ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/06 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сѐ повеќе стогодишници
  • Откриен е мистериозниот убиец
  • Роботи — џокеи на камили
  • Семе ’рти по 2.000 години
  • Опушти се на Вануату
    Разбудете се! 2007
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Разбудете се! 2006
g 12/06 стр. 29

Поглед во светот

◼ „Речиси половина од сите брачни двојки признаваат дека прават ‚финансиско неверство‘ — го лажат својот брачен другар за тоа колку пари трошат“ (THE WALL STREET JOURNAL, САД).

◼ „Застрашувачки 84 отсто од почвата во Грција се во опасност да станат пустина, а други 8 отсто веќе се неплодни“ (KATHIMERINI [АНГЛИСКО ИЗДАНИЕ], ГРЦИЈА).

◼ Селото Латају, на островот Тегуа, во Вануату (Океанија), можеби е првото село што е напуштено — или поточно речено, преселено на друго место — поради промените во климата. Во тоа село, домовите постојано беа „поплавувани од бури и разбеснети бранови“ (VANUATU NEWS, ВАНУАТУ).

Сѐ повеќе стогодишници

Во последно време веќе не е чудно некој да дочека 100 години, се вели во списанието New Scientist. Во целиот свет, сега има околу 200.000 лица што имаат над 100 години. Освен тоа, според истото ова списание, 66 од нив имаат 110 или повеќе години, поради што се наречени суперстогодишници. Списанието признава дека понекогаш е тешко да се потврди точноста на нечие тврдење во врска со годините, но „тоа што нема сигурни записи исто така значи и дека точниот број на суперстогодишниците што се живи денес може да е дури и 450“.

Откриен е мистериозниот убиец

„Примероците на ДНК што беа земени од забите најдени во една древна атинска гробница помогнаа да се открие“ еден древен убиец, вели канадското списание Maclean’s. Во својата книга Историја на пелопонеските војни, грчкиот писател Тукидид спомнува една чума која ја покосила Атина околу 430 година пр.н.е., поради што противничкиот град Спарта стекнал предност во војната помеѓу двата града. Описот на болеста што го дава Тукидид не е доволно конкретен за да се дознае за која болест се работи. Но, анализата на забната срцевина, во која може да се зачуваат патогените микроорганизми со векови, наводно сега им овозможи на истражувачите да откријат дека мистериозниот убиец е тифусната треска.

Роботи — џокеи на камили

Трките со камили, кои се многу популарни во земјите од Персискиот Залив, се најдоа на удар кога некои групи за човекови права го критикуваа тоа што за тие трки како џокеи се користеа деца. Сепак, стручњаците велат дека, за камилите да постигнат најдобри резултати, џокеите не треба да бидат потешки од 27 килограми, со што за таа улога автоматски отпаѓаат дури и тинејџерите. Какво решение било изнајдено? Џокеи роботи. Швајцарските конструктори изработиле 27 килограми тежок робот на далечинско управување, кој може да се стави во специјално седло за камила. За да не се уплаши камилата, роботот личи на човек и има човечки глас. Исто така, може да се навалува, да држи рамнотежа, да користи камшик и да управува со животното. Сопствениците на камили се многу заинтересирани за овие роботи.

Семе ’рти по 2.000 години

Древните јудејски урмини палми, кои биле многу ценети по својата убавина, сенка и лековити својства, биле уништени од крстоносците во средниот век. Но сега, „израелските доктори и научници успеаја да из’ртат едно семе од урма старо речиси 2.000 години“, известува весникот The New York Times. „Семето, кое го доби прекарот Метузалем, беше земено од ископините во Масада“, тврдината што Римјаните ја освоиле во 73 година од н.е. Д-р Илејн Соловеј, стручњак за земјоделие во сушни услови, која го из’рти семето, вели дека ќе треба да поминат долги години пред младото растение да даде плод и дека тоа ќе се случи само доколку е женско. „Ако е машко“, вели таа, „тоа ќе биде само една интересна атракција.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели