Дали темелно ја извршуваш својата служба?
1 Во книгата Дела ни е речено дека Исусовите ученици ја извршувале својата служба давајќи им „темелно сведоштво“ на луѓето (Дела 2:40; 8:25; 28:23). Сигурно дека тоа било цел на апостол Павле (Дела 20:24). Зарем ова не е и твоја цел како министер на добрата вест? Како можеш да ја постигнеш?
2 Подготви си презентација: За да се погрижиш да дадеш добро сведоштво во службата, важна е подготовката. Ова важи особено кога нудиш списанија, бидејќи насловната тема постојано се менува. За да ни помогне да бидеме подобро опремени, ова издание на Наша служба за Царството започнува со една нова карактеристика — рубриката лево, каде што се наведени пример-презентации за тековните списанија Стражарска кула и Разбудете се! За секое издание ќе биде издвоена навремена тема што ќе биде привлечна за многу луѓе. Како можеш да ги изнесеш овие кратки презентации?
3 Избери предлог што мислиш дека ќе биде најефикасен на твоето подрачје. Внимателно прочитај ја уводната статијата и забележи некои конкретни мисли што веројатно ќе поттикнат интерес. Најди некој стих наведен во списанието што е поврзан со дискусијата и што ќе можеш да му го прочиташ на станарот. Додај еден кус заклучок за да го охрабриш слушателот да го прочита списанието и, ако е соодветно, кратко кажи дека станарот може да приложи за светското дело на Јеховините сведоци. Сега, извежбај ја презентацијата.
4 Планирај да ја употребиш Библијата: Со добро планирање, во својата презентација честопати ќе можеш да вклучиш и некој стих. На пример, искусните објавители на многу места имаат успех кога одат од врата до врата со Библија в рака, го поздравуваат станарот и велат:
◼„Ги прашуваме луѓето дали веруваат во ова . . .“ Прочитај Битие 1:1, а потоа прашај: „Дали се согласувате со ова?“ Ако се согласува, речи: „И јас. Меѓутоа, дали мислите дека, ако Бог создал сѐ, тој е одговорен и за злото?“ Откако ќе го сослушаш неговиот одговор, прочитај Проповедник 7:29. Отвори ја книгата Спознание на 71. страница и прочитај го 2. пасус. Охрабри го лицето да ја прочита книгата. Ако станарот не се согласува со она што го пишува во Битие 1:1, поттикни го да ја испита книгата Творец.
5 Следи го секој интерес: Не можеш целосно да ја извршиш својата служба ако не го следиш интересот што си го пронашол. Кога водиш некоја добра дискусија, без оглед на тоа дали ќе оставиш списанија или друга литература, забележи го името и адресата на тоа лице. Трудољубиво обиди се да го негуваш интересот кај него со тоа што брзо ќе појдеш повторно. Се разбира, понуди библиска студија.
6 Учениците од првиот век знаеле дека Исус им дал заповед ‚да даваат темелно сведоштво‘ (Дела 10:42). Истата заповед важи и за нас, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да правиме ученици (Мат. 28:19, 20). Да даваме сѐ од себе за темелно да ја извршиме нашата служба (2. Тим. 4:5).