ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/07 стр. 10-11
  • Свет без болести!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свет без болести!
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Секој сака да е здрав!
    Разбудете се! 2007
  • Здравје
    Разбудете се! 2013
  • Наскоро повеќе нема да има ни болести ни смрт!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Кога е болен некој член на семејството
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 1/07 стр. 10-11

Свет без болести!

МНОГУ луѓе се надеваат дека ќе најдат олеснување од болестите и од болката дури откако ќе умрат и ќе отидат на „другиот свет“. Меѓутоа, спротивно на ова верување, Библијата нуди една сосем поинаква надеж за луѓето во целина — живот во рај на Земјата (Псалм 37:11; 115:16). Ова ветување за иднината вклучува совршено здравје, среќа и вечен живот.

Зошто се разболуваме и умираме? И како ќе се исполни ветувањето за еден свет без болести? Библијата дава одговор на овие прашања.

◼ Вистинската причина за болестите Адам и Ева, нашите први родители, имале совршено здрави тела (1. Мојсеева 1:31; 5. Мојсеева 32:4). Тие биле создадени да живеат на Земјата засекогаш. Дури откако намерно се побуниле против Бог, нивните тела станале подложни на болести (1. Мојсеева 3:17-19). Кога ја отфрлиле Божјата власт, тие ги прекинале врските со својот Творец, Изворот на нивниот совршен живот. Станале несовршени. Како резултат на тоа, се разболеле и умреле, токму како што ги предупредил Бог (1. Мојсеева 2:16, 17; 5:5).

Откако се побуниле против Бог, Адам и Ева можеле да им пренесат на своите деца само несовршенство (Римјаните 5:12). Како што беше спомнато во претходната статија, денес научниците се свесни дека постојат некои наследни нарушувања што се причина за болест и за смрт. По едно опширно истражување, неодамна една група научници дошле до следниов заклучок: „Неизбежна биолошка реалност е дека, штом еднаш ќе се вклучи машината на животот, телото го започнува процесот на самоуништување“.

◼ Нема да ги отстрани човекот Науката отишла далеку во борбата против болестите. Но, причината за болестите е толку сложена што научниците не можат да најдат целосно решение за нив. Ова воопшто не ги изненадува оние што ја проучуваат Библијата. Ним им се добро познати следниве зборови кои биле вдахновени од Бог: „Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение!“ (Псалм 146:3).

Сепак, како што стои во Библијата, „она што не е можно за луѓето, можно е за Бог“ (Лука 18:27). Јехова Бог може да ја отстрани причината за болестите. Тој ќе ги излекува сите наши болести (Псалм 103:3). Вдахновената Реч ветува: „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

◼ Што треба да сториш ти Исус Христос јасно покажал што мора да правиме ние ако сакаме во иднина да живееме во тој свет без болести. Тој рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Можеме да го запознаеме Бог и учењата на неговиот Син, Исус, ако ја читаме Библијата. Таа содржи практични совети што можат да го подобрат твојот живот уште денес. Но, што е уште поважно, Бог ветува дека оние што послушно му служат ќе можат да живеат во свет без болка. Да, Бог ти нуди иднина во која „никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

[Рамка/слики на страница 11]

Урамнотежено гледиште за здравјето

Библијата нѐ поттикнува да го цениме животот. Јеховините сведоци покажуваат дека го ценат со тоа што водат сметка за своето здравје. Тие не си наштетуваат себеси така што не земаат дрога и не пушат. Бог очекува од своите слуги да бидат умерени и во јадењето и пиењето (Изреки 23:20; Тит 2:2, 3). Ако внимаваме на овие работи и ако доволно се одмораме и вежбаме, ќе може да спречиме, или барем да одложиме многу од физичките болести. А на оние што се болни, можеби им е потребна помош од добри лекари.

Библијата нѐ поттикнува да бидеме разумни и „да живееме разборито“ (Тит 2:12; Филипјаните 4:5). Многумина денес не се урамнотежени и стануваат опсесивни со својата потрага по лек до тој степен што ја занемаруваат својата вера и пријателството со Бог. Некои се одлучуваат на сомнителни терапии што можат да им наштетат. Други трошат пари и време на третмани и на лекови што не се делотворни, а можат да бидат и штетни.

Факт е дека, сега за сега, никој не може да биде совршено здрав. Додека го чекаш времето кога повеќе нема да има болести, мудроста и разумноста од Библијата можат да ти помогнат да останеш урамнотежен додека се трудиш да останеш здрав.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели