ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/07 стр. 15-17
  • Опушти се на Вануату

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Опушти се на Вануату
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Човекојадци и „карго-култови“
  • Разноликост од култури
  • Живот во рај
  • Заборавените робови од Јужните Мориња
    Разбудете се! 2009
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2006
  • Јеховиното име на Пацификот
    Разбудете се! 2004
  • Фарските Острови и нивните тунели
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 9/07 стр. 15-17

Опушти се на Вануату

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА

Под стрес си? Ти треба одмор? Замисли си дека се излежуваш на плажите на еден тропски остров што го галат сончевите зраци. Замисли си како пливаш во тиркизните морски води, како шеташ низ бујните прашуми или како се дружиш со луѓето од необичните староседелски племиња. Зарем некаде во светот сѐ уште има таков рај? О, да! Може да се најде на далечните острови Вануату.

АРХИПЕЛАГОТ Вануату се наоѓа отприлика на полпат меѓу Австралија и Фиџи. Овие осумдесетина островчиња се сместени во југозападниот дел на Тихиот Океан и се распоредени во облик на буквата „У“. Според геолозите, големите тектонски плочи на Земјината кора се судриле на ова место и образувале високи планини од кои повеќето лежат под вода. Врвовите на највисоките од нив се издигаат над морската површина и ги образуваат ридестите острови Вануату. Денес, поради геолошките движења и триења, на овие острови има голем број мали земјотреси и девет активни вулкани. Смелите туристи можат дури и одблизу да ја набљудуваат растопената лава.

Овие острови се прекриени со бујни прашуми. Во нив растат величествените банјанови дрвја, чии разлистени крошни се надвиснуваат над големи пространства. Преку 150 видови орхидеи и 250 видови папрат ги красат густите честаци. Прекрасни плажи и назабени карпи ги заградуваат кристално чистите морски води во кои врие од разнобојни риби и корали. Екотуристи од целиот свет доаѓаат на островот Епи за да пливаат заедно со кротките, разиграни дуганзи.a

Човекојадци и „карго-култови“

Европските истражувачи за првпат дошле на Вануату во 1606 год.b Островите биле населени со сурови племиња, претежно човекојадци. Во тоа време, на овие острови имало големи шуми со мирисливото сандалово дрво, кое било многу ценето во Азија. Европските трговци намирисале добра заработувачка, па почнале плански да ги сечат дрвјата. Но, потоа се свртеле кон трговијата со робови.

Преку трговијата со робови, островјаните биле носени да работат на плантажите со шеќерна трска и памук на Самоа, на Фиџи и во Австралија. Навидум, работниците потпишувале дека доброволно прифаќаат да работат на плантажите три години. Но, во пракса, повеќето од нив, всушност, биле киднапирани. Кога трговијата била во цут, кон крајот на 19 век, секој втор маж од некои острови на Вануату работел во други земји. Повеќето од нив никогаш не се вратиле. Само во Австралија, од болести умреле речиси 10.000 луѓе доведени од островите во Тихот Океан.

Болестите што ги донеле Европејците го покосиле и населението на островите Вануату, кое не било отпорно на мали и големи сипаници, колера и други болести. Во една книга се вели дека „една обична настинка можела да збрише цели села“.

Мисионери од христијанските цркви за првпат пристигнале на Вануату во 1839 год., токму навреме за вечера — на која тие биле главното јадење! Истата кобна судбина ги снашла и многуте други мисионери што дошле по нив. Но, со текот на времето, протестантските и католичките цркви цврсто се втемелиле на овие острови. Денес, над 80 отсто од жителите на Вануату тврдат дека припаѓаат на некоја црква. Сепак, писателот Пол Рафаеле вели дека „многу жители сѐ уште длабоко ги почитуваат селските врачеви, кои во магични обреди користат камења опседнати од духови за да привлечат нов љубовник, да згојат некоја свиња или за да убијат некој непријател“.

На Вануату опстојува и еден од највкоренетите „карго-култови“ во светот. За време на II светска војна, овде застанале 500.000 американски војници кои биле на пат кон фронтовите во Тихиот Океан. Островјаните биле восхитени од големото богатство, или „карго“ (товар), што војниците го донеле со себе. Кога војната завршила, Американците едноставно се спакувале и си заминале. Опрема и резерви вредни милиони долари завршиле во морето. Верските групи, наречени и „карго-култови“ изградиле пристаништа и привремени авионски писти и организирале воени вежби со лажно оружје за да ги натераат војниците пак да се вратат. И денес стотици селани од островот Тана сѐ уште му се молат на Џон Фрум — „американски месија кој никој никогаш не го видел“, за кого тврдат дека еден ден ќе се врати и ќе им донесе богат „карго“.

Разноликост од култури

Во оваа островска земја се зборуваат неверојатно многу јазици и постојат најразлични култури. Во еден туристички водич пишува: „Процентуално гледано, според бројот на населението, на Вануату се зборуваат најмногу јазици во светот“. Овде се зборуваат најмалку 105 јазици и многу дијалекти. Службени јазици се бислама — тамошниот лингва франка — англиски и француски.

Но, една работа е заедничка за сите острови: обредите се присутни во секој аспект од животот. Еден древен ритуал за плодност што се изведува на островот Пентекост дури и го предизвика низ целиот свет лудилото наречено „банџи џампинг“. Секоја година, на крајот од бербата на слаткиот компир, мажи и момчиња скокаат од дрвени кули високи од 20 до 30 метри. Животот буквално им виси на конец — врзани се на глуждот со долги лијани. Целта е да ја допрат земјата со главата, зашто се надеваат дека така ќе ја „оплодат“ за догодина.

Некои села на островот Малекула сѐ до неодамна немаа никаков контакт со надворешниот свет. На овој остров живеат племињата Големи Намби и Мали Намби, кои порано биле свирепи човекојадци. Се вели дека нивниот последен човечки оброк бил во 1974 год. Тие имале и обичај на машките бебиња да им ги завиткуваат и да им ги стегаат главите за да имаат „убав“ издолжен череп. Но и со овој обичај одамна расчистиле. Денес Намбите се многу дружељубиви и со задоволство им го објаснуваат своето културно наследство на туристите.

Живот во рај

Повеќето туристи доаѓаат на Вануату за да здивнат од секојдневието. Но, Јеховините сведоци дошле на овие острови пред околу 70 години за да им помогнат на луѓето да го запознаат Бог. Напорите на Сведоците вродија плод на овој далечен ‚крај на земјата‘ (Дела 1:8). (Види ја рамката „Од зависник од кава до христијанин“.) Во 2006 год., петте собранија на Сведоците во оваа земја потрошија над 80.000 часови кажувајќи им на луѓето за рајот на Земјата што е ветен во Библијата (Исаија 65:17-25). Во тој рај ќе нема ни трага од притисоците и грижите што нѐ мачат денес! (Откровение 21:4).

[Фусноти]

a Дуганзите се тревопасни морски цицачи што можат да пораснат преку 3 метри и да тежат преку 400 килограми.

b Пред да добие независност во 1980 год., архипелагот Вануату бил наречен Нови Хебриди.

[Рамка/слика на страница 17]

СРЕЌНИ ОСТРОВИ

Во 2006 год., Вануату се искачи на врвот на листата на Happy Planet Index што ја изготви британскиот истражувачки центар New Economics Foundation. Беа оценети 178 земји според тоа колку среќно и долговечно е нивното население и колку влијае врз природната средина. Во весникот Vanuatu Daily Post пишуваше: „[Вануату] се најде на врвот затоа што неговите жители се среќни, живеат околу 70 години и речиси воопшто не ја оштетуваат планетата“.

[Слика]

Народна носија

[Извор на слика]

© Kirklandphotos.com

[Рамка/слика на страница 17]

ОД ЗАВИСНИК ОД КАВА ДО ХРИСТИЈАНИН

Вили, од островот Пентекост, уште од мал пиел многу кава. Овој пијалак, кој е јак седатив, се добива со варење на столчени корења од еден вид биберова грмушка. Секоја вечер пијан се довлечкувал дома од барот каде што пиел кава. Долговите му се трупале. Честопати бил насилен и ја тепал жена си Ајда. Но тогаш, еден негов колега, кој е Јеховин сведок, го поттикнал да ја проучува Библијата. Вили се согласил. Отпрвин Ајда се противела на тоа. Но, кога видела дека маж ѝ се подобрува, го сменила мислењето, па и таа почнала да проучува. И двајцата добро напредувале духовно. Со текот на времето, Вили успеал да расчисти со пороците. Тој и Ајда се крстиле како Јеховини сведоци во 1999 година.

[Карта на страница 15]

(Види во публикацијата)

НОВ ЗЕЛАНД

АВСТРАЛИЈА

ТИХИ ОКЕАН

ФИЏИ

[Слика на страница 16]

Опасните скокови се изведуваат при еден ритуал за плодност

[Извор на слика]

© Kirklandphotos.com

[Извор на слика на страница 15]

© Kirklandphotos.com

[Извор на слика на страница 15]

© Kirklandphotos.com

[Извор на слика на страница 16]

© Kirklandphotos.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели