ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/06 стр. 23-25
  • Што да правам со својот живот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да правам со својот живот?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Имај на ум каде си тргнал“
  • „Спомнувај си за својот Создател“
  • Побарај совет
  • Што ќе правам со мојот живот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Покажувај ценење за полновремените слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Млади — што ќе правите со својот живот?
    Млади — што ќе правите со својот живот?
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 7/06 стр. 23-25

Младите прашуваат...

Што да правам со својот живот?

„Отпрвин не размислував многу за иднината. Но, како што наближуваше матурата, сфатив дека ќе морам да се соочам со вистинскиот свет и со вистинско вработување. А и со вистински сметки“ (Алекс, 17 години).

ДАЛИ, како дете, имаше обичај да си фантазираш што ќе бидеш кога ќе пораснеш? Што мислиш за тие твои фантазии денес? Дали се чудиш како ќе се издржуваш кога ќе станеш возрасен? Ако да, тогаш не си единствениот. „Изборот на животната кариера е една од главните одлуки со кои се соочуваат младите“, вели книгата Помогнете им на вашите деца во изборот на кариера (Career Coaching Your Kids).

Но, можеби во овој момент воопшто не размислуваш за кариера. Можеби ти е многу поважно добро да се забавуваш. Нема ништо лошо во тоа човек да сака да се забавува, бидејќи и Библијата вели да ‚уживаш додека си млад!‘ (Проповедник 11:9, Радосна вест). Како и да е, сега сепак е време да почнеш да размислуваш што ќе правиш со животот. „Умниот внимава на својот чекор“, се вели во Пословици 14:15. Како можеш да внимаваш на своите чекори?

„Имај на ум каде си тргнал“

Замисли дека планираш да појдеш на далечен пат — стотици километри од дома. Веројатно најпрвин ќе ја отвориш картата за да одредиш по кој пат е најдобро да тргнеш. Нешто слично треба да направиш и кога планираш за својата иднина. „Имаш најразлични опции“, вели Мајкл, младич што сега служи во една подружница на Јеховините сведоци. Како да избереш меѓу толку многу можности што ти стојат на располагање? „Сѐ зависи од твоите цели“, вели Мајкл.

Замисли си дека имаш едно крајно одредиште. До него сигурно нема да стигнеш ако само бесцелно талкаш. Многу подобро ќе биде да ја отвориш картата и да испланираш по кој пат ќе одиш. Ако го сториш тоа, ќе го послушаш советот од Пословици 4:26 (NW), каде се вели: „Израмни ја патеката по која оди твојата нога“. Contemporary English Version ја преведува оваа фраза вака: „Имај на ум каде си тргнал“.

Во годините што ти претстојат, ќе донесеш многу важни одлуки во врска со служењето на Бог, вработувањето, бракот, семејството, како и за други битни работи. Полесно ќе донесеш мудри одлуки ако добро знаеш каде ќе тргнеш. И, додека планираш по кој пат во животот ќе тргнеш, не смееш да испуштиш од вид еден многу важен фактор.

„Спомнувај си за својот Создател“

Ако сакаш да бидеш вистински среќен, тогаш мораш да ги земеш при срце зборовите на мудриот цар Соломон: „Спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост“ (Проповедник 12:1). Желбата да го радуваш Бог треба да влијае врз тоа кој пат во животот ќе го избереш.

Зошто е важно ова? Во Откровение 4:11, Библијата вели: „Достоен си, Јехова, да, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, зашто ти создаде сѐ, и поради твојата волја постои и е создадено“. Да, сите суштества на небото и на земјата му должат благодарност на Творецот. Дали си му благодарен на Бог затоа што ти дал „живот и здив и сѐ“? (Дела 17:25). Зар нешто не те тера да му возвратиш на Јехова Бог во знак на благодарност за сето она што ти го дал?

Мнозина млади Јеховини сведоци избрале да служат полновремено токму затоа што си спомнуваат постојано за својот Творец. Факт е дека полновремената служба е една благородна цел која носи безброј благослови (Малахија 3:10). Но, потребно е да планираш однапред. На пример, прашај се: ‚Кои способности и вештини што ги имам би можел да ги искористам за да се издржувам додека сум во полновремена служба?‘

Кели, која сега има 27 години, почнала да планира уште како мала. Таа си ја поставила полновремената служба како јасна цел. Во доцните тинејџерски години, Кели почнала да си ‚ја рамни патеката‘ во однос на вработувањето. „Морав да изберам нешто што ќе ми помогне да се издржувам во службата“, вели таа.

Кели добила обука за забен техничар преку една програма за работа што се организира во средните училишта. Дури освоила и прво место на еден државен натпревар. Но, ваквиот успех не ја навел да ја заборави својата првобитна цел. „Сакав да служам полновремено“, вели Кели. „Сѐ друго ми беше помалку важно.“ Кели е сѐ уште во полновремената служба. „Мислам дека тоа е најдобрата одлука што можев да ја донесам во животот“, вели таа.

Побарај совет

Ако патуваш низ непознат крај, веројатно ќе има момент кога ќе треба да застанеш и да прашаш некого за правец — дури и да носиш карта со себе. Можеш истото да го сториш и кога планираш за својата иднина. Слушај што имаат да ти кажат другите. Пословици 20:18 вели: „Намерите се спроведуваат со совет“. Се разбира, твоите родители можат да ти помогнат. Освен тоа, можеш да побараш совети и од зрелите христијани кои во својот живот се раководат од Божјата мудрост. „Побарај совет од оние што се добри примери како возрасни лица во твоето собрание или во близина“, препорачува Роберто. „Можеби ќе се изненадиш од она што тие имаат да ти го кажат.“

Најмногу од сите, Јехова Бог сака да ти помогне да донесеш одлуки во животот што ќе ти донесат најголема среќа. Затоа, замоли го да ти помогне да ‚согледаш која е неговата волја‘ во врска со твојата иднина (Ефешаните 5:17). Ако имаш доверба во Јехова со сето свое срце, „Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6).

Повеќе статии од рубриката „Младите прашуваат...“ може да се најдат на Веб-страницата www.watchtower.org/ypa

ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

◼ Какви способности и вештини имаш ти?

◼ Можеш ли да размислиш на кој начин можеш да ги искористиш овие способности за да го фалиш Јехова?

◼ Кој облик на полновремена служба кој е спомнат во оваа статија особено ти се допаѓа?

[Рамка на страница 23]

ЌОРСОКАК

Библијата вели: „Оние кои се решени да се збогатат, паѓаат во искушение и замка и во бројни безумни и штетни желби, кои ги туркаат луѓето во уништување и пропаст“. На патот кон богатството има многу дупки. На крајот, може да се покаже како ќорсокак — да те заглави во долгови и грижи, и да те доведе до духовна пропаст (1. Тимотеј 6:9, 10).

[Рамка/слики на страници 24 и 25]

ПИОНЕРСКА СЛУЖБА

Пионер е примерен, крстен христијанин кој може да помине најмалку 70 часови месечно во проповедање на добрата вест за Божјето Царство. Со обука и искуство, пионерите ги острат своите вештини за да можат подобро да ги поучуваат другите за Библијата.

БЕТЕЛСКА СЛУЖБА

Членовите на бетелското семејство служат во подружниците на Јеховините сведоци, каде што помагаат во подготовката, печатењето и доставувањето на библиската литература. Секоја задача во Бетел е света служба.

СЛУЖЕЊЕ НА МЕСТА КАДЕ ШТО ИМА ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА

Некои пионери се во состојба да се преселат на подрачја каде што има поголема потреба од објавители на Царството. Некои, пак, учат друг јазик и служат или во далечни земји или во собранија каде што се зборува тој јазик.

МЕЃУНАРОДНА СЛУЖБА

Меѓународните слуги патуваат во други земји за да помогнат во изградбата на Сали на Царството и на бетелски објекти. Овој вид света служба е сличен на работата што ја вршеле оние кои го граделе храмот на Соломон (1. Цареви 8:13-18).

ШКОЛА ЗА ОРГАНИЗАЦИСКО ОСПОСОБУВАЊЕ

Осумнеделен курс за квалификувани неженети старешини и слуги помошници што обезбедува обука за организациските работи и јавното говорење. Некои од оние што ја завршуваат се доделени да служат во својата земја. Другите прифаќаат доделби во други земји.

МИСИОНЕРСКА СЛУЖБА

Квалификувани пионери што се во добра здравствена состојба се обучуваат да служат во други земји. Мисионерите навистина водат еден возбудлив и исполнет живот.

[Рамка/слика на страница 24]

ШТО ЌЕ СТОРАМ СО СВОЈОТ ЖИВОТ?

Оваа емисија, во продукција на Јеховините сведоци, се состои од интервјуа со млади од Бразил, Британија, Германија и Соединетите Држави, во кои тие отворено кажуваат како размислуваат. Наскоро ќе биде достапна на повеќе јазици.

[Слика на страница 23]

„Сѐ зависи од твоите цели“ (Мајкл, член на едно бетелско семејство)

[Слика на страница 24]

„Тоа е најдобрата одлука што можев да ја донесам во животот“ (Кели, пионер веќе 6 години)

[Слика на страница 25]

„Побарај совет од оние што се добри примери“ (Роберто, член на едно бетелско семејство)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели