ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/11 стр. 1
  • Помогни му на станарот да расудува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помогни му на станарот да расудува
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Едноставни и делотворни повторни посети
    Нашата служба за Царството 1993
  • Применувај го Златното правило во службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Успешно да учествуваме во нашата животоспасувачка служба
    Нашата служба за Царството 1993
  • Помогни им на другите да научат за Божјиот Син, Исус Христос
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 10/11 стр. 1

Помогни му на станарот да расудува

1. Кој пристап е најдобар во службата?

1 Кој пристап успева подобро во службата — круто да го наметнуваш своето мислење или да му помогнеш на станарот да расудува и самиот да дојде до исправните заклучоци? Апостол Павле го користел вториот пристап кога зборувал пред Евреите во Солун, и ‚затоа некои од нив станале верници‘ (Дела 17:2-4). Што вклучува расудувањето?

2. Како можеме да го следиме примерот на Павле кога им ја пренесуваме добрата вест на луѓето?

2 Земи ги предвид чувствата и потеклото: За да им помогнеш на луѓето на твоето подрачје да расудуваат, мораш да ги земеш предвид нивните чувства. Кога им се обратил на Грците на Ареопагот, Павле најпрво зборувал за работи што најверојатно им биле познати и што ги прифаќале (Дела 17:22-31). Затоа, кога подготвуваш презентација за во служба, земи ги предвид верувањата и предрасудите што ги имаат луѓето на твоето подрачје (1. Кор. 9:19-22). Ако станарот изнесе некој приговор, потруди се да најдеш нешто за што и двајцата се согласувате и потоа води го разговорот околу таа тема.

3. Како со тоа што вешто ќе користиме прашања ќе ги поттикнеме другите да расудуваат?

3 Вешто користи прашања: Ако некој патник нѐ праша како да стигне до одредено место, не ќе можеме да му дадеме упатства доколку не знаеме каде точно се наоѓа во моментот. Слично на тоа, не можеме да му помогнеме на станарот да дојде до исправниот заклучок доколку не знаеме каков е неговиот став за некоја работа. Пред да поттикне некого да расудува, Исус обично поставувал прашања за да дознае како размислува тоа лице. На пример, кога еден човек го прашал: „Што треба да правам за да наследам вечен живот?“ пред да одговори, Исус најпрво се потрудил да види каков став има тој човек (Лука 10:25-28). Во една друга прилика, кога Петар дал погрешен одговор, Исус вешто користел прашања за да му го исправи мислењето (Мат. 17:24-26). Според тоа, ако станарот нѐ праша нешто или искаже некое неисправно мислење, можеме да користиме прашања за да му помогнеме да расудува за таа тема и самиот да дојде до одговорот.

4. Зошто треба да се трудиме да му помогнеме на станарот да расудува?

4 Кога му помагаме на станарот да расудува, го следиме примерот на Големиот Учител, Исус, како и на други вешти проповедници од првиот век. Со тоа му искажуваме почит на станарот (1. Пет. 3:15). Како резултат на тоа, тој можеби ќе прифати повторно да го посетиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели