ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/07 стр. 10-12
  • Можеш да научиш друг јазик!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да научиш друг јазик!
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стрпливост, понизност и приспособливост
  • Периоди на стагнација
  • Како можат да помогнат другите
  • Дали сакате да научите странски јазик?
    Разбудете се! 2000
  • Зошто да научиш друг јазик?
    Младите прашуваат
  • Дали течно зборуваш на ‚чистиот јазик‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Да се служи во собрание на друг јазик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 3/07 стр. 10-12

Можеш да научиш друг јазик!

„Не би го менувал ова искуство за ништо на светот“, вели Мајк. Фелпс додава: „Тоа беше една од најдобрите одлуки во мојот живот“. Овие две изјави се однесуваат на една иста работа — и Мајк и Фелпс се нафатиле да научат друг јазик.

ВО МНОГУ земји во светот, сѐ повеќе луѓе учат нови јазици, и тоа од најразлични причини — од лични, од економски, а понекогаш и од религиозни. Разбудете се! интервјуираше неколкумина што учат странски јазик. Некои од прашањата што им ги постави беа: ,Какво е чувството да учиш нов јазик како возрасен човек и што помага да се научи друг јазик?‘ Материјалот што следи се темели на нивните одговори. Можеби ќе најдеш охрабрувачки и интересни работи, особено ако учиш нов јазик или размислуваш дали да учиш. На пример, размисли најпрво за некои важни особини што интервјуираните лица сметале дека се неопходни за да се совлада друг јазик.

Стрпливост, понизност и приспособливост

Иако малите деца лесно можат да научат два, па и повеќе јазици истовремено — и тоа честопати само така што се изложени на нив — на возрасните им е многу потешко да учат некој нов јазик. Една причина е тоа што мораат да бидат стрпливи бидејќи може да биде потребно многу време за да се научи новиот јазик. А со оглед на тоа што имаат многу обврски, ова честопати значи дека многу други работи ќе мора да чекаат.

„Неопходно е да си понизен“, вели Џорџ. „Кога не знаеш добро некој јазик, мора да си спремен да зборуваш како дете — а во некој поглед и да бидеш третиран така.“ Во книгата Како да научиш странски јазик (How to Learn a Foreign Language) се нагласува: „Ако навистина сакаш да напредуваш, мора да си спремен да се откажеш од сопствената самоважност и претерана загриженост за своето достоинство“. Затоа, немој премногу да се срамиш ако правиш грешки. „Ако никогаш не грешиш, тоа значи дека не зборуваш доволно“, вели Бен.

Не грижи се ако другите ти се смеат на грешките — напротив, смеј се со нив! Всушност, веројатно ќе дојде денот кога самиот ќе кажуваш смешки за тие грешки. И не плаши се да прашуваш. Подобро ќе ги запомниш работите ако разбереш зошто нешто се кажува вака или така.

Бидејќи учењето нов јазик честопати значи и запознавање со нова култура, добро е да си приспособлив, да имаш отворен ум. „Тоа што учев друг јазик ми помогна да сфатам дека работите може да се гледаат и да се прават и на друг начин, не само на еден“, вели Џули. „Не мора да значи дека твојот начин е подобар од другите, туку дека едноставно е различен.“ Џеј советува: „Потруди се да се спријателиш со лица што го зборуваат јазикот и уживај во нивното друштво“. Се разбира, христијаните мора да бидат сигурни дека таквите пријатели се добро друштво и дека користат изградувачки говор (1. Коринќаните 15:33; Ефешаните 5:3, 4). Џеј додава: „Кога ќе видат дека си заинтересиран за нив, за нивната храна, музика итн., природно ќе им станеш мил“.

Колку повеќе време учиш и, што е уште поважно, колку повеќе го зборуваш новиот јазик толку побрзо ќе напредуваш. „Јазикот се учи исто како што јаде едно пиле — зрнце по зрнце“, вели Џорџ. „Зрнцата сами по себе не се многу големи, но нивниот број постојано расте.“ Бил, кој научил неколку јазици додека служел како мисионер, вели: „Носев список со зборови каде и да појдев и погледнував во него секогаш кога ќе најдев некоја минутка“. Мнозина увиделе дека редовното учење во текот на пократки периоди е поделотворно отколку само одвреме-навреме да се одвојуваат подолги периоди за да се учи.

Денес се достапни најразлични средства што можат да им помогнат на оние што учат јазици, меѓу кои спаѓаат книги, касети или ЦД-а, картички со зборови и слики, и други работи. И покрај сите овие производи, мнозина увиделе дека најдобро можат да учат во организирани класови. Користи ги оние методи што тебе најмногу ти одговараат. Но, имај на ум дека нема некој скратен пат за брзо учење — мора самиот да вложиш напор и да истраеш. Сепак, има начини учењето да биде полесно и позабавно. Еден начин е во поголема мера да се изложиш на новиот јазик и на новата култура.

„Откако ќе научиш некои од основните работи за јазикот и ќе стекнеш еден мал фонд на зборови“, вели Џорџ, „идеално би било да поминеш некое време во земја каде што ќе бидеш опкружен со тој јазик.“ Барб го мисли истото: „Ако ја посетиш земјата во која се зборува тој јазик, ќе можеш да го почувствуваш вкусот на јазикот“. И што е најважно, кога си во таква околина, ќе можеш да почнеш да размислуваш на новиот јазик. Се разбира, повеќето луѓе не се во состојба да одат во друга земја. Но, можеби во твоето место има некоја можност да се изложиш повеќе на новиот јазик и култура. На пример, можеби има публикации или радио и ТВ-програми на јазикот што го учиш, кои се морално прифатливи и изградувачки. Побарај ги луѓето во твојата околина кои го зборуваат добро јазикот што го учиш, и зборувај со нив. „На крајот“, стои во книгата Како да научиш странски јазик, „ако сакаш да напредуваш, ќе мора да зборуваш.“a

Периоди на стагнација

Додека продолжуваш да го учиш јазикот, можеби одвреме-навреме ти се чини дека стагнираш — остануваш на исто ниво без да чувствуваш некаков напредок. Што можеш да сториш? Како прво, размисли зошто воопшто си почнал да го учиш јазикот. Многу Јеховини сведоци почнале да учат јазик за да им помогнат на другите да дознаат нешто повеќе за Библијата. Ако размислуваш за твоите први цели или намери, твојата решеност може да се зајакне.

Второ, биди разумен во своите очекувања. „Можеби никогаш нема да го зборуваш новиот јазик како да ти е мајчин јазик“, стои во книгата Како да научиш странски јазик. „Но, тоа не е целта. Ти само сакаш луѓето да можат да те разберат.“ Затоа, наместо да се жалиш што не го зборуваш странскиот јазик толку течно како мајчиниот, концентрирај се на тоа да комуницираш разбирливо, користејќи го она што веќе си го научил.

Трето, барај јасни показатели кои ќе ти помогнат да го мериш својот напредок. Учењето нов јазик е слично на растењето на тревата — не се забележува како таа расте, но од ден на ден станува сѐ повисока. Слично на ова, ако размислиш колку си знаел кога си почнал, без сомнение, ќе видиш дека си напредувал. Немој да го оценуваш својот напредок споредувајќи се со другите. Едно добро библиско начело е наведено во Галатите 6:4. Таму стои: „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“.

Четврто, гледај на ова учење како на долгорочна инвестиција. Размисли за следново: Колку добар говорник може да биде тригодишно или четиригодишно дете? Дали тоа користи високопарни зборови и сложена граматика? Се разбира дека не! Сепак тоа може да разговара со другите за основни работи. Всушност, дури и на детето му требаат неколку години за да го совлада јазикот.

Петто, користи го новиот јазик што е можно повеќе. „Се чинеше дека не одам напред тогаш кога не го зборував јазикот на редовна основа“, вели Бен. Затоа, зборувај го! Разговарај, разговарај, разговарај! Се разбира, обидот да се комуницира со речник на едно мало дете може да предизвика фрустрација. „Најтешко ми е што не можам да кажам што сакам тогаш кога сакам“, се жали Милеви. Но, самата таа фрустрација може да те поттикне да истраеш. „Не можев да поднесам да не ги разберам прикаските и шегите“, се сеќава Мајк. „Мислам дека тие чувства ме натераа да се трудам уште повеќе да ја пребродам таа фаза.“

Како можат да помогнат другите

Како можат оние што веќе го зборуваат јазикот да му помогнат на оној што учи? Бил, кој беше цитиран погоре, советува: „Зборувај полека и јасно, но не како да му зборуваш на бебе“. Џули вели: „Биди стрплив, не завршувај ги речениците наместо оној што учи“. Тони си спомнува: „Оние што зборуваа два јазика обично ми зборуваа на мојот јазик. Но, тоа само го забави мојот напредок“. Затоа, некои ги замолиле своите пријатели понекогаш да им зборуваат само на новиот јазик и да им посочат на кои конкретни работи да обрнат внимание. Оние што учат јазик, исто така, им се благодарни на другите што искрено ги пофалуваат. Џорџ вели: „Немаше да го научам јазикот без љубовта и поддршката од моите пријатели“.

Па, дали вреди да се научи друг јазик? „Секако!“ — одговара Бил кој, како што веќе спомнавме, зборува неколку јазици. „Тоа го прошири моето гледиште за животот и ми помогна да ги гледам работите од различни агли. Најмногу од сѐ, задоволството од тоа што можев да ја проучувам Библијата со луѓето што ги зборуваат тие јазици и да гледам како ги прифаќаат вистините од неа и духовно напредуваат е многу поголемо од трудот што требаше да го вложам за да ги научам тие јазици. Всушност, еден полиглот кој зборува 12 јазици еднаш ми рече: ‚Ти завидувам. Јас учам јазици само затоа што уживам во тоа, а ти ги учиш за навистина да им помагаш на луѓето‘“.

[Фуснота]

a Види го Разбудете се! од 8 април 2000, страници 12, 13.

[Истакната мисла на страница 11]

Желбата да им се помогне на другите е силен мотив да се научи странски јазик

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели