Успешно да учествуваме во нашата животоспасувачка служба
1 Апостолот Павле своето изнесување на добрата вест го прилагодувал за ‚на каков и да било начин да спаси некого‘ (1. Кор. 9:19-23). Исто и ние ќе бидеме поуспешни во нашата служба ако сме будни да ги препознаваме интересите на станарот и ако сме подготвени нашиот разговор да го прилагодиме на неговите потреби. Тоа не би требало да е тешко кога нудиме Стражарска кула и Разбудете се! или некоја од нашите брошури.
2 Откако ќе се претставиш, би можел со свои зборови да започнеш нешто слично на следново:
◼ „Многу луѓе се очајни поради очигледната неспособност на световните влади да пружат практични решенија за проблемите од нашето време. Некои дури ги обвинуваат владите за своите проблеми. Дали вие мислите дека би можела да постои влада која би била способна соодветно да се грижи за сите наши потреби? [Дозволи одговор.] Дали знаете дека имаме доверливо ветување за една влада која сигурно ќе ги избрише сите проблеми со кои се соочуваме?“ Внимателно сослушај го одговорот на станарот. Во зависност од тоа што ќе каже, биди подготвен да преминеш на едно од многуте различни понуди.
3 Ако коментарите на станарот укажуваат на тоа дека по вероисповест е христијанин, тогаш би можеле да го прашаме дали ја моли молитвата „Оче наш“, односно Господовата молитва. Ако одговори потврдно би можеле да ја цитираме примерната молитва до таму каде што стои: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Мат. 6:9, 10). Тоа докажува дека Јеховината волја еден ден ќе се врши овде на Земјата. Тогаш можеш да се осврнеш на соодветна статија во Стражарска кула или Разбудете се! или на некоја брошура што ја проследува таа мисла, како што е на страница 29 од брошурата Божанско име је вечно.
4 Ако станарот не покажува вера во Бог, би можел да се осврнеш на Евреите 3:4, а потоа да свртиш на 9. страница од брошурата „Гледај! Сѐ ново создавам!“ Прочитај ги пасусите 15 и 16 и постави го прашањето наведено на дното од страницата. Или би можел да го поврзеш соодветниот материјал со некое текушто списание.
5 Ако станарот изгледа задоволен со неговиот исход во животот, би можел да го покренеш прашањето:
◼ „Зошто мораме сериозно да размислиме за она што Библијата го кажува за иднината на владеењето?“ Тогаш би можеле да ја употребиме информацијата што се наоѓа на 75. и 76. страница од книгата Расудување, и накратко да споменеме една или повеќе од осумте причини што се дадени таму. Ако станарот покажува интерес, употреби го трактот Ќе преживее ли овој свет? и започни со првиот пасус на 2. страница за да го продолжиш разговорот.
6 Твојата прва посета нема да биде целосно успешна ако не го подбудиш апетитот на станарот за друга посета. Затоа, не заборави да поставиш интересно прашање и да ветиш дека ќе го одговориш кога ќе навратиш.
7 Од горниот материјал, одбери го она што ти одговара да го кажеш. Прилагоди ги овие предлози на твоето подрачје. Запознај се со брошурите, трактатите и статиите во списанијата што ќе ги употребиш за да можеш брзо да го прилагодиш твојот разговор со потребите на станарот. Сите ние марливо да ги подготвуваме нашите понуди „поради Евангелието“ и така успешно да учествуваме во оваа животоспасувачка служба (1. Кор. 9:23).