ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 62
  • Зошто да научиш друг јазик?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да научиш друг јазик?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да учиш друг јазик
  • Кои се предизвиците
  • Зошто трудот вреди
  • Можеш да научиш друг јазик!
    Разбудете се! 2007
  • Дали сакате да научите странски јазик?
    Разбудете се! 2000
  • Да се служи во собрание на друг јазик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Дали течно зборуваш на ‚чистиот јазик‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 62
Еден млад човек учи нови зборови

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто да научиш друг јазик?

Учењето странски јазик може да открие колкава самодисциплина имаш и колку си понизен. Дали вреди да се зафатиш со еден таков потфат? Многу млади мислат дека вреди! Во оваа статија ќе прочиташ зошто некои почнале да учат друг јазик.

  • Зошто да учиш друг јазик

  • Кои се предизвиците

  • Зошто трудот вреди

  • Што велат други млади

Зошто да учиш друг јазик

Многу млади учат странски јазик на училиште. Но, некои почнале да учат друг јазик на своја иницијатива. На пример:

  • Ана од Австралија одлучила да научи летонски, кој е мајчин јазик на нејзината мајка. „Како семејство планираме да одиме на посета во Летонија, и сакам да знам летонски за да можам да разговарам со моите роднини“, вели Ана.

  • Џина, Јеховин сведок од САД, научила американски знаковен јазик и се преселила во Белисе за да ја зголеми својата служба. Таа вели: „Светот на едно глуво лице може да се состои од само неколкумина со кои може да комуницира. Многу луѓе го ценат тоа што научив знаковен јазик за да им ја пренесам библиската порака на глувите лица“.

Дали си знаел? Во Библијата е претскажано дека добрата вест за Божјето Царство ќе им биде проповедана на луѓето од „секој народ и племе и јазик“ (Откровение 14:6). Додека се исполнува ова пророштво, голем број млади Јеховини сведоци научиле друг јазик за да им проповедаат на уште повеќе луѓе во нивната или во некоја друга земја.

Кои се предизвиците

Не е лесно да се научи друг јазик. Една тинејџерка по име Корина вели: „Мислев дека само треба да научам нови зборови, но не беше така. Сфатив дека треба да научам и нешто повеќе за таа култура и како размислуваат луѓето. Навистина е потребно време за да се научи друг јазик“.

Но, потребна е и понизност. Џејмс, кој научил шпански, вели: „Треба да научиш да се смееш на своите грешки бидејќи ќе ги има многу. Едноставно мора да поминеш низ тоа“.

Заклучок: Ако не се плашиш од неуспех — и од смешните грешки што понекогаш ќе ги правиш — има поголеми шанси да научиш друг јазик.

Совет: Не се разочарувај ако забележиш дека на некои им оди подобро отколку тебе. Библијата вели: „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (Галатите 6:4).

Зошто трудот вреди

Има многу користи од учењето нов јазик. На пример, една тинејџерка по име Оливија вели: „Кога учиш друг јазик ти се прошируваат гледиштата и стекнуваш нови пријатели“.

Мери, која исто така е на тинејџерска возраст, сфатила дека тоа што учи нов јазик ѝ ја зајакнува самодовербата. Таа вели: „Обично ми е тешко да ги ценам работите што ги правам, но откако почнав да учам друг јазик се радувам на секој нов збор што ќе го научам. Тоа ми помага да имам подобро мислење за себеси“.

Џина, која ја спомнавме погоре, чувствува поголема радост во службата откако почнала да ги поучува луѓето за Библијата на знаковен јазик. „Најголема награда ми е кога ќе видам како на луѓето им светнуваат очите од радост штом ќе почнам да им зборувам на нивниот јазик“, вели таа.

Заклучок: Учењето нов јазик може да ти помогне да стекнеш нови пријатели, да си ја зголемиш самодовербата и да имаш поголема радост во службата. Тоа е еден важен начин на кој можеме да им ја пренесеме добрата вест на луѓето „од сите народи и племиња и народности и јазици“ (Откровение 7:9).

Што велат други млади

Моника

„Да почнеш да учиш нов јазик со негативен став е исто како да возиш кола со дупната гума. Ако не ја смениш, нема далеку да стигнеш. Важно е да имаш позитивен став, дури и кога наидуваш на предизвици“ (Моника).

Итан

„Учењето нов јазик е како да откопуваш закопано богатство. Можеби ќе се мачиш со часови без никакви резултати, но колку повеќе ,копаш‘ толку поблизу си до целта. Ако не се откажеш, на крајот сигурно ќе го ,откопаш‘ богатството“ (Итан).

Џесика

„И покрај сета мака, најголемата награда е тоа што на крајот ќе можеш да комуницираш со луѓето на нивниот јазик. Тогаш сфаќаш дека навистина вредело што си вложил толку време и труд за да го научиш тој јазик!“ (Џесика).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели