ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/06 стр. 1
  • Смели, а сепак мирољубиви

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Смели, а сепак мирољубиви
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • „Бидете во мир со сите луѓе“
    Нашата служба за Царството 2012
  • Дали се исплаќа да бидеме мирољубиви?
    Разбудете се! 2006
  • ‚Да бараме мир и да тежнееме кон него‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
    Пејте му фалби на Јехова
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 11/06 стр. 1

Смели, а сепак мирољубиви

1 Многу луѓе на кои им проповедаме искрено веруваат во идеи што се спротивни на библиската вистина. Иако мора смело да проповедаме, ние сакаме и да ‚бидеме во мир со сите луѓе‘ (Рим. 12:18; Дела 4:29). Како можеме да бидеме смели, а сепак мирољубиви, додека ја објавуваме пораката за Царството?

2 Најди нешто заедничко: Мирољубивата личност избегнува расправии. Станарот нема полесно да го прифати она што му го кажуваме, ако непотребно ги побиваме неговите цврсти верувања. Доколку станарот каже нешто погрешно, можеби ќе можеме тактично да зборуваме за работи околу кои се сложуваме. Кога го нагласуваме она што ни е заедничко, тогаш можеби ќе успееме да му ги отстраниме негативните чувства и да го допреме неговото срце.

3 Дали значи дека правиме компромис или, пак, ја разводнуваме вистината, ако преминеме преку неточното гледиште на станарот? Не. Нашата задача како христијани не е да го побиеме секое погрешно учење на кое ќе наидеме, туку да ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство (Мат. 24:14). Наместо претерано да реагираме кога некој ќе искаже погрешно уверување, на тоа можеме да гледаме како на шанса да дознаеме како размислува тоа лице (Изр. 16:23).

4 Зачувај го нивното достоинство: Понекогаш мораме смело и храбро да побиеме некои погрешни учења. Меѓутоа, како мирољубиви луѓе, ние не ги исмејуваме, а ниту зборуваме понижувачки за оние што веруваат и поучуваат погрешни работи. Ако имаме став дека сме подобри од нив, ќе ги оддалечиме од нас. Но, ако сме понизни и љубезни, тоа ќе го отвори умот на оние што ја сакаат вистината. Кога покажуваме почит кон оние со кои зборуваме и кон нивните верувања, го чуваме нивното достоинство со што им олеснуваме да ја прифатат нашата порака.

5 Апостол Павле размислувал за верувањата на оние на кои им проповедал, и се трудел да им ја пренесе добрата вест на начин што би ги допрел нивните срца (Дела 17:22-31). Тој спремно ‚на сите им бил сѐ‘ за да ‚може на секој можен начин да спаси некои‘ (1. Кор. 9:22). И ние можеме да го правиме истото, ако сме мирољубиви додека смело ја проповедаме добрата вест.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели