ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 27
  • Зошто не славам Ноќ на вештерките

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто не славам Ноќ на вештерките
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Кое е потеклото на Ноќта на вештерките?
    Одговор на библиски прашања
  • Вистината за Ноќта на вештерките
    Разбудете се! 2013
  • „Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“
    Разбудете се! 2005
  • Заземањето цврст став на училиште е наградено
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 27

Зошто не славам Ноќ на вештерките

ЛАНИ, додека неговите соседи биле зафатени со подготовките околу Ноќта на вештерките — во некои земји ова е популарен празник со многу спиритистички примеси — на 14-годишниот Мајкл од Канада му се вртело нешто друго во главата. Во еден состав за на училиште, Мајкл го напишал следново:

‚Утре е Ноќ на вештерките. Кога ќе погледнам низ прозорецот, гледам дека дворовите на соседите се украсени со надгробни плочи и со скелети, а на прозорците им светат фенери од тиква.a Родителите им ги поправаат костумите на своите деца; децата сонуваат за тоа колку бонбони ќе соберат утре.

Моето семејство е поинакво. Во нашиот двор нема никакви украси, а на прозорците нема фенери. Луѓето ме прашуваат зошто не славам Ноќ на вештерките. Јеховините сведоци не го слават овој празник главно поради неговото потекло.b

Интересно, но јас го сакам времето околу Ноќта на вештерките. „Зошто?“, можеби ќе прашате. Затоа што ме тера да размислувам. Ме тера да размислувам за причината зошто сум одлучил да не правам одредени работи. Секој мора сам да си одговори на прашањето дали потеклото на некој обичај е важно. Јас мислам дека е важно. На пример, повеќето луѓе би се вознемириле ако нивните соседи се облечат како нацисти. Зошто? Поради потеклото на нацистичките униформи и она што тие го претставуваат — работи што за повеќето луѓе се навредливи. За мене се навредливи работите што ги застапуваат Ѓаволот, злите духови и вештерките, и не сакам да имам ништо со нив. Добро е да размислиме за одлуките што ги донесуваме и за причините за нив, и да донесуваме одлуки што се темелат на начела, а не на она што е популарно. Ете, затоа го сакам ова време од годината. Горд сум што сум поинаков и што цврсто се држам за она во што верувам‘.

[Фусноти]

a Овој фенер е, всушност, тиква која внатре е издлабена и на која има направено отвори за да изгледа како лице, со нос, со уста и со очи. Внатре се става свеќа или некоја друга светилка.

b Повеќе информации може да се најдат во српското издание на Разбудете се! од 8 октомври 2001 година, страници 5-10.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели