ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 16-17
  • Фарските Острови и нивните тунели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Фарските Острови и нивните тунели
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Првите жители
  • Поврзани со тунели
  • Една поинаква врска
  • Пловните острови од езерото Титикака
    Разбудете се! 1994
  • Острови во изградба
    Разбудете се! 1998
  • Битката за тунелот
    Разбудете се! 1994
  • Најдолгиот патнички тунел на светот
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 16-17

Фарските Острови и нивните тунели

ФАРСКИТЕ ОСТРОВИ се мал архипелаг од 18 острови заплискувани од немирните води на Атлантскиот Океан. Неговите жители зборуваат на фарски јазик. Стрмните карпести планини на овие прекрасни острови нагло се спуштаат во морето. Крајбрежните села ги красат куќи во најразлични бои. На лето, ридовите обраснати со трева се зеленеат со невиден сјај.

Денес 48-те илјади жители на островите функционираат како една заедница, но тоа не беше отсекогаш лесно. За пренос на патници и стока од остров на остров се користеа чамци. Меѓу селата мораше да се патува пеш, и тоа по стрмни планини и низ длабоки клисури. Да се изгради куќа во време кога сите материјали мораше да се донесат со чамец беше застрашувачки потфат. Најпрво, од едно мало природно пристаниште на брегот мораа да се донесат сите материјали до селото, па дури тогаш да се почне со изградбата.

Првите жители

Најраните записи за Фарските Острови датираат од околу 825 год. од н.е., а потекнуваат од еден ирски монах. Тој раскажува дека повеќе од сто години пред него, на островот имало некои ирски монаси кои живееле во изолација. Меѓутоа, населувањето на островите започнало во првата половина од 9 век, со доаѓањето на Гримур Камбан од Норвешка.

Овие доселеници се занимавале со риболов и овчарство. На фарски јазик, називот Føroyar (Фарски Острови) значи „овчи острови“, а овчарството и понатаму е важно занимање на островјаните. Волната се користи како заштита од ветер, дожд и студ. Всушност, порано за неа се велело дека е ‚злато на Фарците‘.

Дури и денес, на островите има повеќе овци отколку луѓе. Овците се колат на традиционален начин, а месото се суши закачено во шупи низ кои ветрот може слободно да струи. Ова му дава посебен вкус и го прави врвен деликатес.

Како што е вообичаено за секоја мала и изолирана заедница, жителите на овие острови, чиј опстанок зависи од меѓусебната соработка, се многу сложни и блиски едни со други. Ваквата блискост стана уште поголема со воведувањето на современите средства за превоз и комуникација кои го олеснија контактот меѓу островјаните.

Поврзани со тунели

Првиот тунел на Фарските Острови беше отворен во 1963 год. Овој тунел е пробиен низ една планина на најјужниот остров, Судурој, и поврзува две села. За да се постигне тоа, требаше многу да се копа, а се користеа и дупчалки и динамит. Се работеше од двете страни на планината истовремено.

Еден тунел кој беше довршен неодамна се спушта околу 150 метри под морето и поврзува два поголеми острова. За да се пробие карпата, се користеше дупчалка долга 5 метри. Со неа прво се правеше отвор во кој се поставуваше динамит. Парчињата што ќе се откршеа при експлозијата се вадеа надвор, и на тој начин се отвораше дупка долга 5 метри. Постапката се повторуваше сѐ додека не настана тунел од над 6 километри, кој беше отворен за сообраќај на 29 април 2006 год.

Моментално, на Фарските Острови има 18 тунели. Два од нив минуваат под морето и поврзуваат острови. Ниедна друга држава во светот нема подолга мрежа од тунели во однос на бројот на жители. И покрај тоа, во план е изградба на нови тунели. Парламентот донесе одлука да се изградат уште два тунела меѓу поголемите острови. Еден од нив, кој треба да биде довршен во 2012 год., ќе биде долг околу 12 километри — еден од најдолгите подводни тунели во светот.

Една поинаква врска

На Фарските Острови живеат една група луѓе, Јеховините сведоци, кои се поврзани на друг начин — преку љубовта кон Бог. Првите Сведоци што ги посетија островите во 1935 год. беа две жени од Данска кои цело лето одеа од куќа до куќа за да им ја пренесат на луѓето библиската порака за Божјето Царство. Со текот на времето, некои островјани ја прифатија оваа охрабрувачка порака и почнаа и самите да проповедаат (Матеј 24:14).

Денес, има околу сто Сведоци кои се собираат на своите состаноци во четири Сали на Царството на островите. Тие ревносно ја извршуваат својата служба, а тоа многу им го олеснуваат убавите патишта и тунели кои ги поврзуваат овие прекрасни острови во немирниот Северен Атлантик.

[Слика на страница 17]

Овој тунел се спушта околу 150 метри под морето и поврзува два поголеми острова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели