ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/06 стр. 22
  • Масажата добра за бебиња?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Масажата добра за бебиња?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Еден поглед на алтернативните терапии
    Разбудете се! 2001
  • Какви промени во бракот внесуваат децата
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Какви промени во бракот внесуваат децата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Превезување на бебињата — африкански и северноамерикански начин
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 2006
g 7/06 стр. 22

Масажата добра за бебиња?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШПАНИЈА

АНИТА, млада мајка од Нигерија, го капе своето бебенце и потоа внимателно го масира. И мајката и бебето навистина уживаат во тоа. „Во Нигерија е традиција мајките да ги масираат своите бебиња“, објаснува Анита. „И мајка ми нѐ масираше мене и моите браќа. Масажата е одличен начин да се зајакнат мускулчињата на бебето и тоа да се чувствува опуштено. Додека ја масирам, ѝ пеам и ѝ зборувам, а таа ми гука и ми се смее. Ова е навистина нешто прекрасно!“

Масирањето на новороденчиња е вообичаено во многу земји, а веќе станува популарно и во некои западни земји. Шпанското здружение за масажа на новороденчиња вели дека масирањето е лесна, нежна и пријатна техника што му овозможува на родителот да комуницира со бебето и физички и емотивно. При масирањето, нежно, а истовремено и цврсто, се притискаат стапалцата и ножињата на бебенцето, како и грпчето, градите, мешето, рачињата и лиценцето.

Како му користи масирањето на бебето? Пред сѐ, тоа чувствува љубов и нежност. Бебето не треба само да се храни — тоа треба да ја почувствува љубовта на родителот. Бидејќи сетилото за допир се развива рано во животот, бебето физички ја чувствува љубовта на мајката или таткото кога тие го масираат. На тој начин на бебето можат да му се пренесат многу информации — и физички и емоционални. Така масирањето може да помогне да се создаде многу цврста врска меѓу бебенцето и родителите уште од самото негово раѓање.

Освен што чувствува љубов, со масажата бебето ќе научи да се опушти и така ќе може да спие подолго и поцврсто, и да не биде вознемирено. Масирањето придонесува и да му се зацврстат мускулчињата, а помага и да му се регулираат крвотокот, варењето и дишењето. Некои тврдат дека му се зајакнува и имунитетот. А бидејќи со масирањето се стимулираат сетилата за допир, вид и слух, тоа ќе му помогне подобро да памти и полесно да учи.

Некои болници спровеле истражувања за да ја испитаат вредноста на масирањето. На пример, во едно истражување утврдиле дека недоносчињата што биле масирани ги пуштале од болница дури и цела седмица порано од оние што не биле масирани, а тежината им се зголемила до 47 отсто повеќе во споредба со тежината на другите бебиња.

Очигледно е дека возрасните не се единствените што имаат корист од една добра масажа! Се разбира, кај бебињата масирањето не помага само да се опуштат. За нив тоа значи љубов изразена со допирот на топлите раце и нежните прсти, проследен со широка насмевка.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели