Радосно наврати за да им помогнеш на заинтересираните
1 Секој кој учествува во делото од куќа до куќа сака да им помогне на луѓето кои се заинтересирани. Ако пружаме таква помош, доживуваме длабока радост и задоволство. (Спореди Псалми 125:5, 6.) Тоа бара да бидеме подготвени.
2 Подготовката започнува со запишување на подробни информации во нашите белешки од куќа до куќа. Запиши ја темата за која било разговарано при првата посета и реакцијата на станарот. Би можел дури и да запишеш како сакаш да го започнеш разговорот кога ќе навратиш.
3 На пример, ако во почетокот си зборувал за Господовата молитва, а потоа си ја оставил брошурата „Божанско име“, би можел накратко вака да кажеш:
◼ „Последниот пат кога ве посетив, зборувавме за тоа што значи ‚Да се свети името Твое‘ и кое е тоа име. Ве молам, обрнете внимание на она што се кажува на 31. страница во брошурата што ви ја оставив за посебните благослови кои произлегуваат од познавањето на Божјето име.“
4 Ако човекот бил склон да не верува во Бог, кажи нешто слично на следново:
◼ „Кога порано навратив, разговаравме за мислата која Павле ја навел во Евреите 3:4, каде што дал логични причини за заклучок дека мора да постои интелигентен Творец на сите работи.“ Прочитај го стихот уште еднаш и осврни се на страниците 12 до 15 од брошурата „Гледај! Сѐ ново создавам!“, продолжувајќи таму каде што завршила првата понуда. Постави го прашањето, а потоа прочитај го пасусот, и дозволи му на станарот да одговори на прашањето. Ако е практично, предложи му да ја земе својата брошура и заедно да го разгледа материјалот.
5 Ако станарот бил задоволен, во материјален или во друг поглед, за време на твојата прва посета, би можел повторно да се осврнеш на трактатот Ќе преживее ли овој свет? и прочитај што е наведено на стр. 6. Прашај го станарот дали сака да живее на прекрасна рајска Земја. За да видиш дали понатаму е заинтересиран, би можел да го прашаш за негов коментар за некоја охрабрувачка слика или изјава во некое од списанијата што ги користиш.
6 Овој основен пристап може да се употреби со статија за која сте разговарале во Стражарска кула или Разбудете се! Осврни се на статијата што си ја истакнал при твојата прва посета, а потоа спомени друга интересна мисла во истата статија или во некое друго издание кое го имаш со себе. Ако е можно, заедно прочитајте некој библиски стих и прашај го станарот за неговото мислење.
7 Кога е покажан доволен интерес, може да се понуди претплата. Обично тоа би требало да се прави само откако станарот покажал видливо ценење за повеќе изданија на списанијата.
8 Имај ја на ум твојата цел да започнеш библиска студија. Обично се потребни повеќе посети за да се развие интересот до тој степен. Покажи лична заинтересираност за станарот така што ќе навратиш колку што е можно побрзо.
9 Добрата вест која ние ја објавуваме предизвикува голема радост (Лука 2:10). Кога заинтересираните лица ќе одговорат на нашите напори, тоа секако е причина за радување (Фил. 4:1). Да жнееме таква радост така што ќе навраќаме да им помагаме на заинтересираните кои ги наоѓаме на подрачјето.