја наследат земјата“, ќе можеме да бидеме таму за да го доживееме тоа. Каков прекрасен благослов! (Псалм 37:10, 11; Пословици 2:20-22).

Да, јасно е дека Исусовите зборови „среќни се мирољубивите“ имаат голема практична вредност. Можеме да имаме мирно срце, длабоки пријателства и цврста надеж за иднината. Можеме да ги добиеме овие благослови ако даваме сѐ од себе да ‚бидеме во мир со сите луѓе‘ (Римјаните 12:18).

[Слики на страница 28]

‚Здравјето значително ми се подобри‘ (Џим)

[Слики на страница 29]

„Склопив многу трајни пријателства“ (Енди)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели