Како да се подготви презентација за списанијата
1. Зошто е подобро да подготвиме лична презентација за списанијата наместо само да научиме напамет некоја од оние што се предложени во Нашата служба за Царството?
1 Можеби се прашуваш: ‚Зошто треба да подготвуваме презентација за списанијата, кога во секој број на Нашата служба за Царството веќе има предложени презентации?“ Иако овие презентации им користеле на многумина, сепак потребна е лична подготовка. Една презентација што е делотворна на едно подрачје, можеби не е практична на друго. Затоа, не треба да се чувствуваме обврзани да ги нудиме списанијата со истите зборови што се запишани во предложените презентации. Дури и ако избереме да ги користиме, најдобро е да ги кажеме со свои зборови.
2. Како можеш да одредиш која статија да ја презентираш?
2 Избери некоја статија: Откако ќе го прочиташ списанието, избери една статија што одговара за твоето подрачје и која особено ти се допаднала. Твојата увереност и воодушевеност кога ќе ја презентираш статијата можеби ќе го поттикнат и станарот да посака да ја прочита. Иако веројатно ќе презентираш некоја статија што ќе биде привлечна за повеќето луѓе на твоето подрачје, запознај се добро и со другите статии од списанието. Ова ќе ти овозможи да ја смениш презентацијата ако сретнеш некој што можеби ќе го интересира друга тема.
3. Каков вовед користиш за да постигнеш најдобри резултати?
3 Постави прашање: Потоа, внимателно подготви го уводот. Твојот увод е важен. Можеби ќе помогне ако на станарот му поставиш прашање кое ќе го зголеми неговиот интерес за статијата што му ја презентираш. Обично, најдобро е да го прашаш што мисли тој за темата на статијата. Немој да поставуваш прашања од кои на станарот ќе му биде непријатно или ќе чувствува дека треба да го брани своето гледиште.
4. Зошто е добро да му прочитаме на станарот еден стих кога тоа го дозволуваат околностите?
4 Прочитај еден стих: На крајот, избери еден стих, можеби некој што се наоѓа во статијата што ќе ја презентираш, за да го прочиташ ако дозволуваат околностите на станарот. Читањето на стихот ќе му помогне на станарот да сфати дека нашата порака е од Божјата реч (1. Сол. 2:13). Стихот ќе му даде сведоштво дури и ако ги одбие списанијата. Некои го зголемиле интересот на станарот со тоа што читале еден стих пред да постават некое конкретно прашање. Стихот би можел да го воведеш на следниов начин: „Би сакал да го чујам вашето мислење за она што е запишано во овој стих од Библијата“. Потоа, насочи го вниманието на човекот кон некоја сродна мисла од списанието, и пред да му го понудиш кажи нешто кратко, за уште повеќе да го зголемиш неговиот интерес.
5. Кои основни работи треба да ги имаме на ум кога подготвуваме презентација за списанијата?
5 Нема некакви крути правила за тоа што да кажеме кога ги нудиме списанијата. Обично, најдобро е презентацијата да биде едноставна и кратка. Користи го оној пристап што тебе најмногу ти одговара и што дава најдобри резултати. Мисли на тоа колку многу се корисни списанијата, и биди воодушевен. Ако добро се подготвиш, ќе имаш повеќе успех кога им ги нудиш Стражарска кула и Разбудете се! на оние што ‚исправно гледаат на вечниот живот‘ (Дела 13:48).