Наскоро повеќе нема да има ни болести ни смрт!
НИКОЈ не ужива во тоа да биде болен, и никој од луѓето не сака да умре. Еден професор по медицинска социологија изјавил: ”Изгледа дека трагањето по подолг живот низ историјата и за повеќето општества е скоро универзална. Тоа е поврзано со основниот нагон за самоодржување (...) Понс де Леон е само најпознатиот од долгата редица луѓе кои животот го поминале во потрага по подолг живот. Медицинската наука воглавно е посветена на одржувањето на подолг живот преку борбата против болеста и смртта.“
Смртта ѝ нанесува толкава повреда на нашата внатрешна природа што во случајот кога ги соборува нашите пријатели и членови на семејството, речиси природно се обидуваме да го ублажиме нејзиното влијание. Во книгата Funeral Customs the World Over (Погребните обичаи ширум светот) стои: ”Не постои ниедна група, сеедно дали е крајно примитивна или крајно цивилизирана, која сама по себе и во рамките на своите можности не ги отстранува телата на своите членови со некоја церемонија (...) Со тоа се задоволуваат длабоките универзални нагони. Да се спроведува тоа се чини дека е ’исправно‘, а ако не се прави, особено за оние кои биле тесно поврзани со семејството, со чувствата, заедничкото живеење, заедничките доживувања или некои други врски, се чини дека е ’неисправно‘, неприроден пропуст, нешто за кое човек треба да се извини или од кое треба да се срами (...) [Човекот] е суштество кое своите мртви ги закопува со церемонија.“
Потеклото на болеста и смртта
Помислата дека болестите и смртта еден ден ќе бидат отстранети делува многу привлечно, но дали постои некаква основа за таквото верување? Навистина постои, и тоа е основа која е и разумна и доверлива и непогрешива. Тоа е инспирираната Реч на нашиот Творец — Библијата.
Оваа книга јасно го објаснува потеклото на човечката неволја. Таа ни кажува дека првиот човек, Адам, бил создаден од Бог и дека бил поставен во рајската градина сместена некаде на Средниот Исток. Адам бил совршено создаден; болеста и смртта му биле непознати. Наскоро му се придружила и еднакво совршена жена, и заедно му се радувале на изгледот за вечен живот на Земјата (1. Мојсеева 2:15-17, 21-24).
Оваа идилична состојба не траела долго. Зошто? Затоа што Адам себично избрал начин на живеење независен од Бог. Последиците биле тешка работа, болка, болести, и конечно смрт (1. Мојсеева 3:17-19). Неговото потомство го наследило несреќниот начин на живот што го избрал Адам. Во Римјаните 5:12 се објаснува: ”Според тоа, како што преку еден човек влезе гревот во светот а преку гревот смрт, така смртта прејде на сите луѓе бидејќи сите згрешија“ (Стварност). Во Римјаните 8:22 се додава: ”Ние знаеме дека сето творештво непрестајно заедно воздивнува и е во болка сѐ досега“ (The New World Translation of the Holy Scriptures).
На Земјата или на небото?
И покрај тоа, Библијата ни гарантира дека Бог наскоро послушното човештво повторно ќе го постави во среќната состојба која Адам и Ева ја изгубиле. Во Откровение 21:3, 4 стои: ”Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“ Еден пророк од старо време на сличен начин го предвидел времето кога ”ниеден од жителите нема да каже: ’болен сум‘“ (Книга пророк Исаија 33:24).
Дали можеш да си замислиш свет без болници, мртвачници и гробишта? Дали можеш да си замислиш живот кој тече од ден во ден, ослободен дури од страдања и смрт? Да, Божјето ветување ги допира чувствата длабоко во сите нас. Но, како можеме да бидеме сигурни дека овој прекрасен изглед е наменет за нашата планета Земја — а не за небото? Да го забележиме контекстот на претходно спомнатите библиски стихови. Првите стихови од 21. поглавје од Откровение зборуваат за ”ново небо и нова земја“. Јасно е укажано дека Бог ќе биде со човештвото и дека тие ќе бидат негов народ. Ветувањето од книгата на Исаија дека никој нема да биде болен се однесува на ’жителите на Земјата‘, на кои ќе им се ’прости беззаконието‘.
Значи, тие охрабрувачки ветувања се однесуваат на животот на Земјата! Тие исто така се во склад со молитвата која Исус ја упатил до својот Татко: ”да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10).
Зошто наскоро?
Јеховините сведоци им помогнале на милиони да сфатат дека тие ветувања ќе се исполнат во блиска иднина. Сепак, на која основа тие се толку сигурни во тоа? Врз основа на сеопфатните докази дека живееме во ’последните денови‘ од сегашниов систем, или уредување на Земјата (2. Тимотеј 3:1-5). Исусовите ученици барале знак по кој ќе се познае завршетокот на овој систем. Одговарајќи им, Исус во детали го претскажал развојот на светските настани од избивањето на Првата светска војна во 1914.a Потоа додал: ”Исто така и вие, кога ќе ги видите сите овие работи, знајте дека е близу пред вратата. Навистина ви велам дека оваа генерација никако нема да помине додека не се исполнат сите овие работи.“ Така некои од генерацијата која била во живот во 1914 година, ќе го доживее крајот на сегашниот свет (Матеј 24:33, 34).
Во тоа време Јехова Бог ќе го овласти својот Син, Исус Христос, да тргне и ги уништи сите причини за страдање и беда од површината на оваа прекрасна планета Земја. Библијата зборува за отстранувањето на злото во ”војната во оној голем ден на Бога Седржителот“, во Армагедон (Откровение 16:14, 16).
Голем број на богобојазлив луѓе ќе ги преживеат тие страшни настани и ќе го доживеат почетокот на мирољубивата влада на Христос Исус (Откровение 7:9, 14; 20:4). Иако ќе владее од небото, нејзините благодети ќе можат да ги уживаат сите оние кои живеат на Земјата — како оние кои ќе ја преживеат војната на Армагедон, така и милијардите кои после тоа ќе бидат подигнати од мртвите. Ветувањето од 1. Коринтјаните 15:25, 26 тогаш ќе стане реалност: ”Да, тој [Христос] треба да царува додека ’не ги положи своите непријатели под своите нозе‘. Непријателот кој ќе биде уништен последен е смртта“ (Ст).
Затоа можеме со уверување да извикаме: ”Наскоро повеќе нема да има ни болести ни смрт!“ Тоа не е само фантазија или празна желба. Тоа е сигурно ветување од Јехова Бог, ”Кој не лаже“ (Тит 1:2). Дали ти ќе веруваш во оваа надеж? Од неа можеш да имаш вечна корист!
[Фуснота]
a Натамошни докази дека човештвото живее во последните денови побарајте во 18. поглавје од книгата Ти можеш заувек да живиш у рају на Земљи, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.
[Слика на страница 7]
Болеста и смртта наскоро ќе бидат заменети со сјајно здравје и вечен живот