ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/07 стр. 18-19
  • Дали христијанството претрпело неуспех?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали христијанството претрпело неуспех?
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Искривен облик на христијанство
  • Што навистина поучувал Исус?
  • Вистинското христијанство денес
  • Кои се вистински христијани?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Што значи да си христијанин?
    Разбудете се! 2007
  • Како можеш да ја најдеш вистинската религија?
    Што бара Бог од нас?
  • Дали религијата некогаш ќе донесе мир?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 1/07 стр. 18-19

Гледиште на Библијата

Дали христијанството претрпело неуспех?

ОКОЛУ една третина од луѓето на Земјината топка тврдат дека се христијани. Но, се чини дека денес, повеќе од кога и да е порано, светот е растргнат од политички немири и насилство. Дали ова значи дека нешто му фали на христијанството за кое поучувал Исус? Или, пак, нешто фали во начинот на кој многу луѓе ги применуваат Христовите учења?

Во оваа статија ќе видиме за што, всушност, поучувал Христос, и каков пример им дал на своите следбеници. Освен тоа, ќе се осврнеме и на едно вообичаено гледиште што владее меѓу оние што се изјаснуваат како христијани, но кое, всушност, е спротивно на вистинското значење на христијанството.

Искривен облик на христијанство

Неколку стотина години по смртта на Христос, еден искривен облик на христијанството станал најприфатена религија во Римското Царство. Бидејќи членовите на оваа група, кои се изјаснувале како христијани, веќе не биле отфрлени од општеството, тие се нашле во средиштето на политичките и општествените збиднувања во римската држава. Црковните водачи како, на пример, Августин, ја прифатиле оваа промена на тој начин што почнале да ги поучуваат луѓето дека Божјето Царство, кое го очекувале, веќе дошло. Таквите водачи поучувале дека Бог ја остварува својата волја на Земјата со тоа што ним им дава политичка и верска моќ. На тој начин во преден план била ставена улогата што ја има човекот во управувањето со земните работи.

Како резултат на ова, мнозина дошле до заклучок дека христијанинот има важна улога во политичкиот живот на една држава. Повеќето сметаат дека, за успешно да си ја изврши таа улога, христијанинот треба одвреме-навреме во некои аспекти од своите верувања да се подложи на волјата на општеството во кое живее. На пример, многу луѓе на збор се согласуваат со Христовите учења за љубов и мир, но истовремено поддржуваат ужасни војни. Црквите можеби ги поттикнуваат своите следбеници да се молат да дојде Божјето Царство, но истовремено им даваат поддршка на сурови владетели.

Оваа имитација на вистинското христијанство не е религијата што ја основал Исус. Напротив, ваквата религија потекнува од човек и повеќето наводни христијани денес живеат според нејзините мерила. Овој облик на христијанство навистина претрпел неуспех, и ова денес може јасно да се види од раширеното непочитување на библиските начела насекаде во христијанскиот свет.

Што навистина поучувал Исус?

Некои можеби ќе се изненадат кога ќе слушнат дека Исус, всушност, рекол дека неговите следбеници не треба ‚да бидат дел од светот, исто како што и тој не бил дел од светот‘ (Јован 17:15, 16). Зошто Христос ги поттикнал своите ученици да имаат ваков став? Јован, апостолот што Исус многу го сакал, ни го дава одговорот на ова прашање. Тој напишал: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19).

Од таа причина, Христос не ги поучил луѓето да бараат спас во човечки организации, туку во Божјето небесно Царство кое ќе создаде еден праведен свет овде на Земјата (Матеј 6:10). Самиот Исус со ништо не покажал дека сака да биде дел од општествениот поредок што постоел во негово време. Тој веднаш одбил да има политичка функција (Јован 6:15). Освен тоа, не сакал да ги решава проблемите со насилство (Матеј 26:50-53; Јован 18:36). Зад себе не оставил ниту устав ниту збирка со граѓански закони. Исус не зазел никаков политички став во однос на збиднувањата во неговото време. На пример, не станал поборник за правата на робовите ниту, пак, се вклучил во борбата што Евреите ја воделе против Римјаните.

Сепак, ова не значи дека Исус не бил заинтересиран за луѓето и за нивните проблеми. Тој дал многу поуки во врска со одговорноста што секој поединец ја има кон својот ближен. Поттикнал чесно да се плаќаат даноците и нагласил дека треба да им бидеме подложни на оние што се на власт (Матеј 22:17-21). Поучувал како да покажеме жив интерес за доброто на оние што имаат потреба од помош. Поучувал и како да покажеме почит кон достоинството на другите и што значи да бидеме сочувствителни, милосрдни и спремни да простуваме (Матеј, поглавја 5-7). Секој човек знае дека љубовта кон Бог и кон ближниот е во сржта на Христовите учења (Марко 12:30, 31).

Вистинското христијанство денес

Тогаш, како треба да се однесува еден вистински следбеник на Христос? Тој ќе постапува како што постапувал Исус. Иако им е послушен на законите на земјата во која живее, ќе остане потполно неутрален во однос на политиката (Јован 12:47, 48). Нема да направи компромис кога станува збор за христијанските начела, дури и кога ќе му се врши силен притисок (1. Петрово 2:21-23). Истовремено, не може да биде само незаинтересиран набљудувач. Вистинскиот христијанин живо ќе се интересира за доброто на оние околу себе, исто како што било случај со Исус (Марко 6:34). Освен тоа, ќе се дава себеси за да им помогне на другите да водат посреќен живот и да ги разберат Христовите учења и да живеат во склад со нив (Јован 13:17).

Во согласност со сето ова, Јеховините сведоци денес се трудат да бидат како Христос во односите со светот што ги опкружува. Иако се мирољубиви граѓани кои не го кршат законот, тие не се дел од светот. Исто како Исус, одбиваат да учествуваат во насилството и во политичките пресметки кои денес се секојдневие. Цврсто се надеваат дека Божјето Царство ќе им донесе решение за проблемите со кои се соочува светот. Вистинското христијанство раѓа плод — посреќен живот и слога меѓу неговите членови (Јован 13:34, 35). Тоа во никој случај не претрпело неуспех.

ДАЛИ СИ СЕ ПРАШАЛ?

◼ Дали христијаните треба да се занимаваат со политика? (Јован 6:15).

◼ Дали Христос сметал дека споровите треба да се решаваат со насилство? (Матеј 26:50-53).

◼ По што се препознаваат вистинските христијани? (Јован 13:34, 35).

[Извор на слика на страница 18]

EL COMERCIO, Кито (Еквадор)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели