ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/99 стр. 4
  • Да ,преминеме на главното‘!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да ,преминеме на главното‘!
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Успешно да учествуваме во нашата животоспасувачка служба
    Нашата служба за Царството 1993
  • Помогни им на другите да научат за Божјиот Син, Исус Христос
    Нашата служба за Царството 1993
  • Како да се подготви презентација за списанијата
    Нашата служба за Царството 2006
  • Применувај го Златното правило во службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 7/99 стр. 4

Да ,преминеме на главното‘!

1 Дали некогаш ти се случило некој станар да ја прекине твојата внимателно подготвена презентација со зборовите: „Што сакате? Преминете на главното!“ Што можеме да научиме од таквото искуство?

2 Денес, многу луѓе се нестрпливи. Сакаат да знаат кои сме и зошто сме дошле. Кога ќе дознаат дека целта на нашата посета е да дискутираме за Библијата, тие можеби ќе одбијат да слушаат. Читањето на Библијата и духовните разговори не се важни работи во животот на голем број луѓе. Како можеме да ги увериме таквите станари дека треба да одвојат неколку минути за да дискутираат со нас за библиски теми?

3 Што е најделотворно: Клучот е во тоа да му покажеме на станарот дека Библијата дава практични решенија за проблемите кои го засегаат, и тоа да го направиме со колку што е можно помалку зборови. Најделотворните презентации истакнуваат некое конкретно прашање наменето да го наведе станарот да размислува, а потоа следи библиски стих кој дава одговор на тоа прашање. Можеби ќе сакаш да пробаш некој од следниве предлози. Тие се наменети да ни помогнат брзо ‚да преминеме на главното‘ додека го подбудуваме интересот на станарот.

4 На подрачје каде што луѓето честопати велат дека не се заинтересирани, постави прашање кое се однесува на нив лично:

◼ „Додека се приближуваме кон следниот милениум, дали сте исполнети со надеж или со сомневања? [Дозволи одговор.] Библијата ги претскажала вознемирувачките настани кои ги гледаме денес, како и нивниот исход.“ Прочитај 2. Тимотеј 3:1, 2, 5 и Изреки 2:21, 22.

◼ „Во нашава земја многумина се загрижени за здравствената нега. Сте знаеле ли дека Бог ветува дека трајно ќе ги реши сите здравствени проблеми?“ Прочитај Откровение 21:3, 4.

◼ „Што мислите, каква корист би имала нашата заедница кога секој кој живее овде би ги применувал библиските начела?“ Прочитај Матеј 22:37—39.

5 Бидејќи нашиот налог е да ја проповедаме добрата вест за Царството, секогаш кога е можно треба да го свртиме вниманието врз она што ќе го постигне Царството. Би можел да речеш:

◼ „Дали сте знаеле дека најстарата книга на светот, Библијата, претскажала дека ќе постои една влада за целиот свет?“ Прочитај Даниил 2:44.

◼ „Што мислите, какви би биле условите кога Исус Христос би владеел со Земјата?“ Прочитај Псалм 71:7, 8.

6 На подрачје каде што луѓето се религиозни, би можел да се обидеш со еден од следниве уводи:

◼ „Многу луѓе се дискриминирани поради полот, религијата или бојата на кожата. Што мислите, како гледа Бог на таквите предрасуди?“ Прочитај Дела 10:34, 35.

◼ „Познато е дека Исус Христос извршувал многу чуда во негово време. Кога би можеле да го замолите да изврши уште едно чудо, кое би било тоа?“ Прочитај Псалм 71:12—14, 16.

7 Доколку станарот се двоуми дали да ја отвори вратата, би можел да започнеш разговор велејќи:

◼ „На повеќето луѓе денес им е смачено да слушаат за проблемите. Тие сакаат да слушаат за решенија. Несомнено тоа е случај и со Вас. Но, каде можеме да најдеме вистински решенија за нашите проблеми“? [Дозволи одговор.] Прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17.

8 Зошто не се обидеш? Честопати, едно едноставно, концизно прашање е сѐ што е потребно за да се подбуди интересот на станарот. Една жена која порано била противник, поканила две сестри во својот дом откако едната од нив го поставила прашањето: „Можете ли да го идентификувате Царството за кое се молите во Господовата молитва?“ Жената била заинтригирана од прашањето и прифатила библиска студија. Сега таа е предаден слуга на Јехова!

9 Кога зборуваш со некој станар, биди искрен во своите изрази. Зборувај од срце. Поверојатно е луѓето да реагираат поволно кога се убедени дека навистина сме заинтересирани за нив (Дела 2:46, 47).

10 Делото на проповедање на добрата вест денес е предизвик. Некои станари се сомничави кон непознатите. Други, пак, водат преактивен живот и им останува малку време. Сепак, можеме да бидеме сигурни дека сѐ уште можат да се најдат многу достојни лица (Мат. 10:11). Нашите напори да ги најдеме веројатно ќе бидат поуспешни ако користиме кратки презентации и ако ‚преминеме на главното!‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели