ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/10 стр. 15
  • Пловните острови од езерото Титикака

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пловните острови од езерото Титикака
  • Разбудете се! 1994
  • Сличен материјал
  • Богатствата на најголемото езеро во Средна Америка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Бајкал — најголемото езеро во светот
    Разбудете се! 2007
  • Фарските Острови и нивните тунели
    Разбудете се! 2010
  • Што е огненото езеро?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/10 стр. 15

Пловните острови од езерото Титикака

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ОД ПЕРУ

ОСТРОВИ што пловат? Да, островите на ова единствено езеро во Јужна Америка пловат. А луѓето живеат на нив.

Езерото Титикака, кое граничи со Перу на запад и со Боливија на исток, е највисокото езеро во светот по кое можат да пловат големи бродови. Лежи на надморска висина од 3.810 метри и се протега 190 километри во правец северозапад — југоисток, а на најширокото место има пречник од 80 километри.

Некои од многуте пловни острови на езерото Титикака се простирки од исушена „тотора“, папирус сличен на трска која расте во некои поплитки предели од езерото. Трските растат од дното на езерото, минуваат низ многу метри вода, а потоа продолжуваат повеќе метри над површината на водата. За да се направи остров, трските, додека сѐ уште се вкоренети во дното на езерото, се превиткуваат и се преплетуваат во една сламена платформа, или под кој почива на површината на водата. Трските потоа се полнат со кал и се зацврстуваат со додатни парчиња од трски. Жителите живеат во колиби од трска изградени на пловните острови од трска.

The Encyclopædia Britannica забележува дека луѓето веќе долго време живеат на овие острови. Таа исто така наведува: „Жителите на езерото ги прават своите прочуени балси — бродови направени од поврзани снопови исушена трска, кои личат на папирусните пловни објекти во вид на месечина, кои се насликани на староегипетските споменици“.

Неодамна, Јеховините сведоци набавија брод за да им проповедаат на луѓето на островите од езерото Титикака. Бродот се движи со помош на вонбродски мотор и може да носи 16 луѓе. Кога Сведоците одат од живеалиште до живеалиште на овие острови од трска, велат дека површината под нозете по малку се ниша. За среќа, пораката за Божјето Царство сега ги достигнува дури и луѓето на овие далечни острови кои пловат!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели