ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/12 стр. 1
  • „Бидете во мир со сите луѓе“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете во мир со сите луѓе“
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • Стани повешт во службата — како да реагираш ако станарот е гневен
    Нашата служба за Царството 2015
  • Смели, а сепак мирољубиви
    Нашата служба за Царството 2006
  • Помогни му на станарот да расудува
    Нашата служба за Царството 2011
  • Применувај го Златното правило во службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 12/12 стр. 1

„Бидете во мир со сите луѓе“

1. Кој библиски совет треба да го примениме кога ќе наидеме на станар што лошо реагира?

1 Јеховиниот народ е мирољубив и нашата порака е порака на мир (Иса. 52:7). Меѓутоа, понекогаш некои луѓе реагираат лошо кога ќе им дојдеме на врата. Што ќе ни помогне да останеме смирени во таква ситуација? (Рим. 12:18).

2. Зошто е важно да бидеме проникливи?

2 Биди прониклив: Иако некои реагираат лошо затоа што се противат на вистината, други можеби се нервозни од други причини што немаат никаква врска со нашата порака. Можеби сме дошле во незгодно време. Можеби станарот е загрижен поради лични проблеми. Дури и да го испровоцирала добрата вест, не треба да заборавиме дека така реагира затоа што веројатно бил погрешно информиран (2. Кор. 4:4). Проникливоста ќе ни помогне да останеме смирени и да не ја доживуваме неговата реакција како личен напад (Изр. 19:11).

3. Како можеме да покажеме почит кон станарот?

3 Покажи почит: Многу луѓе на нашето подрачје цврсто се држат за своите верски убедувања (2. Кор. 10:4). Нивно право е дали ќе нѐ слушаат или не. Никогаш да не ги омаловажиме верувањата на станарот или на некаков начин да му оставиме впечаток дека сме подобри од него. Ако ни рече да си одиме, да го почитуваме тоа и да си заминеме.

4. Што значи да бидеме пријатни со луѓето?

4 Биди пријатен: Дури и ако некој нѐ навреди, треба да му одговориме љубезно и пријатно (Кол. 4:6; 1. Пет. 2:23). Наместо да бидеме вовлечени во кавга, да се трудиме да поставиме заеднички темел. Би можеле љубезно да го прашаме што му пречи во нашите учења. Но, понекогаш можеби е најдобро да не се обидуваме да го продолжиме разговорот за да не го изнервираме уште повеќе (Изр. 9:7; 17:14).

5. Какви добри резултати може да има ако сме мирољубиви во службата?

5 Ако сме мирољубиви, станарот можеби ќе запамти како сме реагирале и ќе биде спремен да сослуша кога следниот пат ќе сретне Сведоци (Рим. 12:20, 21). Дури и ако ни се чини дека е закоравен противник, можеби еден ден ќе стане наш брат (Гал. 1:13, 14). Сеедно дали некогаш ќе се заинтересира за вистината или не, ние го славиме Јехова и го украсуваме нашето учење ако се самосовладуваме и ако сме мирољубиви (2. Кор. 6:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели